Вести од граѓанските организации

Содржината на информациите презентирани во овој дел од веб странaта се единствена одговорност на грантистите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразуваат гледиштата на Цивика мобилитас, Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) или организациите што ја спроведуваат. Информациите се презентирани како што се пристигнати и печатните или други грешки во нив се одговорност на самите автори.

  • Манифест на Платформата за родова еднаквост

    Во рамките на Платформата за родова еднаквост под родова еднаквост ние подразбираме концепт, феминистички идеал, стремеж и сон за постојано (ре)обмислување и предизвикување на општествените системи на моќ, кон прераспределба на истата, како и прераспределба на ресурсите и знаењето, кон колективно ослободување, што подразбира слобода за мене, но и за другиот (другите), имајќи ги предвид околностите во кои се раѓаме и растеме, и конечно што подразбира животот на планетата земја да е воопшто можен.
    Ние како членки на Платформата за родова еднаквост дејствуваме во интерес на девојчињата, девојките, жените и родовите малцинства во сите нивни различности, особено оние кои што се најранливи на родовите препреки во општеството како што се: жените жртви на насилство, жените од руралните средини, жените работнички и жртви на експлоататорски услови за работа, жените со попречености, сексуалните работнички, трансродовите жени, лезбејките и бисексуалните жени, жените од сите етнички малцинства, како и бранителките на женски права.
    Родовата еднаквост го вклучува правото да се биде различен/а. Ова значи да се земат предвид постоечките разлики меѓу жените и мажите, кои се поврзани со полот, родовиот идентитет, класата, политичкото мислење, религија, етничка припадност, раса или сексуална ориентација.
    Како организации и активистки што се во постојана спрега со опресивните патријахални сили и опресијата, често пати таргетирани, изморени и обесхрабрени од ваквите малигни струи, се обврзуваме да создадеме средина во Платформата којашто е безбедна за нашите членки и да создаваме односи помеѓу нас коишто се базирани на почит, поддршка, солидарност, грижа и можност да учиме едни со други.
    Користејќи ја борбата за родова еднаквост како алатка, носителка на можноста за носење на позитивни промени и колективно ослободување од родовите стреотипи и предрасуди, ги застапуваме следните вредности:

    Феминизам – Наднационално, политичко и социјално движење за  општествена трансформација која цели да создаде свет во кој нема ограничувања врз основа на родот и родовиот идентитет.
    Инклузивност – Поттикнување на вклучување, соработка, доверба и почит преку нашите постапки како и спротивставување на дискриминацијата и исклучувањето во која било форма.
    Солидарност – взаемна поврзаност и взаемна одговорност преку укажување на поддршка, заедништво и разбирање во врска со борбата за родова еднаквост, против интерсекциската дискриминација.
    Интерсекционалност – во контекст на Платформата за родова еднаквост интерсекционалноста претставува принцип на праведност, солидарност и колективна одговорност кој препознава дека угнетувањето и привилегијата не се единечни, туку испреплетени искуства обликувани од повеќе идентитети—пол, род, раса, класна припадност, сексуалност, способност, попреченост, етничка припадност и други општествени фактори. Како вредност, интерсекционалноста бара критичко преиспитување на системите на моќ и создавање простори за оние кои историски биле потиснати. Таа го поставува фокусот врз колективното ослободување наместо индивидуалниот успех, гради сојузништва преку разлики и поттикнува трансформативни политики што овозможуваат еднаквост, правда и достоинствен живот за сите. Интерсекционалноста не е само аналитичка рамка, туку етичка заложба за свет без доминација, каде што се препознава и почитува комплексноста на сите борби и идентитети.
    Вмрежување – како политички чин на солидарност и заемна поддршка кој ги надминува традиционалните хиерархии на моќ.  Тоа претставува создавање простори на поврзаност, размена и колективна грижа што ја преиспитуваат доминацијата на патријархатот, капитализмот и структурната дискриминација. Вистинското вмрежување е радикален чин на градење сојузништва кои овозможуваат автономија, засилуваат маргинализирани гласови и поттикнуваат трансформативна промена за општество засновано на правда, еднаквост и ослободување.
    Заедничарење – распределување на ресурси, идеи и вештини со цел да се овозможат подобри услови и состојба на сите во заедницата, преку заедничко учество во нејзиното креирање. Заедничарењето може да биде креативен и инклузивен процес што го засилува чувството на припадност и соединување меѓу луѓето во заедницата.
    Емпатија – Слушање, разбирање, сочувствување и земање предвид на различните искуства, грижи и потреби и обезбедување соодветна реакција.
    Интегритет – Чесност, професионализам, одговорност и транспарентност со цел да се донесат промените потребни за постигнување правда.
    Телесна автономија – Мое тело – Мој избор! Речиси половина од жените во 57 држави во развој им се негира правото да одлучуваат дали да бараат здравствена заштита, дали да имаат сексуални односи со своите партнер(к)и или да користат контрацепција. Телесната автономија гарантира дека жените и девојчињата имаат контрола врз совите тела, и со тоа се охрабруваат да донесуваат автономно одлуки за себе. Тие добиваат не само во смисла на автономија, туку и преку напредок во здравството и образованието, приходите и безбедноста.
    Социјалната правда разбрана како тековната борба за разбивање на системското и економското угнетување при прераспределба на моќта, ресурсите и признавањето правично низ сите идентитети и искуства. Таа борба е вкоренета во интерсекционалноста, феминизмот и сексуалното ослободување, кое го предизвикува хетеро-патријархатот, надмоќ, капитализмот и сите форми на исклучување. Социјалната правда замислува свет каде автономијата, колективната грижа и радикалната солидарност ги заменуваат структурите на доминација, обезбедувајќи историски маргинализираните гласови да ја водат трансформацијата кон достоинство, еднаквост и слобода за сите.
    Анти-национализмот е целосно отфрлање на угнетувачките структури на доминација на националната држава, препознавајќи како национализмот ги зајакнува границите, милитаризмот, патријархатот и исклучувачките идентитети. Антинационализмот ги предизввикува начините на кои национализмот ги искористува полот, родот, етникумите, националниот идентитет, сексуалноста и класата за да ги поддржи хиерархиите на моќта. Тоа е посветеност на транснационална солидарност, колективно ослободување и свет надвор од насилството на државите и границите – свет каде што припадноста се дефинира со грижа, взаемна помош и правда, наместо со наметнати идентитети и исклучување.
    Недискриминација е основен правен и етички принцип кој гарантира еднаков третман и заштита од неправедно постапување врз основа на пол, род, етничка припадност, раса, релгија, сексуална ориентација, родов идентитет, попреченост, социоекономски статус и други основи. Недискриминацијата не се сведува само на формално еднакви можности, туку подразбира проактивни мерки за разрушување на структурната нееднаквост и елиминирање на историските и системските бариери што ги одржуваат маргинализираните заедници во подредена положба.

    ЦЕЛИ

    Усогласена, кохерентна и имплементирана легислатива и политика во функција на родовата еднаквост.
    Обезбедени доволни и соодветно распределени финансиски и други ресурси за имплементација на законите и политиките.
    Функционална, ефективна и ефикасна родова машинерија на национално и локално ниво.
    Развиен систем за застапување на родовата еднаквост пред органите на регионално, централно и локално ниво.
    Подигање на свеста во врска со постоечката стигматизација и маргинализација на жените и девјочињата во јавниот дискурс.
    Генерирана експертиза во функција на јакнење на внатрешните и надворешните капацитети, за унапредување на родовата еднаквост.
    Активни заложби за репродуктивно здравје и сексуална слобда преку Сеопфатно сексуално образование.
    И покрај специфичноста и различноста во нашата работа, се обврзуваме да ги заштитуваме правата на сите жени, без исклучувачки пристап. Ако секоја една од нас не е слободна, тогаш ниту една од нас не е слободна.
    Најсилно се противиме кон вклучување во активности на индивидуалци и групи, давање на нивен легитимитет, јавна поддршка, соработка или институционално преговарање коешто не е во бенефит на погоренаведните групи.
    Овој вредносен документ којшто претставува патоказ за нашата работа е од суштинско значење за тоа какви релации ќе градиме меѓу нас, но и како ќе ја позиционираме работата на Платформата пошироко во македонското општество. Било какво прекршување на некоја од горенаведените точки ќе резултира со исклучување на членки од Платформата.

  • Интергрин програмата за е-учење

    Date:
    25/02/2025

    Програмата за обука е прилагодена за општинските вработени ширум Европа. Тој е дизајниран да ги опреми поединците од различни сектори во општините со знаења и вештини потребни за ефективно да се поттикнат иницијативите за одржливост и зелена транзиција. Преку модулите, учесниците ќе ги истражуваат клучните концепти и практични стратегии за спроведување на одржливи практики во […]

    Програмата за обука е прилагодена за општинските вработени ширум Европа.Тој е дизајниран да ги опреми поединците од различни сектори во општините со знаења и вештини потребни за ефективно да се поттикнат иницијативите за одржливост и зелена транзиција.Преку модулите, учесниците ќе ги истражуваат клучните концепти и практични стратегии за спроведување на одржливи практики во нивните заедници. Електронското учење Интергри има за цел да го продлабочи разбирањето на принципите за одржливост и да ги подготви учесниците за активно вклучување во општинските зелени иницијативи.За да се приклучат на нашата програма за е-учење, учесниците треба да се логираат.Проектот е ко-финансиран од Европската Унија преку програмата Еразмус+, а Еко Логик ја имаше водечката улога во координацијата на неговата изработка.

    OTHER News Publications for adults

    Одржливиот развој започнува со едукација! Во рамките на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“ спроведуван од Центар за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија во партнерство со Еко Логик и Флорозон Центар за еколошка демократија, реализиравме интерактивна работилница со ученици од ООУ „Круме Кепески“ од Општина […]
    Read more

    Со голема радост и гордост ја објавуваме нашата нова соработка! Минатата недела, Eco Logic потпиша Меморандум за соработка со Biodiversity For Everybody, насочен кон заштита на животната средина, одржлив развој и едукација. Овој чекор претставува важен момент за нас и отвора нови можности за заеднички активности кои ќе придонесат за позитивни промени во заедницата. Зошто […]
    Read more

    Вчера го одбележавме Денот на Извидниците, ден исполнет со авантура, тимска работа и посветеност. Беше прекрасно да се собереме заедно, да ги споделиме искуствата и да го славиме духот на извидничките вредности, кои не водат кон личен развој и изградба на посилни заедници. Извидништвото не се состои само во активностите на отворено – тоа е […]
    Read more

    Во просториите на Mladi Hub, се одржа завршниот настан на проектот „Sustainability Coaches“, кој ги собра на едно место едукатори, ентузијасти и експерти посветени на унапредување на образованието за одржливост. Овој настан беше не само можност да ги споделиме резултатите од проектот, туку и да се инспирираме за идни иницијативи и соработки. Клучни моменти од […]
    Read more

    Играта Green Up се состои од две посебни игри: (1) Тврда верзија на играта, развиена за групна игра – лице в лице и, (2) Дигиталната игра, развиена како поедноставена верзија на физичката игра. Двете игри се составен дел од Интергрин програмата за јакнење на капацитетите на општините. Нивната улога е да го олеснат учење за вработените во различните сектори […]
    Read more

    “ACRID Network” is a private initiative, independent, non-partisan, non-political, international network, with strong focus, expertise and interest in Science, Innovations, Research and Development and have 4 sectors of members:  Concept and Purpose ACRID means Associated Candidate Countries Research, Innovation and Development Network. ACRID is a private professional network focusing to support and improve the R&D+I in the accession and negotiation process to EU by […]
    Read more

  • 📊 Активности за соработка со Државниот завод за статистика

    📣 Yesterday, together with the State Statistical Office MakStat, we defined activities to enhance the scope of our collaboration.
    The State Statistical Office and Finance Think signed a memorandum of cooperation back in 2017, focused on strengthening ties with users of statistical data in the fields of scientific research and policymaking.
    The meeting aimed to expand this partnership and define new activities and opportunities for active involvement of the non-governmental sector in data sharing, research, and resource exchange, with the goal of improving economic policies.

  • Нова Соработка за Позелена Иднина

    Со голема радост и гордост ја објавуваме нашата нова соработка! Минатата недела, Eco Logic потпиша Меморандум за соработка со Biodiversity For Everybody, насочен кон заштита на животната средина, одржлив развој и едукација. Овој чекор претставува важен момент за нас и отвора нови можности за заеднички активности кои ќе придонесат за позитивни промени во заедницата.Зошто е важна оваа соработка?Живееме во време кога климатските промени и загубата на биодиверзитетот претставуваат големи предизвици. Веруваме дека само преку заеднички напори и активно учество можеме да постигнеме вистински резултати. Со ова партнерство, ќе работиме на:✅ Организирање едукативни работилници и кампањи✅ Промоција на одржливи практики во заедницата✅ Поддршка на еколошки иницијативи✅ Поттикнување на граѓаните активно да се вклучат во зачувување на природатаШто следува?Во наредниот период, ќе започнеме со реализација на првите заеднички активности, кои ќе вклучуваат ангажирање на локалните заедници, младите и сите заинтересирани граѓани. Со нетрпение очекуваме да споделиме повеќе детали за настаните и можностите за учество!Останете со нас и следете нè за повеќе информации. Заедно можеме да направиме голема разлика – бидејќи природата е за сите, а одговорноста е заедничка!

  • Велешките извидници учесници на централната прослава по повод 22 фебруари

    На 21.02.2025 год. (сабота) во Свети Николе се одржа Централната манифестација по повод денот на извидништвото – 22 фебруари во организација на Сојузот на извидници на Македонија. На оваа манифестација учествуваа преку 500 извидници од категориите развигорци, извидници и истрачувачи од цела Македонија, односно од градовите Скопје, Куманово, Штип, Кочани,…

  • Делегација на извидниците од Велес положија цвеќе на Ротимља

    Делегација на извиднички одред “Димитар Влахов“ – Велес, на 21.2.2025 год. (го посети местото Ротимља, во близина на Мостар каде што загина Претседателот Борис Трајковски и неговата државна делегација. На местото каде што беше авионската несреќа, а сега меморијален центар делегацијата на велешките извидници положи свежо цевеќе и оддаде почит…

  • Единаесети сениорски средби на извидниците од југоисточна Европа

    Во периодот од 21-23.2.2025 год. во близина на Мостар во месносноста Благај, се организираа единаесетите брѓански (сениорски) средби на извидниците од Западен Балкан на кој што домаќин беше Сојуз на извидници на Босна и Херцеговина. На овие средби учество земаа делегации од извидничките сојузи на Хрватска, Македонија, Србија, Црна гора…

  • Претставување на Радио Голди по повод Светскиот ден на извидништвото – 22 фебруари

    По повод Светскиот ден на извидништвото на локалното Голди радио во Велес, старешината на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, м-р Ангелче Гушев на 24.2.2025 год. (понеделник) беше гостин во дневната програма. Во рамките на 40 минутниот разговор беше разговарано на следните теми: – Вардарска регата Гемиџии 2025 Велес –…

  • Тркалезна маса за спречување на насилството врз жени и девојчиња

    Насилството врз жените не може да се искорени додека постојат нееднаква распределба на моќ и нееднакви можности за сите. На 24ти февруари, во нашето здружение се одржа тркалезна маса – дискусија за важноста на родовата еднаквост за спречување на насилството врз жени и девојчиња. За време на дискусијата која беше организирана од  Националната мрежа против…

  • Одбележување на Денот на Извидниците и Промоција на Прирачникот H4U

    Вчера го одбележавме Денот на Извидниците, ден исполнет со авантура, тимска работа и посветеност. Беше прекрасно да се собереме заедно, да ги споделиме искуствата и да го славиме духот на извидничките вредности, кои не водат кон личен развој и изградба на посилни заедници.Извидништвото не се состои само во активностите на отворено – тоа е пат кој ни помага да изградиме лидерски вештини, да научиме за одговорноста и важноста на заедничкото дејствување. Тоа формира млади луѓе во способни и иновативни лидери, подготвени да донесат позитивни промени во своето општество.Оваа година, заедно со одбележувањето, имавме и привилегија да го промовираме Прирачникот H4U – ресурс што ќе им помогне на извидниците и волонтерите во нивниот пат на личен раст и развој. H4U Прирачникот не е само водич, туку и практичен алатка која нуди значајни информации и стратегии.Голема благодарност до сите кои учествуваа во вчерашниот настан. Вашиот ентузијазам и посветеност го направија Денот на Извидниците уште посебен. Да продолжиме да го носиме извидничкиот дух и вредностите што ги промовира, како и да го користиме Прирачникот H4U за да направиме позитивна разлика во нашите заедници.Не заборавајте да го разгледате Прирачникот H4U – достапен за сите кои сакаат да ја искористат можноста да растат и да влијаат на својата околина!

Нема повеќе содржини

Нема повеќе содржини

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор