Вести од граѓанските организации

Содржината на информациите презентирани во овој дел од веб странaта се единствена одговорност на грантистите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразуваат гледиштата на Цивика мобилитас, Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) или организациите што ја спроведуваат. Информациите се презентирани како што се пристигнати и печатните или други грешки во нив се одговорност на самите автори.

  • Младинска мрежа за финансиска писменост на Југоистокот

    Во текот на месеците мај и јуни 2025 година, партнерите во рамките на проектот „Младинска мрежа за финансиска писменост на Југоистокот“ ги поставија основите на воспоставувањето на младинската мрежа, во која ќе членуваат млади лица од регионот, претставници на организации, компании и други релевантни чинители.

    Во месец мај, во Up Hub Струмица се одржа дебата на тема поврзана со пензискиот систем. Во рамките на дебатата, учесниците ги споделија своите ставови и размислувања за принципот на генерациска одговорност како модел на финансирање на пензиите, а имаа можност да научат повеќе за трите пензиски столбови во државата. Посебен интерес во дебатата предизвика улогата на институциите и економската стабилност како предуслов за одржливост на системот. Оваа дебата беше организирана од страна на Промо Идеа Струмица – Носител на проектот.
    Од страна на партнерите Новус од Струмица, беше организирана инфо сесија со млади од регионот на која се разговараше за теми како што се буџетирање, штедење и носење одговорни финансиски одлуки – важни аспекти на секојдневниот живот кои често изостануваат од формалното образование.

    Во просториите на Креативниот Центар на заедницата НЕКСУС во Радовиш, на 17 јуни 2025, се одржа Регионалната конференција „Финансиска писменост за млади“ – настан кој отвори важни прашања и актуелизираше теми поврзани со финансиската едукација на младите, нивната економска самостојност и улогата на сите чинители во заедницата во подигнување на финансиската култура.
    Конференцијата обедини над 30 учесници од Југоисточниот регион – млади луѓе, наставници, претставници од локалните самоуправи, бизнис-секторот и граѓански организации – кои заеднички дискутираа за реалните предизвици со кои младите се соочуваат во доменот на финансиското знаење и управување со лични средства.

    Покрај едукативниот карактер, конференцијата служеше и како платформа за вмрежување, размена на идеи и поттикнување нови иницијативи во локалните заедници. Учесниците ја изразија потребата овие теми да добијат континуитет и да се доближат уште повеќе до младите – преку работилници, обуки, дигитални ресурси и соработка со образовни институции.
    Проектот „Младинска мрежа за финансиска писменост на Југоистокот“  е поддржан од Владата на Швајцарија преку програмата Civica Mobilitas, а го спроведуваат здруженијата Промо Идеа Струмица, Новус Струмица и КРУНА Плус – Радовиш.

  • Хелсиншки комитет бара најстрога казна за насилство врз дете и апелира за одговорно однесување на јавноста

    На социјалните мрежи кружи вознемирувачко видео со физичко насилство врз четиригодишно дете, проследено со фотографија на која се видливи повредите на неговото лице и тело. Децата, поради нивната возраст и зависност од возрасните се особено ранливи на последици од насилство – особено кога тоа доаѓа од родител, старател или друго блиско лице.
    Хелсиншкиот комитет најостро го осудува овој чин и бара најстрога казна за сторителот на насилство врз детето, како и засилена институционална заштита на најранливите членови на општеството.
    Воедно, упатуваме апел до јавноста да се воздржи од споделување лични податоци, фотографии и информации за дете-жртва на насилство, особено на интернет и социјалните мрежи. Дури и кога е водено од добра намера или сочувство, ваквото споделување може да предизвика дополнителна траума, стигматизација и долгорочни психолошки последици врз детето.
    Наместо тоа, ги повикуваме граѓаните да постапат одговорно и секоја информација или сомнеж за насилство да ја пријават до релевантни организации за човекови права или институциите – Центрите за социјална работа и Министерството за внатрешни работи. Само преку стручно постапување може да се обезбеди ефективна заштита и поддршка на детето. Јавноста има моќ да биде сојузник во борбата против насилството – таа моќ мора да се користи одговорно, со грижа и почит кон секое дете.
    Хелсиншкиот комитет за човекови права ќе го следи овој случај со особено внимание и ќе инсистира на целосно и ефикасно постапување од страна на надлежните институции со должно внимание, а имајќи го предвид најдобриот интерес на децата и нивна заштита.

  • Успешно одржана Регионалната конференција за финансиска писменост на младите во Радовиш

    На 17 јуни 2025 година, во просториите на Креативниот Центар на заедницата НЕКСУС во Радовиш, се одржа Регионалната конференција „Финансиска писменост за млади“ – настан кој отвори важни прашања и актуелизираше теми поврзани со финансиската едукација на младите, нивната економска самостојност и улогата на сите чинители во заедницата во подигнување…

  • „Од различност до праведност – еднакви во правото на здрава и одржлива животна средина за сите“

    На 16 јуни 2025 година, во Europe House Скопје се одржа тематскиот форум „Од различност до праведност – еднакви во правото на здрава и одржлива животна средина за сите“, во организација на партнерските организации Центар за младински активизам КРИК, Центар за социјална иницијатива НАДЕЖ и Здружението на социјални работници на Македонија. Настанот беше дел од проектот „Заеднички за зелено застапување за заштита на животната средина (ЗЗЗ)“, поддржан од Владата на Швајцарија преку програмата Цивика мобилитас, и стави акцент на важноста од креирање инклузивни, правични и млади-информирани еколошки политики.

  • Голем чекор напред: Министерството за образование и наука се приклучува како партнер во проектот за спречување на употреба на дроги во средните училишта!

    Употребата на психоактивни супстанции кај младите е алармантна. Според последните истражувања, речиси 40% од младите експериментираат од љубопитност, а 28.6% од лична незадоволност. Овие бројки не се само статистика – тие се повик за акција.Како одговор, започнавме иницијатива за воспоставување на „Национален систем за превенција на употреба на дроги во училиштата“, предводен од ХОПС во партнерство со граѓанскиот сектор и институциите.Нашите цели:Развој и усвојување на национални стандарди и програма за превенцијаИзработка на практичен прирачник за наставници, психолози и педагозиОбука на над 200 професионалциПилот програма во избрано средно училиштеДенес со задоволство објавуваме дека Министерството за образование и наука официјално ја поддржува и стана партнер во иницијативата за воспоставување на „Национален систем за превенција на употреба на дроги во училиштата“!Ова е клучен чекор кон институционализација на превенцијата – не како ад-хок активност, туку како системски пристап кој ќе го заштити здравјето и иднината на учениците во Северна Македонија.Благодарност до МОН за визијата и партнерството. Сега е време за заедничка имплементација.

  • Втор ден АЛФОРУМ 2025 – „Потребна е гласност за мир во Газа, Украина, Иран, Израел“

    Кога на престижен форум , пред стотици граѓански активисти еден висок преставник на власта ќепризне дека континентот на кој припаѓаме не е во состојба да споделува креативни решенијатреба да знаеме дека е време да се преземе акција. Премиерот на Р Албанија, Еди Рама во своетообраќање на Алфорумот 2025 порача дека поголемиот дел во светот е заинтересиран за дијалог исоработка.„Нема многу простор да се прашува за конверзација што мора да се отвори за некои поинаквипатеки за разбирање и може д помогне да се сфати дека повеќе не живееме на континент чиикорени се потпираат на неговиот сентимент на доминација. Повеќе не сме континент чиенајголемо споделување е креирање ,континент каде водечките процеси во многу аспекти беаполоши ? а денес нашиот континетн и не само нашиот континент туку и 12 проценти од светотделат останатото е 88 проценти и остаток е се повеќе заинтересиран за дијалог и соработка. “–рече премиерот на Р. Албанија , Еди Рама.Арогантните европејци направија голема грешка затоа што мислеа дека својата методологија ќему ја наметнат на целиот евромедитеран. Но предупредува Мигел Анхел Моританос, заменикгенерален секретар, висок преставник на УНАОК и специјален пратеник на ОН за борба противисламофобија, ако сакаме да постигнеме партнерство мора да почнеме заедно и да имамеколективна медитеранска. Тој е дезигниран затоа што граѓанските организации не го кренат гласотза мир во Газа, Украина, Иран и Израел.„Мораме да идентификуваме кои ни се предизвиците во иднината, а првото е мирот. Ниекористиме зборови како мир,селам, шалом итн. ама не го практикуваме тоа. Во светот во којживееме денес, во војна, во многу неприфатлива ситуација, , јас не гледам, јас не слушамгласот на мирот. Не гледам дека вие луѓе одите на улиците да ја прашате државата за мир , замир во Газа, за мир во Украина, за мир во Иран и за мир за Израел“ – вели Анхел Моританос.И не е само да се крене гласот, туку и да се надминете себе си особено ако сте на некоја високапозиција, затоа што мирот можат да го воспостават само лидерите, моќта е во нивните рацепорача Младен Иваниќ, претседател на претседателството на БиХ. Го сподели своето искуствокако србин чија прва задача била да ја предводи делегацијата од својата земја на исламскатаконференција во Техеран. Го исмевале но тој се водел од интересите на државата.„Значи србин да биде таму и не можете да замислите колку силно бев критикуван. Носевнаоќари во тоа време и направија слики како да сум Јасер Арафат со шамија и наочари. Но акое твоја задача и ако се работи за твојата држава само преставувај ја твојата држава. Беше големпредизвик за мене.“- раскажа Младен Иваниќ.Алфорумот го живее вториот ден во духот на различните нации, религии , уредувања од регионотна медитеранот обидувајќи се да даде одговори на многу прашања за подобра иднина нагенерациите што доаѓаат.Фиљана Кока МТВ1, Центар за одржлив развој на заедницата – Дебар

    Related

    Shuip Marku
    Share This Story, Choose Your Platform!

  • „Од различност до праведност – еднакви во правото на здрава и одржлива животна средина за сите“

    На 16 јуни 2025 година, во Europe House Скопје се одржа тематскиот форум „Од различност до праведност – еднакви во правото на здрава и одржлива животна средина за сите“, во организација на партнерските организации Центар за младински активизам КРИК, Центар за социјална иницијатива НАДЕЖ и Здружението на социјални работници на…

  • Finance Think на ОТТ конференцијата во Јоханесбург

    Во тек е OTT Conference 2025 во Јоханесбург, Јужна Африка, 17-19 јуни.

    Глобална конференција посветена на тинк-тенк заедницата, каде се разговара за влијанието на тинк-тенковите врз политики, институции и општества.

    Finance Think е дел од оваа меѓународна платформа преку учеството на нашата извршна директорка Благица Петрески.

  • 📢 ЈАВЕН ПОВИК ЗА МЛАДИ ОД СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

    Стани дел од регионална младинска мрежа за европеизација на Западен Балкан!
    Балканскиот Институт за Регионална Соработка (BIRC) објавува повик за избор на 5 млади луѓе од Северна Македонија кои ќе ја претставуваат земјата на три регионални настани, организирани во рамките на проектот „Youth for Europeanization“, поддржан од Western Balkans Fund.
    🔹 Кој може да аплицира?
    Млади лица на возраст од 20 до 30 години
    Студенти, активисти на граѓанското општество, млади новинари или млади професионалци заинтересирани за процесите на европска интеграција
    Државјани на Северна Македонија
    Со основни познавања за теми како што се: Европска Унија, демократија, човекови права, граѓанско учество
    🔹 Што добиваш?
    Целосно финансирано учество на:
    Почетната конференција во Подгорица
    Тематскиот форум во Приштина
    Завршната конференција во Скопје
    Мрежно поврзување со млади од Косово и Црна Гора
    Вклучување во регионална платформа за соработка за европеизација
    Покриени трошоци за сместување, патување и дневници
    Сертификат за учество и можност за придонес преку медиумски статии или интервјуа
    🔹 Како да аплицираш?Испрати ги следниве документи на [email protected] :
    CV (максимум 2 страници)
    Мотивациско писмо (до 300 зборови)
    Опционално: Линкови до профили или претходни проекти (доколку ги има)
    🗓 Краен рок за аплицирање: 30 јуни
    📩 Само селектираните апликанти ќе бидат контактирани преку е-пошта.

  • АЛФОРУМ 2025, ТИРАНА „Евро-Медитеранот – Единство во различностите“

    АЛФОРУМ 2025, ТИРАНА„Евро-Медитеранот – Единство во различностите“
    Претставници од целиот евро-медитерански регион од 18 до 20 јуни се собираат во главниот град на соседна Албанија. Тирана е годинашен домаќин на ALFORUM 2025 – еден од најголемите форуми досега, со учество на околу 1.000 претставници: граѓански организации, млади лидери, влијателни личности, владини и институционални претставници, мислители и експерти од 43 земји.
    Од форумот се очекуваат идеи, предлози и практични решенија од креаторите на политики и други релевантни засегнати страни во областите на меѓукултурниот дијалог, екологија, културно наследство, борба против дезинформации и лажни вести, младински политики, родова еднаквост и многу други теми.
    АЛФ форумот нуди партиципативни искуства, културни настапи и интерактивни сесии што ќе претставуваат моќна платформа не само за обликување на идните насоки на Фондацијата „Анна Линд“ и нејзините партнери, туку и за поттикнување дебати и значајни промени на двата брега на Медитеранот.
    Преку објективите на медиумите и очите и ушите на новинарите, јавноста не само што ќе биде информирана за богатството од различности во евро-медитеранскиот регион, туку и ќе се сензибилизира за темите што го засегаат обичниот човек – и за тоа како секое општество им приоѓа на неговите предизвици.
    Во рамки на форумот ќе се одржат неколку пленарни сесии и стотици тематски панели со говорници од сите земји на регионот. Експерти ќе споделат непроценливо искуство преку живи примери и успешни решенија.
    АЛФОРУМОТ беше отворен од принцезата Рим Али, претседателка на Фондацијата „Анна Линд“, а свои обраќања имаа и Игли Хасани, министер за Европа и надворешни работи на Република Албанија, како и Анууела Ристани, в.д. градоначалничка на Тирана. Премиерот на Албанија ќе се обрати утре.
    На форумот учествуваат и претставници од Северна Македонија, меѓу кои и претседателката на фондацијата „Анна Линд“ за Македонија.
    Фиљана Кока, МТВ1, Центар за одржлив развој на заедницата – Дебар

    Related

Нема повеќе содржини

Нема повеќе содржини

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор