[Aggregator] Downloaded image for imported item #41462

Членките на Советот во дијалог со организациите од Пелагонискиот регион

На 29 октомври 2025 година, Граѓанскиот ресурсен центар организираше отворен ден со граѓанските организации и активистите од Пелагонискиот регион, во рамки на посетата на Мобилниот ресурсен центар. Настанот се одржа во Битола и имаше за цел да ги доближи услугите на Граѓанскиот ресурсен центарот до локалните организации, да ги информира за тековните случувања во граѓанското општество, но и да иницира отворена дискусија за клучните потреби и предизвици со кои се соочуваат организациите во регионот.

viber image 2025 10 30 16 12 36 918 980x460

Фокусот на средбата беше ставен на работата на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество, неговите надлежности, составот и неговата улогата како советодавно тело на Владата. Програмата за работа на Советот за 2026 година беше презентирана пред присутните и тие имаа можност да дадат свои сугестии и коментари на содржината како и предлози за предизвици и иницијативи што треба да бидат разгледани од членовите на Советот. Валентина Величковска, Емилиа Ѓероска, Драгица Вучковиќ и Моника Илиоска Кантарџиоска, сите членки на Советот од редот на граѓанските организации, отворија дијалог со присутните и ги поканија да се вклучат во работењето на Советот.

„Советот е тука за да ја засили врската меѓу Владата и граѓаните. Како советодавно тело, ние сме гласот што треба да потсети дека политиките се прават за луѓето — и со луѓето! Со поддршка од локалните организации, се бориме гласот од теренот да стигне до Владата и да се претвори во вистински промени.“ — изјави Емилиа Ѓероска, од Здружението на граѓани за унапредување на развојните процеси Про Локал Битола и член на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество.

Учесниците имаа можност активно да се вклучат во дискусијата, да споделат искуства и да укажат на конкретни предизвици од нивното секојдневно работење што може да се најдат на дневен ред на следните седниците на Советот.

viber image 2025 10 30 16 12 36 479 980x735

Еден од предизвиците истакнат од повеќето присутни организации беше третирањето на граѓанските организации од страна на банките и наметнувањето на низа административни барања и обврски за организациите кои што често се различни од една банка до друга. Пеце Трајковски, од Центарот за стратегиски истражувања и анализи, Битола укажа на неколку предизвици, како долгото време на чекање за добивање на потврда од Министерството за европски прашања за регистрирање на проекти/донации во Централната база на податоци за странска помош за целите на ослободување од данок на додадена вредност како и ограничената можност да се поднесе барање за издавање на решение за регистрација на даночен обврзник за проектите само во скопската канцеларија на Управата за јавни приходи.

Мобилниот ресурсен центар продолжува со редовни месечни посети низ државата, нудејќи поддршка и информации на локалните граѓански организации, со посебен фокус на недоволно опфатените општини.

Посетата на Мобилниот ресурсен центар беше организирана во рамки на проектот „ЕУ поддршка на Граѓанскиот ресурсен центар – фаза 2“, финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Националната фондација за развој на граѓанско општество Граѓански ресурсен центар, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Медиа плус, Штип и Асоцијација за демократски иницијативи – АДИ, Гостивар.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Македонски центар за меѓународна соработка

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор