Се поблиску сме до одржувањето на овогодинешниот Фестивал  „Ден на граѓанските организации“ што ќе се одржи на 25 септември во Градскиот парк во Скопје пред Школка.

Во пресрет на дружењето во сабота, погледнете ја програмата за настанот и активностите на главната сцена. Дополнително, на нашата официјална Фејсбук страна „Цивика мобилитас“ креиран е и официјален настан за фестивалот.

На информативните штандови од 10 до 15 часот можете да запознаете 91 граѓанска организација и да ги видите нивните активности и поразговарате за нивната работа. Дел од нив ви нудат учество на интерактивни работилници за изработка на ракотворби или реставрирање предмети од дрво. Може ќе се определите за некоја од дискусиите на теми како социјално претприемништво или дезинформации и говор на омраза во јавната комуникација. Најмладите ќе можат да учат за сообраќајната култура и сајбер безбедност преку игри.

Фестивалот на  Цивика мобилитас е најголемиот настан од ваков вид, каде граѓанските организации имаат можност да се претстават пред граѓаните и да ги за активностите резултатите што ги остваруваат. Темата на овогодинешниот Фестивал е „30 години граѓански активизам“.

Сите активности на настанот ќе бидат организирани во согласност со мерките за безбедност и заштита на здравјето на учесниците и посетителите. Истовремено би сакале да Ве известиме доколку до датумот на одржување се донесат нови мерки и забрана за организирање на настани истиот ќе биде одложен.

Се гледаме во сабота!

festival civica