TOM

Премиерот Заев се соочи со граѓанските организации

„Активно учествувавте сите во реформските промени со коишто ја поставивме и ја движиме Македонија стабилно на патот кон Европската Унија и НАТО. Вашето теренско искуство, долгогодишната работа, анализите за клучните состојби во државата се од директен интерес за граѓаните на Република Македонија и помогнаа кога го создававме реформскиот план 3-6-9“, рече премиерот Зоран Заев на отворањето на вчерашниот тематски форум на Цивика мобилитас „Една година Влада- осврт на граѓанските организации“.

Во структурирана расправа, повеќе од 100 претставници на граѓанските организации имаа можност да упатат прашања поврзани со нивното работење, да ги коментираат досегашните постигнувања како и да ги изразат нивните очекувања.

Меѓу првите прашања беше и она кое се однесуваше на финансирањето на граѓанските организации. „Многу е важно кои ќе бидат алатките за распределбата на парите. Верувам дека треба да определиме буџет и да го алоцираме, и нашата работа да застане тука. Добрите меѓународни пракси вие треба да ни ги предочите за да можеме да ги канализираме тие буџетски средства во некоја фондација, каде на транспарентен начин ќе одлучувате вие за нивната распределба“, рече премиерот Заев. Зборувајќи за подготвеноста на Владата за идните преговори со ЕУ, премиерот истакна дека планираат да го вклучат граѓанското општество во преговарачките тимови за секое од поглавјата.

Во врска со мерките за борба против корупцијата, премиерот изјави дека новата антикорупциска комисија ќе биде воспоставена на основа на новиот закон што е во подготовка. Според него, во Комисијата не треба да има политичари, туку независни интелектуалци и експерти од граѓанскиот сектор. „Јас сум доволно внимателен да не ги исполитизирам луѓето во мојот кабинет, затоа што во тој случај ќе треба да ја завршиме работата и потоа да се вратиме од каде што сме дојдени. Во таа смисла сметам дека не правам штети на граѓанскиот сектор“, се изјасни Заев на прашањето за ангажирањето на граѓанските активисти во Владата.

Премиерот зборуваше и за правото на децата на чист воздух. „Повеќето мерки што ги преземавме се на среднорочен, односно долгорочен план и резултатите од нив допрва ќе дојдат. Но, презедовме и краткорочни мерки тогаш кога беше најкритична ситуацијата“, рече тој. На лицата со попреченост и на Ромите им порача да аплицираат за позиции во управните, регулторните тела и Владата, како решение за нивното ниско учество во овие институции. За родовото одговорно буџетирање тој истакна дека веќе при првиот ребаланс ќе се знае дали е применето, и дека тој лично ќе инсистира на тие проверки. Според него, Владата нема поддршка ниту разбирање од останатите партнери и политички партии по прашањето за значителната родова нееднаквост во Владата а и во Собранието.

Медиумски пазарења нема да постојат, а ќе има соодветна поддршка за пишаните медиуми и МРТВ како јавен сервис“, вети премиерот Заев. Тој додаде дека реформите на медиумското законодавство се заглавени во Собранието.

Во втората сесија Дамјан Манчевски, министер за информатичко општество и администрација, одговараше на прашањата на граѓанските организации поврзани со превработеноста на администрацијата, блокираните сметки на општините, несоодветните кадри кои се поставени во казнено поправниот дом Идризово и фондовите на ЕУ кои треба да одат преку Владата.

Продолжи со читање

  • Средба со раководителката на секторот за Источна Европа на СДЦ

    Тимот на Цивика мобилитас на 5 март се сретна со Северин Доне-Декарт (Séverine Donnet-Descartes), раководителката на секторот за Источна Европа во Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ). Таа се интересираше за предизвиците во граѓанското општество, како и за можностите што програмата ги нуди за граѓанските организации во земјата. Александар…

  • Швајцарскиот амбасадор Зомер во посета на семејствата од Кочани и граѓанските иницијативи

    Повеќе од десет родители и членови на семејствата погодени од трагедијата во дискотеката во Кочани се сретнаа со швајцарскиот амбасадор во земјава, Н.Е. Кристоф Зомер. На средбата со нивното здружение – Здружение на граѓани „16-ти Март 2025“ учествуваа ипретставници од Амбасадата на Швајцарија и тимот на Цивика мобилитас. Истиот ден,…

  • Социјалната правда не се слави, таа се создава!

    Денот на социјалната правда не е датум што треба само формално да се одбележи. Тој треба да не потсети дека правдата не е апстрактен поим, туку конкретна реалност што директно влијае врз животот на луѓето: врз нивната плата, сигурност, достоинство и иднина. За нас од „Гласен текстилец“, социјалната правда не…

  • Јавниот интерес пред скриената сопственост

    Во светот долго време се знаеше за постоењето на т.н. „шел“ или празни компании кои без познат сопственик и без вработени си префрлаа меѓу себе огромни суми пари за фиктивни услуги, за да се затскрие трагата на овие пари кои најчесто потекнуваа од црни и неоданочени бизниси. Но по откритијата…

  • Граѓанските организации дискутираа за како подобро да ги промовираат своите постигнувања

    Комуникациите и видливоста на Цивика мобилитас и на граѓанските организации беа тема на работилницата што се одржа на 11 февруари 2026 година во просториите на Граѓанскиот ресурсен центар. Вкупно 21 претставник од 20 граѓански организации, актуелни добитници на партнерски грантови (ЦМ-ПГ-2), дискутираа за комуникациските предизвици и како полесно да ги…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор