20180529 SCOOP naslovna studenti

Што е со студентскиот стандард?

автори:

Ангела Рајчевска, Бјанка Станковиќ, Кристина Атовска

 

Кристина е студент на втора година на еден од државните факултети во Скопје. Како и многумина други, и таа, во пресрет на летото размислува да замине во Америка, за да заработи некој денар. Овде, како што вели, е разочарана од тоа што државата за неа, како и за многумина други студенти не обезбедува доволно поволности и услови за студирање, но и за пракса, како и за многу други олеснувања кои ги уживаат нејзините колеги од регионот.

Ни недостига пракса на факултетот. Моите очекувања кога се запишав на факултет се само делумно исполнети. Единствено нешто кое што го имаме како поволност е бесплатен јавен превоз. Укинати ни се бесплатните влезници за театар и кино. Имаме бесплатен јавен превоз и два пати месечно може бесплатно да користиме воз. Повеќе пати сум се обидела да добијам бесплатна влезница во кино или театар, но не сум можела. Или тој ден нема претстави или пак образложението е дека не можат да пуштат деца бидејќи им прават врева“, раскажува Кристина, која се жали и на условите во домот во кој живее.


Во последниве 10 години, бројот на студенти сместени во домовите е намален за 1000, а рапидно паѓа и сумата инкасирана за добиени легла која е намалена за три пати, споредено со учебната 2008/2009


Во сите државни домови во Скопје, годишно во просек легла добиваат околу 3000 студенти, а сумата која се влева на сметката на домовите по основ издадени легла се движи од 1 милион до 1 милион и 600 илјади евра – покажуваат податоците кои ги доби СКУП преку слободниот пристап до информации од јавен карактер. Податоците добиени за последните 10 години покажуваат дека бројот на студенти кои добиваат легла во домовите бележи тренд на постојан пад. Ова се должи, пред се, и на затворањето на дел од домовите.

Од учебната 2013/2014 не функционираат блоковите В и Г во студентскиот „Гоце Делчев“, а домот „Невена Ѓорѓиева Дуња“ не сместува студенти од учебната 2014/2015 година. Податоците покажуваат дека во последната учебна година бројката на суденти во домовите споредено со онаа пред 10 години рапидно паѓа и е намалена за 1000. Но, и сумата инкасирана за добиени легла е намалена за три пати  споредено со учебната 2008/2009. Од  3.046 студенти во 2008-ма година и инкасирани над 1 милион и 600 илјади евра, бројката во последната учебна година паѓа на 2.204 студенти и остварени приходи од само 576 илјади евра.

Студентите плаќаат за партиципација на факултетите, за учебници, за формуларите во текот на студирањето, за сместување во студентски домови, за превоз, а тука се и непродуктивните задолжителни трошоци како оној за културни и спортски активности и слично. Секако, пред се, тука се основните трошоци за живот како оние за храна и облека.  Студентите велат дека трошоците им се зголемуваат поради мошне лошите општи услови во домовите.

 

Поради катастофалните услови во студентските домови  има и други трошоци кои ни паѓаат на товар. На пример, мора да купиме храна затоа што храната е лоша. Немаме ни интернет, па мора сами да си ставиме во студентскиот. Во зима е студено, мора да си донесеме греалки. Исто така, дел од студентите не се примени во студентските домови и мора да живеат во станови“, вели Ѓурѓица Бојчовска, студентка сместена во бараките на домот „Стив Наумов“.

Ваква е состојбата во речиси сите студентски домови. Студентите кои домуваат во нив имаат бројни поплаки, а состојбата станува особено алармантна во текот на зимските месеци кога се случува студентите да останат без струја или вода.

Од помпезните најави за студентски и средношколски поволности кои стартуваа пред две години, денес студентите, (и средношколците) можат да користат единствено бесплатен јавен превоз. Бесплатните билети за кина, театри, жичарата на Водно останаа во историјата.

Во скопското кино Милениум лоцирано во Градскиот Трговски Центар ни кажаа дека поволностите за бесплатни билети за кино се укинати од септември лани и не важат цела учебна година. „Претходната учебна година за студентите важеа бесплатни кино билети во четврток, додека за средношколците секоја среда. Проекциите беа во 13 и 15 часот. Сега тоа не важи“, ни одговорија од киното „Милениум“.

Нема бесплатни билети ниту во Театар Комедија. „Порано имаше бесплатни претстави. Сега студентите имаат 50 отсто попуст на билетите“, велат во театарот.

Во Драмски театар, пак, тврдат дека правилото за бесплатен билет за студенти важи во четврток, иако немаат претстава секој четврток, како што велат оттаму.

Цела учебна година не важат ниту поволностите за бесплатно користење на жичарата на Водно.

Единствената поволност која се уште важи за студентите е бесплатниот јавен превоз, но само за редовните студенти на додипломските студии. Додека, воз смеат да користат само два викенди во месецот.

Условите во студентските домови не се сјајни ниту во соседството, но сепак студентите од околните држави ретко се соочуваат со недостиг на струја или вода. Во домовите во европските држави пак е незамисливо да се исклучат струјата или водата кои се основни услови за живот.

Бојана Кокиновиќ е студентка од Белград која по дипломирањето продолжила на магистерски студии во Берн, Швајцарија и Барселона, Шпанија, а штотуку докторирала на Универзитетот во Умеа, Шведска. Кокиновиќ за СKУП вели дека во Белград може да се забележи голема разлика во условите кои ги нудат одредени студентски домови.

„Мислам дека зависи во кој студентски дом ќе добиеш легло. Има домови кои се одлични, но има и домови во кои условите се ужасни. На пример, во студентскиот дом „Крал Александар Први“ кој порано го носеше називот Лола, условите се речиси хотелски.  Студентите добиваат апартман со спална соба и сопствена бања. Имаат теписи и завеси на прозорците, клима уред и телевизор“, раскажува Бојана Кокиновиќ.

Таа појаснува дека останатите домови во Белград се студени згради кои не нудат добри услови, а дел од нив не се реновирани повеќе од неколку децении.

Кокиновиќ, исто така, вели дека најлоши услови од студентските домови низ Европа, имала во Берн, Швајцарија, а најдобри во Умеа, Шведска. „Државниот дом во Берн во кој бев сместена беше евтин, но ужасен. Имав мала соба за себе во која имаше само кревет, 12 студенти делевме купатило и кујна – чекањето беше „вечно“, се присетува таа. Според неа, во Барселона студентските домови се пристојни, но мали – наменети за еден студент, а купатило делат двајца студенти. Во Шведска таа поминала три години на докторски студии, каде вели дека единствено плаќала за интернет.

Недостигот на пракса и услови за развивање на науките се главен демотиватор за студентите. И перцепцијата на професорите е дека студентите во земјава немаат адекватни услови за студирање и не се ниту блиску до европскиот стандард. Професорката Јасна Бачовска која предава на студиите по новинарство на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје,  смета дека е потребно државата да вложува повеќе финансии во образованието, но и дека е потребно да се промени целокупната образовна стратегија на земјава.

„Паралела помеѓу студентите од земјите на ЕУ и студентите од Република Македонија е невозможна бидејќи тоа се земји каде што од буџетот на државата се издвојуваат многу поголеми средства за високо образование и наука. Тие имаат многу подобри услови и можности во текот на студиите. Македонските студенти секако дека се лишени од одредени привилегии, како на пример достапност до бази на податоци, бесплатни списанија, опремени библиотеки, други технички можности (компјутери, интернет), пријатни простории (чисти, креативни), стипендии, награди , грантови, помали студентски групи и слично“, смета Бачовска. Таа нагласува дека треба да се зголеми буџетот за наука и високо образование.

На студентите од земјите во Европската унија им е олеснето и функционирањето надвор од факултетите. Тие имаат многу поголеми финансиски олеснувања за културни, спортски и друг вид едукативни активности. Финансиските олеснувања и попустите варираат од држава до држава, но генерално европската пракса им овозможува на сите лица под 26 години да користат попуст за градскиот, како и за меѓународниот превоз. Попустите во одредени држави зависат и од вклученоста на студентите во студентските организации.

Во Белград студентите имаат попуст во градскиот и железничкиот превоз, театрите и другите културни центри. Исто така, имаат попусти за студенти, а попусти имавме и за спортски центри, фестивали и за одредени училишта за странски јазици. Во Швајцарија, Шпанија и Шведска, за превозот важи олеснувањето за лица под 26 години. Олеснување кое студентите го добиваат во Шпанија е бесплатно отворање и одржување на сметка во банка која се користи за сите плаќања. Има и попусти во одредени кафетерии и бутици, но само со членска карта на некоја од студентските организации“, вели Бојана Кокиновиќ за своето искуство во овие држави.  

Студентите имаат надеж дека ваквите состојби можат да се променат преку студентското организирање, но признаваат дека нема доволно студентска вклученост и волја да се партиципира во активности кои треба да донесат некаква промена. Студентското организирање во земјава е пратено со бројни контроверзии, токму поради политичките притисоци и политичкото влијание.

 

 

СКУП анкета: Над 80 отсто студенти не влегле бесплатно во кино

 

СКУП реализираше онлајн анкета меѓу педесетина студенти за тоа колку се задоволни од третманот на државата. Резултатите покажаа дека дури 82% од нив никогаш не ја искористиле студентската легитимација за влез во кино, 68% не ја искористиле за влез во театар, додека 42% никогаш не ја искористиле легитимацијата за меѓуградски превоз. Над 60 отсто од нив имаат студентска слободна картичка за јавен превоз, додека 32 отсто одговориле негативно. Тие се жалат дека институциите често пати се изигруваат со овие поволности, па, наместо конкретниот ден да ја гледаат атрактивната претстава која е на репертоар, на нивно изненадување, таа е поместена.

Студентите посочија и на примерот во Словенија, односно дека би сакале железничкиот превоз да биде бесплатен во текот на целата недела, да имаат ваучери кои ќе ги користат за попусти на оброците во сите ресторани, сендвичари, пекари и продавници ширум Македонија, не само во Скопје. Попусти за курсеви, обуки, семинари и поевтина храна во бифеата на факултетите се, исто така, на дефицитарната листа на студентски поволности.

 

СКУП Македонија е корисник на институционален грант од Цивика мобилитас.

Продолжи со читање

  • Школа за водачи Голозинци 2026 во организација на СИМ

    Во периодот од 13.08 до 19.08.2026 година, во Извидничкиот центар “Голозинци“, се одржа првиот дел од Школата за Водачи ’26. На школата учествуваа членови од повеќе извиднички одреди: ИПО “Јадран’’ , ИПО “Крсте Јон’’ , Прв Скопски Извиднички Одред, ИО ,“Гоце Делчев“ , ИО “Методиј Митевски-Брицо“ ИО “Мирко Милевски“ ,…

  • Менторска и коучинг поддршка за корисниците на 𝑩𝒖𝒔𝒊𝒏𝒆𝒔𝒔 𝑯𝒖𝒃

    Во рамки на проектот „Заедно сме посилни 2“, кој го имплементираме со поддршка од Фондација Kvinna Till Kvinna, се реализираа активности за обезбедување менторска и коучинг поддршка за корисниците на Business Hub. Менторската и коучинг поддршка претставува индивидуализиран процес преку кој корисниците добиваат насоки, совети и практична поддршка во согласност…

  • YMLP 2026 – лидерство, самодоверба и незаборавни искуства

    Последни новости YMLP 2026 – лидерство, самодоверба и незаборавни искуства Од 8 до 11 јули 2026 година, група средношколци од различни градови низ Македонија се собраа во Битола на кампот YMLP 2026 (Young Men’s Leadership Project) – лидерско и авантуристичко искуство организирано од ИМКА Македонија во партнерство со волонтерите на Мировниот корпус, алумни и локални волонтери. Иако со помал број учесници, YMLP Кампот овозможи секој млад човек да добие индивидуално внимание, да изгради искрени пријателства и да се предизвика себеси преку активности насочени кон развој на лидерски способности, самодоверба и личен раст. Во текот на четирите дена, учесниците работеа на теми поврзани со столбовите на ИМКА – личен развој, лидерство, заштита на животната средина, граѓанска одговорност и кариерен развој. Преку интерактивни работилници, тимски предизвици и практично учење, тие ги препознаваа своите силни страни, ги развиваа комуникациските вештини, учеа да решаваат проблеми во тим и размислуваа како можат позитивно да придонесат во своите училишта и локални заедници. Едукативниот дел беше надополнет со бројни рекреативни и активности на отворено. Учесниците уживаа во куглање, флег-фудбал, олимписки игри, водени предизвици и креативни активности кои поттикнуваа тимска работа и здрав натпреварувачки дух. Еден од најнезаборавните моменти беше кампувањето во Националниот парк Пелистер. Момчињата ноќеваа во шатори, се дружеа околу логорски оган со традиционалните s’mores, го поминаа адреналинскиот парк, пешачеа низ шумските патеки и заеднички решаваа симулација на авионска несреќа, активност која ги стави на тест нивните комуникациски вештини, лидерски способности и носење одлуки под притисок. За самите учесници, најголемата вредност на кампот беа пријателствата и чувството на заедништво. Еден учесник сподели: Спортските активности, огромната количина смеа меѓу нас и запознавањето нови луѓе. Друг учесник го сумираше своето искуство: Активностите беа одлични, луѓето, персоналот – сè беше одлично. Други како највпечатлив дел го издвоија престојот во природа: Кампувањето во шатори, s’mores и стекнувањето нови пријателства. Кампот на Пелистер. Влијанието на YMLP кампот продолжи и по враќањето дома, а родителите забележаа значајни позитивни промени кај своите синови. Еден родител сподели особено емотивно искуство: Мојот син не сака многу да зборува. Најчесто одговара само со ‘да’ или ‘не’ и ретко раскажува што му се случувало во текот на денот. Откако се врати од кампот, стана многу поотворен. Почна да зборува за своите планови, да бара совет и помош, а покажа и поголем интерес за локални прашања како загадувањето, отпадот, планинарските и велосипедските патеки. Почна да ми раскажува како му поминал денот и што правел со пријателите. За мене како родител, тоа е огромна позитивна промена. И други родители забележаа охрабрувачки промени: Подобрени комуникациски вештини. Порасположен, посамоуверен и полн со позитивни впечатоци. YMLP кампот е многу повеќе од четиридневно летно искуство – тој претставува почеток на подолг лидерски пат. Следната година, учесниците ќе имаат можност да аплицираат за програмата Counselors-in-Training (CiT). Оваа програма е дел од целогодишната Leaders-in-Training (LIT) програма на ИМКА Македонија, преку која младите стекнуваат лидерски, менторски, комуникациски и волонтерски вештини, подготвувајќи се да станат идни советници на камповите и лидери во своите заедници. Преку кампот YMLP, ИМКА Македонија продолжува да инвестира во младите, помагајќи им да изградат самодоверба, цврст карактер и практични лидерски вештини што ќе им овозможат позитивно да придонесуваат во своите семејства, училишта и локални заедници.

  • Соларен саем во Кичево: Сончевата енергија поблиску до граѓаните

    На 8ми август на Градскиот плоштад во Кичево се одржа Соларен саем посветен на сончевата енергија, обновливите извори и можностите што им стојат на располагање на граѓаните за поактивно учество во енергетската транзиција. Саемот беше можност посетителите на едно место да добијат практични и разбирливи информации за користењето на сончевата

  • Велешките гемиџии и извидници учесници на рафтинг манифестација “Неретва и пријателите 2026 – Битката на Неретва“

    Во периодот од 14 до 16 август 2026 год. дванаесет извидници и гемиџии на покана на рафтинг клубот “Тузлак“ од Тузла, Босна и Херцеговина земаа учество на рафтинг манифестацијата Тузла и пријателите – Неретва 2026 или Битката на Неретва. Рафтинг спустот се организираше на реката Неретва, а ние и повеќе…

  • GLOW 2026 охрабри речиси 40 млади девојки преку лидерство, авантура и пријателство

    Последни новости GLOW 2026 охрабри речиси 40 млади девојки преку лидерство, авантура и пријателство Од 1 до 4 јули 2026 година, речиси 40 средношколки од околу 15 градови низ Македонија се собраа во Битола на кампот GLOW 2026 (Girls Leading Our World) – уникатно лидерско искуство организирано од ИМКА во партнерство со волонтерите на Мировниот корпус, алумни и локални волонтери. Направен со цел да ја инспирира следната генерација млади лидерки, кампот GLOW ги обедини практичното учење, авантурата во природа и креативноста во средина каде што секоја учесничка беше охрабрена да ги открие своите силни страни, да ги поддржува другите и да ја изгради својата самодоверба. Во текот на четиридневната програма, учесничките следеа интерактивни работилници засновани на столбовите на ИМКА – личен развој, лидерство, заштита на животната средина, граѓанска одговорност и кариерен развој. Преку практични активности, тие развиваа критичко размислување, способност за тимска работа и лидерски вештини кои ќе можат да ги применуваат во своите училишта и локални заедници. Покрај едукативниот дел, програмата понуди богата палета рекреативни активности, меѓу кои креативни работилници, куглање, олимписки игри и забавни водени предизвици кои поттикнуваа тимски дух и здрава конкуренција. Еден од највпечатливите моменти беше престојот во Националниот парк Пелистер, каде што девојките кампуваа во шатори, го совладаа адреналинскиот парк, и уживаа во пешачење и истражување на шумата преку интерактивна потрага по природни богатства. Влијанието на кампот најдобро го опишаа самите учеснички: Неверојатната енергија на сите! Секоја активност беше одлично организирана, сите беа гостопримливи и пријателски настроени, а заедно доживеавме толку многу нови искуства. Најмногу ми се допадна што конечно направив работи за кои отсекогаш сум сонувала, и тоа опкружена со прекрасни девојки на моја возраст! Посебно ми значеше чувството на топлина и сигурност што го создаде просторот исполнет со жени кои се поддржуваат меѓусебно. Друга учесничка го истакна богатството на програмата: Секој ден беше исполнет со различни и уникатни активности, така што ниту еден ден не беше ист како претходниот. Советничките беа прекрасни, секогаш позитивни и полни со охрабрување. За многу девојки, токму пријателствата создадени за време на кампот останаа највредниот дел од целото искуство: Најмногу ми се допадна заедништвото што го создадовме во кампот – атмосфера исполнета со поддршка и пријателски дух. Имав чувство дека сме во еден посебен свет исполнет со љубов и добрина, далеку од суровоста што понекогаш ја носи секојдневието. А и храната беше одлична! Влијанието на кампот продолжи и по неговото завршување, а родителите забележаа позитивни промени кај своите ќерки. Еден родител сподели „Забележав дека стана поотворена и ме изненади колку многу енергична беше кога се врати дома. Ми се чини дека стекна и многу поголема храброст отколку порано. Беше пресреќна и веднаш ми кажа дека следната година повторно сака да учествува.“ Други родители истакнаа промени како: Подобри комуникациски вештини. Поголема самодоверба. Порасположена е, посигурна во себе и полна со прекрасни впечатоци. Следното лето дел од овогодишните учеснички ќе имаат можност да го продолжат своето лидерско патување преку пријавување во програмата Counselors-in-Training (CiT). Оваа програма е дел од целогодишната Leaders-in-Training (LIT) програма на ИМКА, преку која младите развиваат лидерски, комуникациски, менторски и волонтерски вештини во текот на учебната година, подготвувајќи се да станат идни советници на камповите. Преку оваа лидерска патека, ИМКА инвестира во младите не само како учесници на камповите, туку и како идни ментори и лидери кои ќе ја инспирираат следната генерација.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор