20180606 Public vest

Граѓанскиот сектор – и коректив и партнер на институциите

Дали граѓанските организации треба да се коректив или партнер на власта? Колку отвореноста на системот за соработка и уважување на експертизите и знаењето на граѓанското општество може да поттикне придобивки за целата јавност? Постои ли црвена линија на здружување помеѓу јавните институции и невладиниот сектор?

Ова беа само дел од прашањата на менито на панел дискусијата „Како до значајни општествени промени: Визии за иднината на граѓанското општество“, која се случи во рамки на денешното претставување на Инструментот за мерење на влијанието на граѓанските организации врз општествените промени, резултат на истражувањето „Граѓанското општество – активен или пасивен чинител во општествените промени“, кое го спроведе Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој, „Паблик“.

Гостите учесници беа согласни дека импактот кој што го прават граѓанските организации е значителен, но, и дека постои простор за нивно повидливо присуство и влијание.
Всушност, и самото истражување покажа дека долгорочните ефекти од делувањето на граѓанските организации изостануваат поради неподготвеноста на системот и на институциите да ги синтетизираат, односно системски да ги вградат нивните резултати.

– Довербата и во институциите, и во граѓанскиот сектор, сѐ уште е проблем во Македонија особено затоа што малку средства од државниот буџет поминуваат низ граѓанскиот сектор. Неоходна ни е структурална преобразба на општеството – тврди Ило Трајковски, професор на Институт за социологија при Филозофски факултет.

Тој додава дека погрешна е перцепцијата дека граѓанскиот сектор треба да служи само како коректор на власта и тој треба да стапи на сцена кога има некоја аномалија. Тоа беше во друг систем. Денес имаме нов начин на уредување, и трендовите во современите општества овој сектор го третираат како партнер, и на власта и на стопанството – вели тој.

Нано Ружин, пак, ректор на Факултетот за политички науки и дипломатија, негува доза скепса за приближувањето на невладиниот сектор кон владата, зошто, како што вели, „таа си има свои интереси“.
– Неопходна е внимателност кон партнерствата во општествата во транзиција. Имаме поголема демократичност, но, мора да сме внимателни. Иако, сметам дека невладиниот сектор е многу важен и силен и на меѓународен план. Граѓанското општество во идинина ќе игра голема улога и во дипломатијата. Станува една од главните компоненти на нашиот живот.
Сѐ уште сме во период кога овој сектор мора да се наметнува и како коректив и како контролор на власта. Но, мислам дека оваа политика сфатила дека граѓанските организации се битен фактор и еден од најзаслужните за промените кои треба да дојдат – нагласува Ружин.

Бојан Маричиќ, посебен советник за евроатлански интеграции во Канцеларијата на Претседателот на Владата на Република Македонија, пак, нагаласи дека граѓаните ги интересира како се трошат нивните пари, колку луѓе се вработени во јавната администрација, како се плаќаат. Оваа власт има поинаков однос и уважување на ставовите на граѓанските организации. Застанува на страна на вредности како: транспарентност, отчетност, инклузивност, за кои,политичарите не секогаш се свесни, а тука големо влијание има приближувањето на невладинито сектор. Мислам дека сега веќе нема трендови на гушење на криктиката или прикривање на информации, што го крева степенот на одговор на потребите на јавниот интерес- вели Маричиќ. 
Истражувањето „Граѓанското општество – активен или пасивен чинител во општествените промени“ е спроведено во рамки на програмата за поддршка на граѓанското општество „Цивика мобилитас“.

Претставен Инструментот за мерење на влијание на граѓанските организации врз општествените промени

Со цел граѓанските организации да го утврдат својот капацитет за поттикнување општествени промени, вчера беше претставен и Инструментот за мерење на влијанието на граѓанскиот сектор врз општеството.
Целта е да се утврди колку граѓанските активности се ефикасни и колку носат промени.


– Ова е прв обид да се создаде котекстуализиран инструмент кој што го мери општественото влијание во земјава – креиран согласно сликата од добиените податоци од терен – нагласи Климентина Илијевски, извршна директорка на Асоцијацијата „Паблик“. Taa објасни дека согласно теренското истражување, граѓанските организации создаваат социјален и интелектуален капитал што се важен ресурс за промена на структурата на системот, преземаат одредени функции од јавните институции, како децентрализацијата на социјалните услуги, што го промени начинот на системската грижа за лицата со посебни потреби и ја хуманизираше нивната интеграција во заедницата.

-И промените кон демократизација и граѓанизација на јавната сфера беа поттикнати од граѓанскиот сектор, а тие станаа и партнери на институциите во спроведувањето на превентивните програми и се доближија до ранливите групи повеќе отколку што тоа им успеа на институциите – рече Илијевски.

Според Aлександар Кржаловски, национален лидер на тимот „Цивика мобилитас“ и прв извршен директор на МЦМС, истражувањата врзани за граѓанското општество и неговиот развој се секогаш важен дел, и оттука „инструмент, механизам кој ќе го оцени нивното влијанието, е повеќе од потребен“.

– Особено во поглед на влијанието и промените кои се поттикнуваат. Периодов од последниведве до три години беше исклучително значаен за вакви анализи, за мапирање проблеми и решенија, смета тој.

 

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор