[Aggregator] Downloaded image for imported item #47137

Во спомен на Данило Митов (1960 – 2026)

Со длабока тага се простуваме од нашиот драг колега, Данило Митов (Дачо), кој долги години беше значаен дел од нашата организација и остави силен белег со својата работа и личност.

Дачо му се придружи на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во турбулентната 1999 година како дел од тимот за „Итни операции“. Заедно со колегите, работеа на справување со последиците од косовската бегалската криза. Неговата прва задача беа пакетите со хуманитарна помош за бегалците. Иако низ извештаите ќе ги сретнеме како број на пакети и тони храна и хигиенски производи, тој најчесто ги презентираше во километри – „поделивме 270 км пакети“, велеше, „или од тука (Скопје) до Солун“. Потоа продолжи да работи и на активностите поврзани со конфликтот во Македонија, на поддршка на раселените лица.

Колегите кои подоцна му се придружија на МЦМС го запознаа Дачо како домаќин на организацијата, како поддршка во секоја програма и на секој од проектните соработници. Беше секогаш подготвен да помогне, да сподели искуство, да даде совет. Без него не почнуваа подготовките за ниту еден настан. Мораше се да биде добро испланирано, да бидат обезбедени сите неопходни работи однапред и да се почне не навреме, туку предвреме. Ќе го памтиме како строг, но правичен колега. Кога ќе се подналутеше знаеше да каже „еден стап некастрен да имам“, а кога ќе не потскараше обично завршуваше со „не биди шупелка“!

Ќе го памтиме и неизмерно ќе ни недостасува неговиот ведар дух и позитивна енергија што ја носеше со себе. За време на нашите спонтани дружби знаеше да рече „ете тоа му треба на човек, да се собереме, да се насмееме и да се развеселиме. Има ли поубаво?“

Не, нема поубаво.

Ние од неговото „второ семејство“, како што не нарекуваше сите кои некогаш сме биле дел од МЦМС, длабоко го чувствуваме неговото отсуство. Нашата утеха се спомените за него кои ќе останат трајно со нас.

Почивај во мир мил наш Дачо.

Тимот на МЦМС

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Македонски центар за меѓународна соработка

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор