[Aggregator] Downloaded image for imported item #47072

ЈАВЕН ПОВИК За доставување понуди за подготовка на структурирана менторска програма и спроведување на менторство за млади и локални занаетчии за развој на концепти на социјални претпријатија

Наслов на проектот: Дигитално оживување на занаетчиството: Оспособување на младите од руралните средини преку технолошки поттикнати модели на социјални претпријатија

Лот: 4.2 – Инкубациска програма за социјални претпријатија по мерка за занаетчии  (Реф. А2)

Здружението на граѓани Иницијатива за европска перспектива – ИЕП го спроведува проектот „Дигитално оживување на занаетчиството: Оспособување на младите од руралните средини преку технолошки поттикнати модели на социјални претпријатија” , кој е дел од програмата BOOST Balkans, имплементирана од ALDA – European Association for Local Democracy со финансиска поддршка од AFD – Agence Française de Développement, а во РС Македонија координиран од ALDA Balkans.

Во рамки на проектот предвидено е подготовка на менторска програма за млади (15г. – 29г.) и локални занаетчии. За таа цел се објавува овој  јавен повик за доставување на понуди за подготовка на структурирана менторска програма и спроведување на менторство за млади и локални занаетчии согласно барањата наведени во описот на надлежности (ToR).

Повеќе информации за Описот на надлежности (ToR) видете тука.

Информации за повикот

Постапка: Отворен / јавен повик

Тип на договор: Договор за набавка на услуги

Повикот е отворен за физички лица и за правни лица.

Потребни документи

Техничка понуда

  • CV (биографија) на експертот;
  • Мотивациско писмо;
  • Доказ за релевантно професионално искуство (најмалку 2 референци)
  • Предлог методологија
  • Доказ за резидентност согласно домашната легислатива (за физички лица копија од пасош)
  • Тековна состојба од Централен регистар (ЦРМ), не постара од 6 месеци (за правни лица)
  • Портфолио (за правни лица)
  • Изјава

Финансиска понуда

Начин и рок на аплицирање

Заинтересираните субјекти треба да ја достават својата апликација преку електронска пошта на следнава адреса contact@iep.mk , најдоцна до 24.04.2026 (петок) до 16ч. по локално време.

Source

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Иницијатива за европска перспектива ИЕП

Продолжи со читање

  • ПРИЈАВИ СЕ: „Не ме ставај во рамка!“ – Девојки против стереотипите

    Дали сакаш да ги преиспиташ стереотипите, да го изразиш своето мислење и да придонесеш за општество во кое секоја девојка може слободно да биде тоа што е? Те покануваме да се пријавиш за учество во проектот „Не ме ставај во рамка!“ – Девојки против стереотипите, кој го спроведува Здружението за заштита и унапредување на животната средина Еко […]

  • БАРАЊЕ ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НA ПОНУДИ ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ЈАВЕН ФОРУМ

    Хелсиншкиот комитет за човекови права, во рамки на проектот „Equitable Governance: Enhancing Gender Responsive Budgeting in North Macedonia“, поддржан од UN Women, објавува барање за доставување на понуди за изнајмување на конференциска сала и угостителски услуги за одржување на јавен форум на 17 ноември 2026 година во Штип за 35 лица. Опис на бараната набавка: […]
    Read More… from БАРАЊЕ ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НA ПОНУДИ ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ЈАВЕН ФОРУМ
    The post БАРАЊЕ ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НA ПОНУДИ ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ЈАВЕН ФОРУМ appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

  • Отворен повик за аплицирање за стипендии за професионално усовршување во рамките на програмата „Заедници со интегритет“

    Oтворен е повик за аплицирање за стипендии за професионално усовршување, наменети за вработените во општините и институциите опфатени со програмата „Заедници со интегритет“, кои имаат интерес за професионален развој преку учество на обуки, тренинзи, курсеви и сертифицирани програми. Право на аплицирање имаат вработените во општините Град Скопје, Битола, Боговиње, Гази Баба, Куманово, Македонска Каменица, Неготино, […]
    The post Отворен повик за аплицирање за стипендии за професионално усовршување во рамките на програмата „Заедници со интегритет“ appeared first on IDSCS.

  • Повик за изразување интерес за приклучување кон Националниот консултативен механизам за Реформската агенда 2024-2027 (НКМ-РА) на Северна Македонија

    Институтот за европска политика – Скопје (ЕПИ) како координатор на регионалниот проект „Следење реформи и раст во Западен Балкан“ кој се спроведува во партнерство со партнерите од мрежата „Мисли за Европа“ (Think for Europe Network (TEN)),  ги повикува сите заинтересирани граѓански организации (ГО), стопански комори, социјални партнери, академската заедница и други засегнати чинители во Северна […]
    The post Повик за изразување интерес за приклучување кон Националниот консултативен механизам за Реформската агенда 2024-2027 (НКМ-РА) на Северна Македонија appeared first on EPI.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор