Уметноста, медиумите, јавното мислење и ајкулите во Вардар – https://okno.mk/node/69232

25.01.2018 00:32
Александра Бубевска
За улогата на уметноста во креирањето на јавното мислење и за меѓусебното влијание на медиумите и уметноста како фактори во формирањето на јавното мислење во Македонија сè уште немаме пообемни теориски текстови или пак истражувања, но секако ќе бидат потребни за да може во светло на поновите историски случувања во нашата држава, да ги разјаснат сите аспекти на нивната меѓусебна спрега, особено кога станува збор за општествените случувања во текот на 2015 и 2016 година.Општо е познато дека мас медиумите, весниците, телевизијата, радиото и интернетот се клучен фактор за формирањето на јавното мислење во општството. Сепак, последните неколку децении теоријата оди во насока на истакнување на клучната улога на медиумите во креирањето и поддржувањето на јавна сфера што овозможува активно учество на граѓаните, значи партиципативност.

со насилното затворање на А1 телевизијата, весниците Шпиц, Време и Коха и со промената на сопствениците во телевизијата Алфа во 2012 година, беше заокружено претворањето на сите медиуми во пропагандна машина на тогаш владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ.Но, каква беше ситуацијата со медиумите во последните десетина години во Македонија, дали тие реално ги одразуваа различните интереси и потреби на граѓаните, односно дали работеа во функција на јавниот интерес? Оценките на домашните и странските експерти се совпаднаа во последните неколку извештаи на Европската комисија за Македонија и најмногу во извештајот на Прибе. Без да се влегува во пошироко објаснување, бидејќи е познато што се случуваше со медиумите во Македонија, може само да се заклучи дека постепено, во периодот од 2006 до некаде 2011 година со насилното затворање на А1 телевизијата, весниците Шпиц, Време и Коха и со промената на сопствениците во телевизијата Алфа во 2012 година, беше заокружено претворањето на сите медиуми во пропагандна машина на тогаш владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ. Најгледаните телевизии и весниците во државата повеќе не работеа за јавниот интерес, односно во интерес на граѓаните, туку се претворија во тотална спротивност на она што се нарекува професионално новинарство, ширејќи во јавната сфера лажни информации и податоци и повици за насилство, јавен линч и сл. Карактеристики на нивното работење беа: спинување, заокружување, извртување на факти, повторување тенденциозни вести, генерирање омраза, наводни заговори, дефокусирање на јавноста… Списокот е долг. Паралелно со уништувањето на критичките медиуми и замолчувањето на вистинските новинари, режимот на владејачките партии создаваше веб-портали кои беа финансирани со пари од оф-шор дестинации како Белизе и слични, а истовремено ги финасираше медиумите преку нереално високо платените владини реклами со тоа заробувајќи ги до таа мера што тие сосема ги напуштаат етичките и професионалните стандарди на новинарството.

Се разбира, во периодот 2011-2016 година постепено се појавија неколку информативни портали (Плусинфо, а1он, Либертас, Нова ТВ) кои и покрај сите препреки и во субстандардни услови информираат за работите што навистина се случуваа во интерес на граѓаните. Само на телевизиите Телма и 24 ТВ можеше да се слушнат критички прилози и дебати. Посебна улога имаше и порталот Окно со својот силен визуелен израз и конзистентноста во објавувањето на критички текстови, како домашни, така и странски.

Паралелно со оваа ситуација во медиумската сфера, слично се случуваше и во институциите од културата, кои како и другите институции во државата стануваат длабоко партизирани најчесто со нестручни, туку исклучиво партиски поставени директори кои ја имаа улогата на цензори и чувари на директивите на партискиот водач. Дел од уметниците, особено оние кои создаваат критична уметност, во Македонија, во периодот од 2009 година почнуваат да се соочуваат со отворена цензура и ускратување на слободата на изразување, а особено кога се работеше за дела изложени во јавен простор. Во 2009 година, Град Скопје го избриша делото на Игор Тошевски „Територии“ од Плоштадот Македонија. Во 2012 година бeше отстранет билбордот на групата ОПА насловен „Ги чисти недостапните места“ поставен во близина на Универзална сала. Во 2013 година, инсталацијата на Велимир Жерновски „Сета убавина мора да умре“ беше прво жестоко нападната од медиумите блиски до власта, а потоа и отстранета. Во 2014 година делото на Ирена Паскали „Дупло за секое семејство, за Македонија“ беше отстрането од изложбата откако печатницата одби да го печати билбордот. Има уште примери каде критичката или ангажираната уметност наоѓаше на цврсто затворени врати или некои други помалку или повеќе суптилни видови цензура и игнорирање од страна на културните институции и центрите за одлучување.

Во такви услови, дел од уметниците побараа излез во неинстиуционални форми на изложување, особено на јавен простор, бидејќи, во контекст на она што го говори Шантал Муф за уметничките практики во јавниот простор, тие се залагаат за откривање на она што е потиснато од доминантниот консензус и го прават видливо она што е заташкано, затскриено со „цел да им дадат глас на сите оние кои се замолчени во рамките на постојната хегемонија“, излегувајќи од границите на репрезентативното, формалното, ликовното и влегувајќи во сферите на општественото живеење, но не симболично како во модерната, туку реално втурнувајќи се во негово обликување и менување.

Или како што пишува професорката Сузана Милевска: „со уметничките проекти наместо да ја критикуваат или имитираат реалноста, уметниците навлегуваат во нејзиниот поредок, а нивната уметност неизбежно станува дел од секојдневниот живот, истовремено менувајќи ја таа реалност одвнатре. На тој начин уметниците стануваат агенти на општествените и политичките трансформации“ („Кураторството како двигател на културната и геополитичка промена“; Press to exit space, Скопје, 2009)

Во тие и такви услови на македонскиот контекст се појавуваат урбаните уметнички герила акции, односно некаде пролетта 2015 година до порталите стигнуваат фотографии од дрвја на неколку градски локации кои имаат исплашени тажни очи. Од што се плашат дрвјата во Скопје? По монструозните, најчесто полноќни сечи на дрвјата што повеќе пати ги спроведуваше градската власт на Скопје – не беше тешко да се заклучи дека дрвјата со очи се плашат за својот живот. И тоа на сите им беше јасно. Како допре оваа порака до огромен број читатели и граѓани? Со едноставната, болно актуелна и недвосмислена порака што ја испраќаше преку порталите и социјалните мрежи. Дури и најголемите скептици кои тврдеа дека се работи за герила маркетинг кампања за некој производ попуштија пред реалноста на стравот во очите на тие дрвја, бидејќи ниту една пи-ар стратегија не може да го продуцира или репродуцира тој страв. Затоа што уметноста го презеде стравот како преовладувачко чувство кај многу македонски граѓани во тој момент и на смешен и истовремено тажен начин ги соочи со него.

Неколку денови подоцна на палмите, што беа една од поголемите бизарности и криминали на градската власт во Скопје, имаше мајмуни и овојпат пораката беше повеќе од јасна.

Утрото на 16 јули 2015 година се појавија ајкули што пливаат во Вардар. Доживеаја уште поголем успех и ги надминаа националните граници. И многу поважно од тоа дека видеото имаше стотици илјади прегледи на јутјуб каналот, повторно, беше разбивањето на стравот од режимот кај македонскиот граѓанин. Тоа го насетија пропагандистичките и провладини медиуми и веднаш удрија во спротивна насока, односно во сеење страв и паника. Па така весникот Вечер под наслов „На некого му е до мајтап: Ајкули во Вардар“! (интернет издание на „Вечер“, 16 јули) пишува: Утринава во Скопје беше забележана несекојдневна глетка, ајкули пливаа во Вардар. Нивните црни перки кружеа околу барокните галии, жалните врби и другите атракции во реката Вардар. Неколку случајни минувачи ја документирале бизарната и неввобичаена глетка со видео и фотографии кои подоцна ги споделиле на социјалните мрежи.“

Урбаните уметнички акции што најпрво беа изведени во Скопје, а потоа и во други средини низ земјата, беа и сѐ уште се пиониерски израз во МакедонијаУрбаните уметнички акции што најпрво беа изведени во Скопје, а потоа и во други средини низ земјата, беа и сѐ уште се пиониерски израз во Македонија и низ контиунираното презентирање најмногу на социјалните мрежи и на веб порталите станаа фактор на ослободување од стегите на стравот од режимот и се претворија во еден вид нормална комуникација, речиси секојдневна. И токму тој фактор на ослободување од стравот е најважната придобивка на овие акции и во контекст на креирањето на јавното мислење.

Втор значаен елемент беше анонимноста на акциите, значи зад нив не стоеше некое име, туку тие беа адресирани како дело на група граѓански активисти што исто така придонесе за зголемувањето на опсегот на влијание и полесна идентификација на граѓаните со нив.

Потоа се случи Шарената револуција.

Историчарот на уметност и колумнист Златко Теодосиевски пишува: „Покрај перформансите, (мисли на Шарената револуција, н.з.) акциите се вториот битен сегмент во овој колективен културен хепенинг. Меѓу нив секако т.н. герила акции „Ајкули во Вардар“, „Дрвја со очи“, „Споменик на дијазепамот“ и други, кои ги интригираа, воодушевуваа, но често и збунуваа скопјани. Велам збунуваа бидејќи во почетокот сите овие акции беа прекриени со некаква таинственост, осамнуваа тукуречи преку ноќ како своевиден „коментар“ за одделни настани, а непознати беа и лицата кои ги изведуваат, иако тоа никако не ја намалуваше нивната впечатливост и секако нивната проникливост, ироничност/духовитост. Притоа, нивната актуелност и „убоитост“ се мереше и со фактот дека речиси воопшто не беа спомнувани во прорежимските медиуми! Овие акции, или т.н герила акции, внесуваа(т) кај нас некаков нов пристап во јавната комуникација, во дијалогот уметник-јавност/јавен простор, целат кон популаризација на креативниот пристап во комуникацијата со граѓаните, барајќи притоа од јавноста да се охрабри да учествува во решавањето на сопствените проблеми (од која и да е природа!). Традиционалните уметнички форми, во најголема мерка, не можат да остварат таков директен контакт со публиката која што едновремено може да биде и учесник во чинот (teodosievskiumetnost.wordpress.com, Партиципативност, 4 јули, 2016)

Според Никола Писарев, иницијатор и еден од авторите на Урбаните уметнички акции, нивната идеја е да ги открива, реагира, комуницира па и во некои случаи делумно да ги решава локалните проблеми со кои граѓаните се соочуваат преку заеднички организирани акции на уметниците, архитектите (особено проблемите од сферата на урбанизмот и инфраструктурата) активистите и граѓаните кои се соочени со проблемот.

„Тие се базираат на партиципативните модели на решавање на урбаните, најчесто локални комунални проблеми преку спроведување најразлични креативни акции, кои покрај директните пораки за решавање на детектираните проблеми ќе овозможат и едукација и поврзување на граѓаните со уметниците/архитектите и граѓанските активисти и нивен заеднички настап за решавање на други нови проблеми“, вели Писарев.

Уметничките акции многу бргу потоа станаа очекувано, па дури и посакувано секојдневие за граѓаните, поттикнувајќи ги на тој начин моделите за соочување и решавање на проблемите во заедницата.

од половината на 2015 година се направени повеќе 30 акции од различен тип од кои некои, како ајкулите во Вардар, очите на дрвјата, споменикот на дијазепамот, флуоресцентните велосипеди со пораки… ги надминаа границите на МакедонијаВо изминатиот период, од половината на 2015 година се направени повеќе 30 акции од различен тип од кои некои, како ајкулите во Вардар, очите на дрвјата, споменикот на дијазепамот, флуоресцентните велосипеди со пораки… ги надминаа границите на Македонија и станаа добро познати и во другите балкански и европски држави и ги соочија луѓето со некои пошироки проблеми како што беше, на пример, споменикот на лекот дијазепам (оваа акција се спроведе откако беа објавени податоци дека македонските граѓани најмногу од сите лекови го употребуваат овој лек за смирување), исто беше и со патоказот кој покажуваше колку луѓе се отселиле од само неколку рурални региони во земјата.

Од друга страна, некои локални акции како што беше риболовот во дупка на улица во Велес, или гинисовиот рекорд за одолговлекувањето на реконструкција на улица, беа препознаени на локално ниво во заедниците на кои беа наменети и во неколку случаи, допринесоа надлежните да реагираат и трајно да ги решат посочените комунални проблеми.

Што говори не само за влијанието на овие акции врз промената на јавното мислење што неколку години преовладуваше во јавната сфера, а тоа е дека со молк ќе се спасите од долгата рака на режимот, туку за реалното влијание на овие акции, за кои да се надеваме дека ќе продолжат и во иднина за да откриваат и реагираат.

Продолжи со читање

  • Учество на осмата меѓународна регата Сава Наутик во Брчко – БиХ

    Претставникот на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес, Владимир Ивановски Вуцо и од Вардарска регата “Гемиџии“ Владимир Стојанов и Томе Шескокалов во периодот од 28-30.8.2026 год. на покана на здружението ИКС центар (X centar) од Брчко Дистрихт – БиХ земаа учество на осмата меѓународна туристичка рега “Сава наутик“. На оваа…

  • Погледнете го нашето ново промотивно видео и откријте како органскиот отпад може да стане вредна суровина!

    Преку силен фокус на циркуларната економија и еколошката едукација, сакаме да ги поттикнеме граѓаните на итна акција за правилно сортирање на отпадот — клуч чекор кон здрава животна средина и ублажување на климатските промени. Главни ѕвезди во видеото се наставниците и учениците од основните училишта каде што ги одржавме нашите едукативни работилници. Тие јасно порачуваат: со менување на секојдневните навики и активен граѓански ангажман, секој од нас има моќ да донесе позитивни промени во општеството!
    Ова видео е дел од промотивнтаа дигитална кампања со едукативно-информативни содржини за придобивките и начините за искористувањето на потенцијалот на органскиот отпад.
    Оваа видео е подготвено во рамките на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“, спроведуван од Resource Environmental Center – REC North Macedonia Центарот за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија, Eco – Logic и Center for Environmental Democracy – Florozon Флорозон – Центар за еколошка демократија, со поддршка од Владата на Швајцарија и Embassy of Switzerland in North Macedonia преку програмата Цивика мобилитас #CivicaMobilitas.
     
    Содржината на оваа видео е единствена одговорност на партнерите во проектот и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Владата на Швајцарија #CHinMK, Цивика мобилитас #CivicaMobilitas, или организациите што ја спроведуваат.

  • Европски младински камп во Михелштат: Заедно растеме и создаваме лидери

    Програми Европски младински камп во Михелштат: Заедно растеме и создаваме лидери Кампот Михелштат во Германија беше домаќин на Европскиот младински камп, кој собра 135 учесници од 15 земји. По долго патување, а за некои и пристигнување во Михелштат низ серија на предизвикувачки услови, младите и нивните лидери се обединија околу заедничката тема: “Growing together – rooted in values – rising as leaders“, односно „Растеме заедно – вкоренети во вредностите – се издигнуваме како лидери“. Кампот понуди динамична програма исполнета со различни курсеви, интерактивни работилници и можности за размена на знаења и искуства. Курсевите беа задолжителниот дел и опфаќаа повеќе теми поврзани со менталното здравје, лидерството, активности на отворено поврзани со изградба на куќарки на дрва, обработка на темата “Do no harm” како методологија против било каков вид на насилство, односи со јавност, техники за раскажување приказни, театарски пристап во работата со млади и дигитално образование. Младите учесници и младинските работници активно придонесуваа со сопствените идеи, практики и перспективи, создавајќи простор во кој сите можеа да учат едни од други. Во фокусот беше заедничкото учење за иднината на младинската работа, како и развивањето лидерски способности засновани на вредности, соработка и меѓународно разбирање. Покрај едукативниот дел, програмата беше збогатена со многу креативни и забавни активности. Учесниците имаа можност да бидат дел од интернационален музички бенд, да создаваат уметност низ различни работилници за рачни изработки, цртање и сликање, работилници за дизајнирање восочни свеќи како и склопување и дизајнирање на куќарки за мали птици, да учествуваат во работилници за пеење (ten sing), да посетуваат сесии за релаксација и да учествуваат во спортски активности на терените на кампот во Михелштат. Дури и високите температури не ги спречија учесниците да учествуваат на сите овие настани, но и да уживаат во посетата на локалниот базен. За учесниците, покрај овие обврски, вклучена беше и прошетка до адреналински парк и возење на мал, планински ролеркостер, како и патување со брод по реката Мајна до блискиот град Милтенберг. Од Македонија имаше вкупно 7 претставници. Во изминатите четири години, овој камп прерасна во важно место за средба на европското ИМКА движење. Тој не претставува само меѓународен собир, туку простор каде што младите градат пријателства, споделуваат искуства и се инспирираат стекнатото знаење да го пренесат во своите земји и локални организации. Овој камп служи за сплотување на младинските работници низ камповите во Европа и е особено значаен за нашата земја од аспект на тоа што нуди споделување на искуства поврзани со камп културата која што ИМКА во Битола и во Македонија неуморно се труди да ја издигне на едно повисоко и препознатливо ниво за сите наши локални учесници, волонтери и поширока публика. * Пред да дојдам на кампот во Михелштат немав некои преголеми очекувања. Се надевав дека ќе запознаам нови луѓе, ќе стекнам пријатели и ќе разменам мислења со млади од различни земји. На крајот, сето тоа се исполни, па дури и ги надмина моите очекувања. Најинтересен и највпечатлив дел за мене беше курсот за лидерски вештини. Таму научив многу корисни работи за комуникацијата, тимската работа и начинот на кој еден лидер може позитивно да влијае на другите. Сигурно ќе ги применам овие знаења и во мојата заедница. За време на кампот стекнав поголема самодоверба во споделувањето на моите мислења и научив како подобро да ги разбирам и почитувам луѓето околу мене. Ова искуство ми помогна да пораснам како личност и да станам поотворен кон нови идеи и перспективи. Дефинитивно би го препорачал Михелштат кампот на секој млад човек кој сака да стекне нови искуства, да создаде меѓународни пријателства и да научи нешто корисно и вредно за својата иднина. Никола Гелов Кога првпат слушнав за кампот во Михелштат, сè ми дојде многу неочекувано. Бев пресреќна кога дознав дека и моите другарки добија можност да учествуваат, бидејќи знаев дека заедно ќе доживееме едно незаборавно искуство. Секој ден на кампот ми беше интересен на свој начин. Имав можност да научам многу нови работи и да запознаам луѓе од различни средини. Особено ми се допадна курсот по пеење. Таму научив дека не треба да се плашиме да пробаме нешто ново. Ако никогаш не се обидеме, нема да знаеме што можеме да постигнеме. Секој човек има свој талент и свој начин на изразување, а токму тоа нè прави посебни. Едно од највозбудливите искуства за мене беше активноста во Tree House. Искрено, пред да дојдам на кампот мислев дека тоа не е нешто што би го направила во мојот град. Но, овде решив да излезам од мојата зона на удобност и да пробам нешто ново. На крајот, многу се забавував и бев горда на себе што се осмелив да учествувам. Од курсот по пеење научив и една важна животна лекција: дека не треба да ги осудуваме другите. Секој може да направи нешто на свој начин и тоа не го прави помалку вреден. Наместо да критикуваме, треба да ги прифатиме и почитуваме разликите меѓу луѓето. Кампот ме научи да се дружам со сите, да бидам поотворена и да не донесувам брзи заклучоци за другите. Сфатив дека секој човек има своја приказна и дека сите заслужуваат почит, разбирање и поддршка. Најважната порака што ќе ја понесам со себе е дека треба да бидеме храбри и да не се плашиме од нови предизвици. Нема глупави прашања и нема неуспеси кога учиме нешто ново. Секое искуство е можност да пораснеме и да станеме подобра верзија од себе. Дефинитивно би им го препорачала Михелштат кампот на сите млади кои имаат можност да учествуваат. Пријателствата, чувството дека сте дел од едно големо семејство, новите искуства и сè што се учи таму се нешта што тешко можат да се доживеат на друго место. Тоа е искуство кое засекогаш останува во сеќавање. Јована Кирјаковска   Бидејќи и претходно имав учествувано на два меѓународни кампа надвор од Македонија, дојдов во Михелштат со високи очекувања и чувство на возбуда. Од моите претходни искуства знаев дека ме очекува нешто посебно, а кампот ги надмина сите мои очекувања. Она што најмногу ми се допадна беше разновидноста на курсевите и работилниците. Тие создадоа можност сите учесници да се запознаат подобро, да се дружат и да учат едни од други.

  • ENSURE истакнат како значајна иницијатива за идната подготвеност на првите одговорни служби

    ENSURE истакнат како значајна иницијатива за идната подготвеност на првите одговорни служби На 27 јуни 2026 година, Кирил Михајлов, командир на Доброволното противпожарно друштво Свети Николе, учествуваше на панел-дискусија во Скопје посветена на противпожарната заштита и подготвеноста за вонредни состојби. Во рамки на дискусијата беа разгледани дел од клучните предизвици со кои се соочуваат противпожарните…

  • Реални искуства од шумските пожари во функција на подобра подготвеност преку ENSURE

    Реални искуства од шумските пожари во функција на подобра подготвеност преку ENSURE Доброволното противпожарно друштво Свети Николе продолжува да придонесува кон целите на проектот ENSURE преку своето директно учество во сложени интервенции на шумски пожари во Северна Македонија. За време на големиот пожар во Општина Македонски Брод, тимот на ДПД Свети Николе беше ангажиран како…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор