Случај Гостивар: Борба за поголем простор на градските улици

Случај Гостивар: Борба за поголем простор на градските улици

Со изградба на катни гаражи и нов кружен тек, општина Гостивар планира да ја подобри хаотичната ситуација со сообраќајот. На семафорите ќе има и звучна сигнализација за поголема безбедност на слепите лица – најавува локалната власт.  Граѓаните сепак бараат и организиран јавен превоз, но  засега според надлежните, тоа не е изводливо.

Зафатени паркинг места за лица со телесна попреченост, узурпирани тротоари и отсуство на звучен сигнал за слепите лица на крстосниците со семафори. Ова се трите клучни елементи што ја сочинуваат сликата за инклузијата на граѓаните со попреченост во Гостивар.  Движењето низ градот за нив и нивните семејства е вистински предизвик, бидејќи ризикот за безбедноста е голем – покажува искуството на граѓанските организации што се занимаваат со ваквата проблематика. Ова само говори во прилог на она на што граѓанскиот сектор укажува со години наназад – одредбите од Конвенцијата на Обединетите Нации за правата на лицата со попреченост речиси и да не се имплементираат во пракса, и тоа на ниво на држава, иако Македонија го ратификуваше документот уште во 2011-та.

Како поточно изгледа движењето низ гостиварските улици за лицата кои се во количка или користат патерици, разговаравме со претседателот на здружението „Заедно можеме“, Шпенди Салија, кој е родител на дете со церебрална парализа.

„Во градот има спуштени тротоари, наменети токму за лица со посебни потреби, но ги нема секаде.  Луѓето што се во колички имаат потешкотии кога се движат низ градот. Свеста на возачите е малку ниска, паркираат до пристапните тротоари баш каде што треба да поминат луѓето со количка. Исто така, проблем е да се оди и до Болницата, таму не може да одат луѓето во инвалидски колички. Нема спуштени тротоари, а и оние што ги има не само што не се спуштени, туку се и тесни и тогаш лицата со количка одат долу на улицата и си го ризикуваат животот. Луѓето што се со колички го знаат градот, знаат каде има пристапни тротоари, но некогаш таму има автомобили. Овие луѓе не се како другите што може да се симнат на улица, па пак да се качат на тротоар. Значи мора да кружат, да најдат друг спуштен тротоар и така се ставаат во ризик и себеси и личноста што им е придружба“, објаснува Салија за Канал 77.

Граѓаните со попреченост се ослободени од плаќање за зонското паркирање, но, како проблем се јавува недостигот на обележани паркинг места за нив. Салија вели и дека обележаните паркинг места се оддалечени од објектите, што според него треба да се промени, за да може граѓаните со телесен хендикеп полесно да си ги извршуваат обврските. Родителите на деца со попреченост со кои тој контактира, му укажале дека дури и кога ги предупредуваат возачите дека паркираат онаму каде што не смеат, наидуваат на игнорантски однос. Токму поради тоа, Салија потенцира дека мора интензивно да се работи на зголемување на свеста за проблемот со инклузијата.

„Може да се влијае со кампањи и со повеќе контроли од МВР, бидејќи така се загрозува животот на секој човек во количка. Треба да има и повеќе казни. Членовите на нашето здружение имале ситуации во кои им кажале на возачите да не паркираат таму затоа што треба да поминат и тие им велат „што ми е гајле“. Го оставаат автомобилот каде што не треба, а не е законски тоа.  Тоа е голем проблем бидејќи може да се случи сообраќајна незгода“, додава нашиот соговорник.

На овој проблем упатија и граѓаните кои беа дел од работилницата којашто ја организираше Здружението на граѓани „Медиа плус“. Тие побараа неселективно казнување на оние што ги прекршуваат сообраќаните правила и прописи. Забележаа дека поради недостигот на паркинг места, дури и детските игралишта се претвораат во паркинзи, а проблемот со сообраќајниот хаос дополнително се усложнува кога доаѓаат печалбарите и настанува уште поголем метеж во градот, во кој според граѓаните, треба да има повеќе лежечки полицајци. Тие истакнаа дека Општината треба да организира јавен превоз, а надлежното претпријатие да ги засили интервенциите со „пајак“ возилото.

Од Општина Гостивар сепак сметаат дека сообраќајната безбедност е на задоволително ниво.  Пред два месеца од Одделот за собраќај направиле контрола на сите поставени сообраќајни знаци и планираат да интервенираат онаму каде што ќе има потреба. Канал 77 ја праша локалната самоуправа дали планира да овозможи повеќе спуштени тротоари за да се подобри инклузијата на граѓаните со попреченост. Оттаму ни одговорија дека планираат до крајот на оваа година, бројот на пристапни тротоари да се зголеми.

-До крајот на следниот месец пак, ќе биде поставена звучна сигнализација на семафорите за да може да се олесни движењето на слепите лица – информираат од Општината.

Ги потсетивме и на ветувањето на градоначалникот Арбен Таравари од 2018 година, кога тој најави јавен превоз со минибуси. Сепак, од надлежното одделение во Општината ни изјавија дека иако го разгледале ваквиот предлог, воочиле дека тој не е содветен на резултатите од анализите на стручните лица за сообраќај.

Овој план не е издржан по основа на сите неопходни показатели за воведување на јавен превоз, независно дали тој би бил со минибуси или со автобуси – сметаат од Општината, чиј прв човек пред нешто повеќе од две години вети и поттикнување на масовно користење на велосипеди. Локалната самоуправа признава дека условите за велосипедизам не се задоволителни, но сметаат дека Општината не може значително да влијае да  веќе постоечката сообраќајна инфраструктура. Плановите на надлежните се да бидат изградени повеќе велосипедски патеки.

Минатата година од општинскиот буџет биле издвоени еден милион денари за субвенции за велосипеди – мерка која ја искористиле 230 граѓани.

Во однос на барањето на гостиварци со кои дискутираше Здружението „Медиа плус“ за повеќе паркинг места, од Општината истакнуваат дека е планиран нов кружен тек. Меѓутоа, како позначаен се издвојува проектот за изградба на три катни гаражи, за што веќе е изработена физибилити студија. Новите катни гаражи се дел од донесените детални урбанистички планови, но за ти да бидат изградени, на локалната власт ќе и’ треба помош од централната.

Со ваквиот документ кој наскоро ќе се најде пред гостиварските советници се запознаени и од Јавното претпријатие „Јавни паркиралишта и зеленило“. Првиот човек на оваа институција, Беким Челебиу сподели дека освен катните гаражи, планирано е да се воведат 200 до 250 нови паркинг места во градот, за што треба да се одржи средба со претставници на СВР Тетово. Засега претпријатието располага со 840 паркинг места, но за да се зголеми нивниот број на над 1000, потребно е да се излезе на терен со полициска екипа, да се извршат мерења и анализи за промена на режимот на паркирање.

Возилата на оние кои се паркираат несоодветно се подигаат со „пајак“ возилото кое во градот го има уште со основањето на ова претпријатие во 2015. година.

Директорот Челебиу истакнува и дека има обиди за злоупотреба.

„Билетот за паркинг за 1 час изнесува 25 денари. Билетот се купува во супермаркети, во трафики, насекаде може да се најде. Возачите купуваат еден билет, го ставаат на шофершајбна и потоа билетот се поништува, но тие сакаат со тој билет да се паркираат на друго место. Тоа кај нас не поминува, бидејќи системот покажува дека билетот е веќе поништен и кога тоа ќе се случи следува казна“, вели директорот на „Јавни паркиралишта и зеленило“. Според некои, некои од возачите чии автомобили се кренати од страна на „пајак“ службата понекогаш се жалат дека биле казнети иако паркирале само на пет минути. Челебиу сепак вели дека тоа не е возможно, бидејќи системот дозволува бесплатно паркирање ако се работи за десет минути.

„Луѓето се жалат дека се паркирале на пет минути, а се казнети. Во таков случај ги повикуваме, го отвораме системот и тој покажува дека возилото е паркирано 20 минути, а не пет минути. Значи сме го толерирале таквото паркирање без да пуштат смс порака. Не купиле билет и се казнети. Пред да поминат 10 минути од паркирањето и да сакаш не можеш да ставиш казна, системот дозволува толеранција од 10 минути“, додава директорот на надлежното јавно претпријатие.

Податоците на полицијата пак, говорат дека во Гостивар ланската година од „пајак“ службата биле подигнати 230 непрописно паркирани возила, од кои најголем дел на улиците „Браќа Ѓиноски”, „Гоце Делчев”, „Илинденска” и „ЈНА” .

Оваа публикација е изработена во рамките на проектот „Здружени сме посигурни и побезбедни” за ЗГ Медиа плус од Штип, која е корисник на финансиска поддршка од програмата Цивика мобилитас. Содржината на ова аудио е единствена одговорност на ЗГ Медиа плус и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Цивика мобилитас.

Продолжи со читање

  • YMLP 2026 – лидерство, самодоверба и незаборавни искуства

    Последни новости YMLP 2026 – лидерство, самодоверба и незаборавни искуства Од 8 до 11 јули 2026 година, група средношколци од различни градови низ Македонија се собраа во Битола на кампот YMLP 2026 (Young Men’s Leadership Project) – лидерско и авантуристичко искуство организирано од ИМКА Македонија во партнерство со волонтерите на Мировниот корпус, алумни и локални волонтери. Иако со помал број учесници, YMLP Кампот овозможи секој млад човек да добие индивидуално внимание, да изгради искрени пријателства и да се предизвика себеси преку активности насочени кон развој на лидерски способности, самодоверба и личен раст. Во текот на четирите дена, учесниците работеа на теми поврзани со столбовите на ИМКА – личен развој, лидерство, заштита на животната средина, граѓанска одговорност и кариерен развој. Преку интерактивни работилници, тимски предизвици и практично учење, тие ги препознаваа своите силни страни, ги развиваа комуникациските вештини, учеа да решаваат проблеми во тим и размислуваа како можат позитивно да придонесат во своите училишта и локални заедници. Едукативниот дел беше надополнет со бројни рекреативни и активности на отворено. Учесниците уживаа во куглање, флег-фудбал, олимписки игри, водени предизвици и креативни активности кои поттикнуваа тимска работа и здрав натпреварувачки дух. Еден од најнезаборавните моменти беше кампувањето во Националниот парк Пелистер. Момчињата ноќеваа во шатори, се дружеа околу логорски оган со традиционалните s’mores, го поминаа адреналинскиот парк, пешачеа низ шумските патеки и заеднички решаваа симулација на авионска несреќа, активност која ги стави на тест нивните комуникациски вештини, лидерски способности и носење одлуки под притисок. За самите учесници, најголемата вредност на кампот беа пријателствата и чувството на заедништво. Еден учесник сподели: Спортските активности, огромната количина смеа меѓу нас и запознавањето нови луѓе. Друг учесник го сумираше своето искуство: Активностите беа одлични, луѓето, персоналот – сè беше одлично. Други како највпечатлив дел го издвоија престојот во природа: Кампувањето во шатори, s’mores и стекнувањето нови пријателства. Кампот на Пелистер. Влијанието на YMLP кампот продолжи и по враќањето дома, а родителите забележаа значајни позитивни промени кај своите синови. Еден родител сподели особено емотивно искуство: Мојот син не сака многу да зборува. Најчесто одговара само со ‘да’ или ‘не’ и ретко раскажува што му се случувало во текот на денот. Откако се врати од кампот, стана многу поотворен. Почна да зборува за своите планови, да бара совет и помош, а покажа и поголем интерес за локални прашања како загадувањето, отпадот, планинарските и велосипедските патеки. Почна да ми раскажува како му поминал денот и што правел со пријателите. За мене како родител, тоа е огромна позитивна промена. И други родители забележаа охрабрувачки промени: Подобрени комуникациски вештини. Порасположен, посамоуверен и полн со позитивни впечатоци. YMLP кампот е многу повеќе од четиридневно летно искуство – тој претставува почеток на подолг лидерски пат. Следната година, учесниците ќе имаат можност да аплицираат за програмата Counselors-in-Training (CiT). Оваа програма е дел од целогодишната Leaders-in-Training (LIT) програма на ИМКА Македонија, преку која младите стекнуваат лидерски, менторски, комуникациски и волонтерски вештини, подготвувајќи се да станат идни советници на камповите и лидери во своите заедници. Преку кампот YMLP, ИМКА Македонија продолжува да инвестира во младите, помагајќи им да изградат самодоверба, цврст карактер и практични лидерски вештини што ќе им овозможат позитивно да придонесуваат во своите семејства, училишта и локални заедници.

  • Соларен саем во Кичево: Сончевата енергија поблиску до граѓаните

    На 8ми август на Градскиот плоштад во Кичево се одржа Соларен саем посветен на сончевата енергија, обновливите извори и можностите што им стојат на располагање на граѓаните за поактивно учество во енергетската транзиција. Саемот беше можност посетителите на едно место да добијат практични и разбирливи информации за користењето на сончевата

  • Велешките гемиџии и извидници учесници на рафтинг манифестација “Неретва и пријателите 2026 – Битката на Неретва“

    Во периодот од 14 до 16 август 2026 год. дванаесет извидници и гемиџии на покана на рафтинг клубот “Тузлак“ од Тузла, Босна и Херцеговина земаа учество на рафтинг манифестацијата Тузла и пријателите – Неретва 2026 или Битката на Неретва. Рафтинг спустот се организираше на реката Неретва, а ние и повеќе…

  • GLOW 2026 охрабри речиси 40 млади девојки преку лидерство, авантура и пријателство

    Последни новости GLOW 2026 охрабри речиси 40 млади девојки преку лидерство, авантура и пријателство Од 1 до 4 јули 2026 година, речиси 40 средношколки од околу 15 градови низ Македонија се собраа во Битола на кампот GLOW 2026 (Girls Leading Our World) – уникатно лидерско искуство организирано од ИМКА во партнерство со волонтерите на Мировниот корпус, алумни и локални волонтери. Направен со цел да ја инспирира следната генерација млади лидерки, кампот GLOW ги обедини практичното учење, авантурата во природа и креативноста во средина каде што секоја учесничка беше охрабрена да ги открие своите силни страни, да ги поддржува другите и да ја изгради својата самодоверба. Во текот на четиридневната програма, учесничките следеа интерактивни работилници засновани на столбовите на ИМКА – личен развој, лидерство, заштита на животната средина, граѓанска одговорност и кариерен развој. Преку практични активности, тие развиваа критичко размислување, способност за тимска работа и лидерски вештини кои ќе можат да ги применуваат во своите училишта и локални заедници. Покрај едукативниот дел, програмата понуди богата палета рекреативни активности, меѓу кои креативни работилници, куглање, олимписки игри и забавни водени предизвици кои поттикнуваа тимски дух и здрава конкуренција. Еден од највпечатливите моменти беше престојот во Националниот парк Пелистер, каде што девојките кампуваа во шатори, го совладаа адреналинскиот парк, и уживаа во пешачење и истражување на шумата преку интерактивна потрага по природни богатства. Влијанието на кампот најдобро го опишаа самите учеснички: Неверојатната енергија на сите! Секоја активност беше одлично организирана, сите беа гостопримливи и пријателски настроени, а заедно доживеавме толку многу нови искуства. Најмногу ми се допадна што конечно направив работи за кои отсекогаш сум сонувала, и тоа опкружена со прекрасни девојки на моја возраст! Посебно ми значеше чувството на топлина и сигурност што го создаде просторот исполнет со жени кои се поддржуваат меѓусебно. Друга учесничка го истакна богатството на програмата: Секој ден беше исполнет со различни и уникатни активности, така што ниту еден ден не беше ист како претходниот. Советничките беа прекрасни, секогаш позитивни и полни со охрабрување. За многу девојки, токму пријателствата создадени за време на кампот останаа највредниот дел од целото искуство: Најмногу ми се допадна заедништвото што го создадовме во кампот – атмосфера исполнета со поддршка и пријателски дух. Имав чувство дека сме во еден посебен свет исполнет со љубов и добрина, далеку од суровоста што понекогаш ја носи секојдневието. А и храната беше одлична! Влијанието на кампот продолжи и по неговото завршување, а родителите забележаа позитивни промени кај своите ќерки. Еден родител сподели „Забележав дека стана поотворена и ме изненади колку многу енергична беше кога се врати дома. Ми се чини дека стекна и многу поголема храброст отколку порано. Беше пресреќна и веднаш ми кажа дека следната година повторно сака да учествува.“ Други родители истакнаа промени како: Подобри комуникациски вештини. Поголема самодоверба. Порасположена е, посигурна во себе и полна со прекрасни впечатоци. Следното лето дел од овогодишните учеснички ќе имаат можност да го продолжат своето лидерско патување преку пријавување во програмата Counselors-in-Training (CiT). Оваа програма е дел од целогодишната Leaders-in-Training (LIT) програма на ИМКА, преку која младите развиваат лидерски, комуникациски, менторски и волонтерски вештини во текот на учебната година, подготвувајќи се да станат идни советници на камповите. Преку оваа лидерска патека, ИМКА инвестира во младите не само како учесници на камповите, туку и како идни ментори и лидери кои ќе ја инспирираат следната генерација.

  • Одржана обука за академско пишување за авторите на седмото издание на „Правен фокус“

    Како дел од подготовките за седмото издание на списанието „Правен фокус“, од 14 до 16 август во Охрид се одржа обука посветена на стандардите за академско пишување. Обуката беше наменета за избраните автори кои ќе подготват стручни статии за новото издание, посветено на темата „Помеѓу […]
    The post Одржана обука за академско пишување за авторите на седмото издание на „Правен фокус“ appeared first on Myla.

  • Дневниот камп SPARK 2026 ја инспирираше новата генерација млади лидери

    Последни новости Дневниот камп SPARK 2026 ја инспирираше новата генерација млади лидери Од 23 до 25 јуни 2026 година, ИМКА Македонија го организираше дневниот камп SPARK во Битола – три незаборавни дена исполнети со авантура во природа, развој на лидерски вештини и учење преку практично искуство. Кампот беше реализиран во партнерство со Мировниот корпус, Педагошкиот факултет, Технолошко-техничкиот факултет и алумни на камповите на ИМКА. Активностите се одржуваа во шумскиот простор во близина на Педагошкиот факултет, кој овозможи безбедна и инспиративна средина за учење, дружење и стекнување нови пријателства. Во текот на трите дена, учесниците беа дел од разновидни активности инспирирани од лидерските столбови на ИМКА – личен развој, лидерство, граѓанска одговорност и заштита на животната средина. Преку искуствено учење на отворено, тимски предизвици, олимписки игри и забавни водени активности, децата ги развиваа својата самодоверба, соработката и тимскиот дух. Еден од највозбудливите моменти беше еднодневната посета на Националниот парк Пелистер. Таму учесниците ги тестираа своите способности во адреналинскиот парк, а потоа учествуваа во организирана прошетка низ шумските патеки. Овие активности ги поттикнаа да излезат од својата комфорна зона, да се охрабруваат меѓусебно, да градат отпорност и истовремено да ја запознаваат и ценат природата на Македонија. SPARK претставува прв чекор во лидерската патека на ИМКА. Како дневен камп наменет за ученици од основно образование, тој ги подготвува младите за следната фаза – лидерските кампови за средношколци Girls Leading Our World (GLOW) и Young Men’s Leadership Project (YMLP). На тој начин, учесниците добиваат можност континуирано да ги развиваат своите лидерски способности, чувството за заедница и личната одговорност. Влијанието на кампот SPARK продолжи и по неговото завршување. Во анкетите по кампот, родителите дадоа исклучително високи оценки за целокупното искуство, истакнувајќи дека кај нивните деца забележале поголема самодоверба, независност, нови пријателства и уште поголем ентузијазам за учење преку активности во природа. Нивните позитивни впечатоци се уште една потврда за заложбата на ИМКА да создава безбедни, квалитетни и трансформативни програми за млади. ИМКА упатува искрена благодарност до координаторите, советниците, персоналот и сите поддржувачи кои придонесоа за успешната реализација на SPARK 2026. Благодарение на нивната посветеност, младите добија можност да ги откријат своите потенцијали, да создадат спомени за цел живот и да ги направат првите чекори на своето лидерско патување.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор