[Aggregator] Downloaded image for imported item #47717

Реакција на МОФ во однос на одлуката на Министерот за социјална политика, демографија и млади

Младински образовен форум изразува сериозна загриженост и разочараност од одлуката на Министерството за социјална политика, демографија и млади да ја прекине и повтори постапката за избор на младински претставник во Управниот одбор на Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO).

Ова не е изолиран административен пропуст, туку повторување на веќе видена институционална пракса, со која се обезвреднува учеството на младите и на младинските организации. По втор пат се прекинува постапка за избор на младински претставник и се негира веќе завршен избор. Ваквиот однос е крајно несериозен, неодговорен и спротивен на суштината на младинското учество.

Процесот за избор на младински претставник во Управниот одбор на РИКО беше сложен, но инклузивен и транспарентен. Во него учествуваа граѓански организации регистрирани во Регистарот на младински организации. Беше објавен јавен повик, на кој се пријавија двајца кандидати. Со двајцата кандидати беа спроведени интервјуа, од претходно формирана работна група, а младинските организации имаа можност да ги разгледаат кандидатурите и да учествуваат во оценувањето. Потврдата на постапката беше направена од повеќе од половина од организациите вклучени во процесот, нешто што правилникот за работа изгласан од самата работна група, го предвидува.

Постапката од страна на младинските организации беше завршена. Единствено што преостануваше беше формалното потпишување од страна на министерот.

Оттука, јавно прашуваме: дали потписот на еден министер, е поважен од интересот на младите и нивното учество во регионалните процеси? Дали поради волјата на еден функционер, Македонија ќе остане без свој младински претставник во Управниот одбор на РИКО?

РИКО е создадена како регионален механизам за младинска соработка, помирување, мобилност и учество на младите од Западен Балкан. Токму затоа е недозволиво изборот на младински претставник да се третира како административна процедура, што може да се поништува секогаш кога институцијата нема политичка волја да го признае изборот на младинскиот сектор.

Институциите не смеат да го контролираат изборот на младинските претставници, туку треба да создадат услови младите и младинските организации самостојно, транспарентно и легитимно да одлучуваат кој ќе ги претставува. Наместо конечно да се надмине оваа пракса, денес повторно сме сведоци на институционално блокирање на процес кој младинските организации го спроведоа од почеток до крај.

Младинското учество не смее да биде декларативна заложба што институциите ја користат само кога им одговара. Ако младите се повикуваат да учествуваат во процеси, нивниот избор мора да се почитува. Ако младинските организации вложиле време, ресурси и доверба во процесот, институциите немаат право без јасно, конкретно и јавно образложение да го поништат исходот.

Затоа, бараме Министерството јавно и детално да ги објави наводните процедурални и формални недостатоци поради кои е прекината постапката. Општите формулации не се доволни за да се поништи процес во кој учествувале младински организации, кандидати и работна група. Доколку постоеле недостатоци, тие требало да бидат утврдени, комуницирани и решени во текот на процесот, а не откако целата постапка завршува.

Воедно, бараме Министерството да ја почитува волјата на младинските организации и да го финализира изборот на младинскиот претставник во Управниот одбор на РИКО, наместо повторно да ја враќа постапката на почеток и да ја продлабочува недовербата меѓу младите, граѓанските организации и институциите.

Младински образовен форум бара итно преиспитување на одлуката за прекин на постапката и почитување на веќе спроведениот избор од страна на младинските организации.

The post Реакција на МОФ во однос на одлуката на Министерот за социјална политика, демографија и млади appeared first on МОФ.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Младински Образовен Форум

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор