[Aggregator] Downloaded image for imported item #48248

СТАНИЦА ПЕТ со придонес во процесот на унапредување на Локалниот акциски план за Зелена агенда на Општина Прилеп

На 14 мај 2026 година, тимот на Здружение СТАНИЦА ПЕТ учествуваше на фокус група организирана во соработка со Општина Прилеп, посветена на унапредувањето на Локалниот акциски план за Зелена агенда.

На настанот беше разгледана нацрт-верзијата на планот, подготвена врз основа на претходно реализирана работилница, при што учесниците дискутираа за приоритетите и мерките во областа на управувањето со отпад, енергетската ефикасност, мобилноста и транспортот, заштитата на природните ресурси и подобрувањето на квалитетот на животната средина.Настанот беше организиран во рамките на проектот „Climate Bridges – Network in Action“, кој е дел од EUKI – European Climate Initiative. Проектот е финансиран од Германското федерално министерство за животна средина, климатски акции, заштита на природата и нуклеарна безбедност (BMUKN), а го спроведуваат Urban Research Institute, CIPRA International, Udruga Zelena Istra, CENER 21, Center for Energy, Environment and Resources и Центар за климатски промени.

Претставниците на СТАНИЦА ПЕТ активно се вклучија во дискусијата и дадоа предлози и препораки кои произлегуваат од долгогодишната работа на здружението во областа на заштитата на животната средина, граѓанското учество и соработката со локалните институции. Особено беше нагласена важноста од поголемо вклучување на граѓаните во процесите на донесување одлуки и следење на спроведувањето на локалните политики поврзани со животната средина. Учеството на СТАНИЦА ПЕТ на оваа фокус група е во согласност со активностите што здружението ги спроведува во рамките на проектот „Еко иницијатива: граѓаните и локалната власт во акција за заштита на животната средина“, во рамки на програмата за подгрантирање на проектот „Добро владеење во животната средина на Зелена Агенда за Западен Балкан”, имплементиран од Центарот за правни истражувања и анализи, Македонското здружение на млади правници и Фронт 21/42, а е финансиски поддржан од Европската унија. Целта на овој проект е да ја зајакне соработката помеѓу граѓаните, граѓанските организации и локалните власти во креирањето и спроведувањето на политики за одржлив локален развој и подобра заштита на животната средина.

Фокус групата претставуваше значаен чекор кон изработка на инклузивен и применлив Локален акциски план за Зелена агенда, кој ќе придонесе за поодржлив развој на Општина Прилеп и подобрување на состојбата со животната средина во локалната заедница.

This post was originally published on this site

Продолжи со читање

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

  • АСИСТИВНАТА ТЕХНОЛОГИЈА ОВОЗМОЖУВА НЕЗАВИСНОСТ, ЕДНАКВИ МОЖНОСТИ И АКТИВНО УЧЕСТВО ВО ОПШТЕСТВОТО – Водич за креатори на политики, професионалци, сервисни служби, индивидуалци, родители

    Оваа публикација/водич е изработена во рамките на проектот „Асистивна технологија – алатказа социјална инклузија“, кој го реализира Здружението за асистивна технологија „Отворетеги прозорците“ со поддршка на Европската Унија преку проектот CORDIAL – Создавањерегионални можности за активности и законодавство за инклузија на лицата со попреченост. Содржината на оваа публикација/водич е единствена одговорност на Здружението за асистивнатехнологија …
    АСИСТИВНАТА ТЕХНОЛОГИЈА ОВОЗМОЖУВА НЕЗАВИСНОСТ, ЕДНАКВИ МОЖНОСТИ И АКТИВНО УЧЕСТВО ВО ОПШТЕСТВОТО – Водич за креатори на политики, професионалци, сервисни служби, индивидуалци, родители Read More »
    The post АСИСТИВНАТА ТЕХНОЛОГИЈА ОВОЗМОЖУВА НЕЗАВИСНОСТ, ЕДНАКВИ МОЖНОСТИ И АКТИВНО УЧЕСТВО ВО ОПШТЕСТВОТО – Водич за креатори на политики, професионалци, сервисни служби, индивидуалци, родители appeared first on Open The Windows.

  • Регионален форум: Зелената агенда како можност за локален економски развој

    Како националните зелени политики да се преточат во конкретни локални мерки, инвестиции и подобри услуги за граѓаните? Ова прашање ќе биде во фокусот на Регионалниот форум „Зелена агенда: од национални политики до локални економски можности“, што Центарот за климатски промени го организира на 30 октомври 2026 година, во хотелот „Холидеј

  • Регионален извештај 2026: застој на реформите и намалени средства за граѓанските организации

    Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН) успешно ја одржа онлајн промоцијата на Регионалниот извештај за 2026 година за овозможувачка околина за развој на граѓанското општество во Западниот Балкан и Турција. Настанот обедини истражувачи, експерти за политики, претставници на граѓанскиот сектор и партнери од Европската Унија.

  • Од градење патишта до дигитална безбедност: Поврзаноста со ЕУ како градење имунитет против геополитичките потреси

    Како една мала држава да остане стабилна во свет полн со војни, хибридни закани и нестабилни синџири на снабдување? Одговорот што се наметна на панел-дискусијата „Стратешка поврзаност за стабилност: ЕУ и Северна Македонија во новата геополитичка реалност“ е поврзаноста со Европската Унија. Тоа не значи само патишта и пруги, туку и енергија, дигитална безбедност, силни […]
    The post Од градење патишта до дигитална безбедност: Поврзаноста со ЕУ како градење имунитет против геополитичките потреси appeared first on IDSCS.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор