Obuka a3 fotor obuka ok 1.png

Разбивање на предрасудите и стигмата – за живот без дискриминација, обука за Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

На 23 јули, Хелсиншкиот комитет за човекови права во партнерство со ХОПС-Опции за здрав живот и Коалција Маргини организираше обука за членовите и вработените на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација со цел да се продлабочи разбирањето за предрасудите, стигмата и дискриминацијата врз ЛГБТИ лицата, луѓето кои употребуваат дроги и лица кои живеат со ХИВ и да се зајакнат капацитетите за недискриминирачки и инклузивен пристап во нивната работа.

Обуката е дел од проектот „Еднаквост сега – Зајакнување на маргинализираните заедници за социјална инклузија и недискриминација“, финансиски поддржан од Владата на Швајцарија, преку Цивика Мобилитас, со грантови за граѓански ангажман.

Експертите од Мрежата за заштита од дискриминација, Тона Карева Талеска и Атанас Аврамов, во оваа обука посебно се задржаа на препознавањето на стигмата и предрасудите што се однесуваат на ЛГБТ луѓето, лицата кои употребуваат дроги и лицата кои живеат со ХИВ. Посебен акцент беше ставен и на препознавањето на личните предрасуди а истовремено како да бидеме сојузници во остварување на нивните права.

Обуката имаше за цел да ги продлабочи знаењата на членовите и вработените во КСЗД во обезбедување заштита од дискриминација на маргинализираните заедници. Дополнително, поголемата сензибилност ќе придонесе и за унапредувањето на работата на КСЗД, во нивните други надлежности, особено активностите кои се насочени кон превенција на дискриминацијата врз жени од маргиналзираните заедници.

Мислењата кои се изразени овде не нужно ги одразуваат ставовите на швајцарската влада, Цивика мобилитас или организациите што го спроведуваат проектот.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Хелсиншки комитет за човекови права

Продолжи со читање

  • Јавен надзор над јавните набавки: неправилности и отстапувања во три големи јавни набавки

    СООПШТЕНИЕ ЗА МЕДИУМИ Денес, 19 март 2026 година, Центарот за граѓански комуникации го објави истражувањето Јавен надзор над јавните набавки: Студии на случај (издание бр.1). Издвојуваме дел од клучните наоди: 1. Тендер за корисниците на народни кујни во Скопје: За 1,5 милиони евра, храната се дели на улица и не секогаш според договореното Договорот за јавна набавка на готови оброци за корисниците на народни кујни во вредност од 1,5 милион евра не се спроведува во…

  • Превенција што дава резултати: објавени националните стандарди за превенција од употреба на дроги

    ХОПС – Опции за здрав живот Скопје го објави документот „Национални стандарди за превенција од употреба на дроги“, развиен во рамките на проектот за воспоставување национален систем за превенција во средните училишта, со поддршка од Европската Унија. Овие стандарди претставуваат сеопфатна рамка за планирање, спроведување, следење и проценка на превентивните активности на национално и локално […]
    The post Превенција што дава резултати: објавени националните стандарди за превенција од употреба на дроги appeared first on ХОПС.

  • Легалната миграција и правата на странците во фокус на втората тематска дискусија

    На 10 март 2026 година, во хотел Холидеј Ин во Скопје, се одржа настанот „Легална миграција и правата на странците: состојби и предизвици“, како продолжение на дискусијата одржана на 16 декември 2025 година. Настанот беше организиран од Македонското здружение на млади правници (МЗМП), во рамките […]
    The post Легалната миграција и правата на странците во фокус на втората тематска дискусија appeared first on Myla.

  • Благодарница за организација и постигнати резултати во крводарителството и покажана хуманост и солидарност

    На 17.3.2026 год. (вторник), по повод 17 март – Ден на крводарителството во конференциската сала во хотел Интернационал во организација на Црвениот крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Велес се организираше Свечен настан за доделување на јубилејни признанија за крводарителството. Во рамките на овој настан беше доделена Благодарница…

  • Метаморфозис објави истражување за ефектите од дезинформациите и странските влијанија врз демократските процеси

    Фондацијата „Метаморфозис“ го објави истражувањето „Ефектот на дезинформациите и странските влијанија врз демократските процеси во Северна Македонија во 2025 година“, кое анализира како дезинформациите и пропагандните наративи влијаат врз јавната дебата, довербата во институциите и учеството на граѓаните во демократските процеси. Истражувањето комбинира анализа на дезинформациски наративи и анкета на репрезентативен национален примерок, со што […]

  • Како да се сопре падот на критичкото размислување?

    Критичкото размислување е основа на демократските општества, но и на научното истражување и на интелектуалната слобода и независност. Во рамките на една функционална демократија критичкото размислување им помага на граѓаните да ги оневозможуваат злоупотребите на власта и да им се спротивстават на манипулациите. Тоа е и вештина што филозофите, од Сократ до Џон Стјуарт Мил, […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор