Презентација на дополнување на предлогот за итни демократски реформ

Надградена верзија на „ Предлог на граѓанските организации за итни демократски реформи “ за следните 6, 9 и 12 месеци, денеска беше презентирана на прес-конференција во име на 73 граѓански организации и експерти.

Предлозите за реформи се изработени од страна на 146 учесници на Форумот на граѓански организации на 4 и 5 јули годинава, а се надоврзуваат на основниот документ изработен во 2016 година.

Овој план цели да даде поттик, насоки и детални активности неопходни за враќање на демократските стандарди и вредности, како и за постигнување напредок во јавните политики, и враќање на довербата на граѓаните во клучните државни институции. Промената на власта сама по себе беше чекор напред поради тоа што со одржувањето на кредибилни избори се стави крај на длабоката повеќегодишна политичка криза, но не е гаранција за системски реформи кои се неопходни за да се надмине состојбата на заробена држава.

Областите на јавни политики разработени во документот се: јавни финансии и економија; правосудство; борба против корупцијата; избори и изборен систем; јавна администрација; контрола врз полицијата и агенциите за безбедност и (контра)разузнавање; Собрание; граѓанско општество; социјална заштита, благосостојба и одржливост; образование и младински политики; животна средина; енергетика; култура и здравство.

6

Во оваа насока меѓу другото се предлага:

  • Формирање Консултативен совет за имплементација на клучните реформски приоритети на владино ниво, со кој ќе претседава претседателот на Владата и кој ќе се состои од претставници на надлежните министерства и граѓанското општество;
  • Назначување на лица за контакт во министерствата и независните, надзорни и регулаторните тела кои ќе бидат одговорни за клучните реформски приоритети и кои исто така ќе бидат задолжени за соработка со тематските групи на граѓанското општество;
  • Надлежните собраниски тела треба да одржуваат месечни јавни расправи за имплементацијата на клучните реформски приоритети кои спаѓаат во нивната надлежност. На овие расправи треба да бидат поканети претставници на граѓанското општество со докажано искуство во соодветните области. Покрај тоа, Националниот совет за евроинтеграции, како и Комисијата за европски прашања треба да одржуваат месечни седници посветени на спроведувањето на клучните реформски приоритети, врз основа на извештаите поднесени од Владата и од страна на независните, надзорни и регулаторни тела и по дискусиите во матичните собраниски комисии.

Претставниците на иницијативата истакнаа дека во текот на целиот процес Владата треба да ги почитува принципите на транспарентност, одговорност, вклучување и ефективност. Неопходно е политичките партии во Собранието на РМ да покажат вистинска посветеност за спроведување на клучните реформски приоритети. Ваква посветеност се очекува и од вонпарламентарните партии, како и граѓанското општество во целина.

Покрај тоа, и надлежните институции во судската власт, како и независните надзорни и регулаторни тела треба да ја покажат нивната посветеност кон спроведувањето на клучните реформски приоритети.

Исто така, неопходно е преземените мерки да бидат насочени кон подобрување на социјалната кохезија на граѓаните и на сите етнички заедници. Во оваа насока, потребно е да се разгледаат препораките од Прегледот на Охридскиот рамковен договор за социјалната кохезија од 2015 година.

Од клучна важност е граѓанскиот сектор да биде вклучен во процесот на проценка на сегашната ситуација, како и во мониторингот и евалуацијата на напредокот во спроведувањето на клучните реформски приоритети.

Потребно е да се обезбеди граѓанско учество и на ниво на извршната, како и на законодавната власт, вклучувајќи ја и соработката со судството и независните, контролните и регулаторните тела.

Граѓанските организации кои учествуваа во подготовката на овој документ ќе се заложат и ќе придонесат во натамошната дискусија за начините на вклучување на граѓанското општество во процесот.

Целиот документ е достапен на следниот линк:

Предлог на граѓанските организации за итни демократски реформи

1 2 8.1 8

The post Презентација на дополнување на предлогот за итни демократски реформ appeared first on CEA – Center for Economic Analyses.

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор