Рурална Коалиција во рамките на проектот “Јакнење на капацитетите на здруженијата за партиципативно учество во процесот на донесување на јавни документи и политики во земјоделството и руралниот развој“

Рурална Коалиција во рамките на проектот “Јакнење на капацитетите на здруженијата за партиципативно учество во процесот на донесување на јавни документи и политики во земјоделството и руралниот развој“

Рурална Коалиција во рамките на проектот “Јакнење на капацитетите на здруженијата за партиципативно учество во процесот на донесување на јавни документи и политики во земјоделството и руралниот развој“, финансиски поддржан од Цивика Мобилитас спроведува истражување на тема: Колку добро ги познавате програмите за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој?

Истражувањето веќе се спроведува на терен во сите 8 плански региони и е предвидено да бидат опфатени 800 испитаници – членови на здруженија, индивидуални земјоделци, рурално население, а се со цел да се утврди степенот на познавање на националната програмата за рурален развој, предвидените мерки во истата, степенот на нивната искористеност итн. Истражувањето ќе ги даде првичните информации и насоки при креирањето на фокус групите со кои што ќе се работи на процесите на лобирање и застапување на предлози и мерки директно изготвени од страна на граѓаните т.е. земјоделците и застапувани пред институциите.

Прашалникот за пополнување е достапен и електронски на следниов линк, па доколку се пронаоѓате во темата и имате Ваши согледувања би Ве замолиле да одвоите дел од Вашето време и истиот да го пополните како би имале што е можно посеопфатни и поцелосни согледувања на реалната состојба во делот национално финансирање и поддршка на земјоделството и руралниот развој.

Продолжи со читање

  • РУРАЛНА ЖЕНА – СИЛЕН ГЛАС

    Во рамки на проектот „Рурална жена – силен глас“, ја започнавме реализацијата на првата активност – мобилизирање на жени од руралните средини во Општина Чашка, со цел нивно поврзување, организирање и формирање женски кружок. Кружокот ќе претставува неформална локална група преку која жените ќе се поврзуваат, ќе ги споделуваат своите…

  • Пристапот до правда се подобрува во дел од светот и покрај глобалното назадување на владеењето на правото

    И покрај продолжувањето на глобалното назадување на владеењето на правото, најновиот Индекс на World Justice Project за 2026 година покажува позитивни промени во одредени аспекти на пристапот до правда. Во 54 % од анализираните земји е забележано подобрување во достапноста и финансиската пристапност на граѓанската правда, додека во 52 %…

  • Извидниците од Велес работеа на молеро-фарбарски зафати за санирање на сместувачките капацитети во ИЦО – Охрид

    Во периодот од 4 до 9 ноември 2026 год. (среда-понеделник) велешките извидници на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес, Благој Јорданов и Валентин Јанкуловски работеа на молерофарбарски зафати во извидничкиот центар Охрид. Избелени и офарбани се конференциската сала, сите бунгалови и направени се внатрешни корекции во сите апартмани. Демонтирани се…

  • Извидниците во чест на ослободувањето на Велес!

    Денес на  9 Ноември, денот кога го одбележуваме Денот на Општина Велес – ден посветен на богатата историја, традицијата, културата и гордоста на нашиот град делегација на извиднички одред “Димитар Влахов“ – Велес во состав Симона Љуткова, Марија Стефановска и Љупче Неделковски положија свежо цвеќе на спомен костурницата во Велес….

  • Новинарите ги декодираат постепената интеграција, Планот за раст и Реформската агенда

    На 6 и 7 ноември 2026 година, Институтот за европска политика (ЕПИ) го организираше вториот модул за обука во рамките на проектот „Decode the EU – Communicating EU policies together“ во Струмица. Дводневната работилница собра 10 новинари и уредници од национални и локални медиуми на македонски и албански јазик, со цел да се зајакне аналитичкото […]
    The post Новинарите ги декодираат постепената интеграција, Планот за раст и Реформската агенда appeared first on EPI.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор