[Aggregator] Downloaded image for imported item #44383

Препораки од Комисијата за жалби за известување за семејно насилство

Комисијата за жалби при Советот за етика во медиумите на Македонија неодамна одржа тематска јавна седница и упати препораки до медиумите за етичко известување за случаи на семејно и родово базирано насилство.

Седницата следеше откако во текот на март, април и мај 2025 година, до СЕММ беа упатени повеќе претставки за начинот на кој бројни медиуми известуваа за случаи со семејно насилство, посебно за видеото објавено на социјалната мрежа ТикТок, во кое експлицитно се покажуваат снимки на родово базирано насилство од маж кој вербално и физички ја напаѓа сопругата.

Видеото, при крајот на март, беше пренесено од повеќе онлајн медиуми, при што беа направени прекршувања на Кодексот на новинарите на Македонија и на Насоките за етичко известување на онлајн медиумите. Комисијата за жалби одлучи да не расправа поединечно за секоја жалба, туку да одржи посебна тематска седница на која во соработка со експерти, претставници на граѓански организации и релевантни институции ќе ги разгледа различните аспекти и импликации од известувањето на медиумите за ваквите случаи и ќе усвои генерални препораки за медиумите.

Img 20250704 174138 1024x768

На 4 јули 2025 година, Комисијата за жалби одржа отворена седница посветена на оваа тема, во која учествуваа д-р Марина Тунева, медиумска експертка, Неда Чаловска Димовска, адвокатка, Александра Бубевска од Хелсиншкиот комитет, Хајди Стерјова Симоновиќ од Мрежата
против насилство врз жените и семејно насилство и Марина Трајкова од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Врз основа на изнесените ставови и мислења во текот на дискусијата Комисијата ги донесе следниве:

ЗАКЛУЧОЦИ И ПРЕПОРАКИ за известување за случаи на семејно и/или родово базирано насилство:

Медиумите имаат важна улога во предизвикувањето на конзервативните ставови и воспоставените социјални норми и однесување со кои се оправдува семејното и/или родово базираното насилство, како и за алармирање на институциите за спречување на ваквите појави. Во
известувањето за видеото со експлицитно семејно насилство, споделено на ТикТок, некои медиуми постапија професионално и внимателно и одиграа важна улога за поттикнување на надлежните институции да преземат конкретни мерки против сторителот на насилството,
како и за подигнување на јавната свест за сериозноста на семејното насилство.

При донесувањето на овој заклучок, Комисијата за жалби особено имаше предвид дека медиумите известуваа за случај што веќе бил објавен во јавниот простор и кој претставува очигледно и документирано прекршување на човековите права. Оттаму, медиумите имале обврска да информираат, особено затоа што се работи за кривично дело за чие спречување е потребна институционална реакција, но и поради кревање на општествената свест за распространетоста и сериозноста на семејното насилство во македонското општество.

Меѓутоа, при анализирањето на жалбите за овој случај, Комисијата констатираше и дека повеќе онлајн медиуми известуваа на сензационалистички начин и површно за настанот, без да обезбедат конкретни извори и докази за некои од тврдењата. Тие, со намера брзо да ја информираат јавноста, не ѝ пријдоа на темата со потребната студиозност и деталност, што е важно за одговорното известување, особено кога станува збор за вакви сериозни случаи на семејно насилство. Членот 8 од Кодексот на новинарите им наложува на медиумите да избегнуваат сензационализам во информирањето за вакви случаи.

Во конкретниот случај со видеото од ТикТок, многу медиуми на сензационалистички начин објавија експлицитна визуелизација на насилството, проследена со пренагласени наслови за тоа дека следува вознемирувачка содржина, со цел да привлечат што повеќе гледачи. Притоа, не водејќи сметка за ризикот од повторно трауматизирање на жртвата и од предизвикување вознемиреност кај делови од публиката, како деца, претходни жртви на насилство и други ранливи групи.

Комисијата за жалби констатираше и друго прекршување на етичките норми, кај поголем број онлајн медиуми, а тоа е повредата на приватноста на жртвата, поради фактот што при реобјавувањето на видеото, идентитетот на сторителот можеше јасно да се утврди, а со тоа индиректно се открива и идентитетот на жртвата. Насоките за етичко известување на СЕММ бараат од медиумите, при известувањето за случаи на семејно насилство, „…да не се објавуваат имиња и фотографии на жртвите… ниту податоци од кои индиректно би можел да се открие идентитетот на жртвата или сторителот…“

Потребата од заштита на идентитетот на жртвата експлицитно се нагласува во низа меѓународни етички насоки за новинарското известување. Така, УНЕСКО, во документот Известување за насилство врз жени и девојки: Прирачник за новинари, им препорачува на медиумите да се „воздржуваат од користење слики што го прикажуваат актот на насилство или што можат да ја идентификуваат жртвата.“

Имајќи ја предвид исклучителната важност на оваа тема, Комисијата за жалби им препорачува на уредниците на медиумите во иднина, при известувањето за случаи на семејно и родово базирано насилство, да приоѓаат со крајна внимателност, да избегнуваат сензационализам, да стават приоритет на заштитата на достоинството и приватноста на жртвите и на нивните деца.


“Препораки од Комисијата за жалби за известување за семејно насилство”

Source

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Совет за етика во медиумите на Македонија (СЕММ)

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор