Cover web

Повик за учество во програмата „Balkans Voices“

Дали се сметаш себеси за блогер, поткастер, инфлуенсер? Дали произведуваш сопствена оригинална содржина на теми кои што се важни за општеството? Дали би сакал да ја развиеш својата платформа и да ги зајакнеш техничките, дигиталните и бизнис вештините, преку соработка со врсници од регионот?

Доколку се пронаоѓаш во одговорите на овие прашања, тогаш оваа можност е за тебе!

Canal France International (CFI), во соработка со Медиацентар Сараево, Албанскиот медиумски институт, Црногорскиот медиумски институт, Македонскиот институт за медиуми, Новосадската школа за новинарство и Фондацијата за информации, медиуми, дијалог и едукација Косовалајф, Ве покануваат да аплицирате на  “Balkans Voices” Digital Media Program.

Кој може да аплицира?

Доколку сакате да учествувате на “Balkans Voices” Digital Media Program, треба да ги исполнувате следните услови:

  • Да имате 18-35 години;
  • Да сте жител на една од шесте вклучени земји: Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија, Црна Гора и Србија;
  • Да имате базично познавање на англиски јазик (разбирање и говорење (минимум ниво B1)) за да можете да комуницирате со останатите учесници и да учествувате во активностите без потешкотии;
  • Да бидете достапни за учество во активностите на програмата;
  • Да демонстирате минимум три месеци активна продукција на медиумска содржина и досег до публиката преку вашата платформа;
  • Да бидете подготвени да покривате социјални, еколошки или културни теми како што се (но не ограничувајќи се на):
    • Вработување на млади и иновации;
    • Вредносни можности за младите луѓе од Западен Балкан;
    • Миграција и враќање;
    • Идентитети и малцинства (ЛГБТК+, Роми, Ашкали итн.);
    • Род и родова еднаквост;
    • Животна средина;
    • Човекови права;
    • Теми генерално поврзани со цели на одржлив развој (SDGs)

За програмата „Balkan Voices” Digital Media Program

The “Balkans Voices” Digital Media Program  е дел од проектот “Balkan voices”, финансиран од француското Mинистерство за Европа и надворешни работи и имплементиран од CFI во согласност со службите за соработка и културни активности на француските амбасади во државите каде што се спроведува проектот: Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија, Црна Гора и Србија.

Програмата има за цел да ги зајакне вештините на новите соработници на медиумите кај младите луѓе на возраст од 18-35 години во горенаведените земји.

Активности на програмата The “Balkans Voices” Digital Media Program 

По процесот на селекција, ќе се приклучите на група од приближно 60 млади креатори на медиумски содржини од шесте држави кои се дел од проектот и ќе учествувате во активностите на програмата

  • Регионална онлајн конференција, која ќе се одржи на 3 и 4 јуни 2021 година, на која ќе учествуваат 60-те избрани млади луѓе. Ова ќе ви овозможи да присуствувате на настани како што се тркалезна маса, дебати, говори, паралелни сесии заедно со соработници од секторот за онлајн медиуми во регионот.

Исто така, ќе имате можност да дознаете за проекти на други млади луѓе и да комуницирате онлајн. Конференцијата ќе опфати теми како што се:

  • Предизвици да се биде млад медиумски „играч“ во земјите од Западен Балкан
  • Градење на онлајн публика
  • Промоција на медиумска содржина
  • Монетизација на медиумскиот производ
  • Управување со говор на омраза и мразечки коментари
  • Користење на влијанието за промовирање на социјални/еколошки/културни прашања и за зајакнување на ранливи групи

Регионалните работилници ќе се одржат во септември и октомври 2021 година: Ќе имате можност да учествувате на тридневна работилница во еден од главните градови на шесте земји (доколку патувањето е дозволено во тој период) и да учествувате на тренинг-сесии со група од 15 други млади луѓе од државите кои се дел од проектот.

Работилниците ќе опфатат теми како што се:

  • Економски модели за нови медиуми
  • Користење податоци за публиката за насочување кон вашата содржина
  • Алатки за развој на кариерата
  • Фотографија, видео, производство на звук
  • Како да се остане безбеден во дигиталната средина

Од 60-те учесници – креатори на содржина, одреден број на апликанти ќе бидат избрани да учествуваат во понатамошните активности:

  • Еднонеделна програма за развој во Париз во ноември 2021 (приближно 18 млади луѓе ќе бидат избрани од конференцијата и работилниците) и шест месеци менторство (12 учесници од сесијата за развој ќе бидат поддржани преку менторство)[1].

[1] Огранизирано од страна на француска компанија која ќе биде подоцна избрана од страна на CFI.

Комитет за избор и критериуми за избор

Комитетот за избор составен од претставници на CFI и на нашите локални партнери ќе ги оценуваат аликациите и ќе одлучат за изборот на младите актери во новиот медиумски сектор. Резултатите ќе бидат соопштени кон крајот на мај 2021 година.

Критериумите за избор што треба да се земат предвид при изборот се следниве:

Мотивација и способност на апликантот да учествува во програмските активности (конференција и работилница; програма за развој и менторство, доколку е избран) (50/100)

  • Разбирање на целите и поимите на “Balkans Voices” Digital Media Program
  • Подготвеност за натамошен развој на платформата (блог/поткаст/профил на социјална мрежа итн.) на национално и/или регионално ниво
  • Мотивација и достапност за учество во сите активности (вклучувајќи ја и работилницата за развој)
  • Подготвеност за комуникација за секој напредок постигнат во врска со платформата, за време на програмата и по учеството во програмата
  • Посебен интерес или претходно знаење за областите споменати во повикот (видете го делот „Кој може да аплицира“), и мотивација/простор за учење, како и подготвеност за промовирање на социјално релевантни прашања на нивните заедници

Квалитет и релевантност на содржината произведена од апликантот (35/100)

  • Релевантност на темата во однос на критериумите за избор
  • Технички квалитет на веќе произведената содржина
  • Досег на платформата (#прегледи, #следбеници итн.)
  • Потенцијал за унапредување

Креативност и иновативност на содржината произведена од апликантот (15/100)

  • Адаптација на платформата кон дигиталната сфера и оригинален начин да се стигне до публиката
  • Автентичност на форматот и/или на наративот
  • Додадена вредност во споредба со постојните дигитални медиуми

Посебно внимание ќе се посвети на апликациите испратени од жени и апликации што се занимаваат со прашања за родова еднаквост.

Поважни датуми поврзани со Повикот:

  • Објавување на Повикот за проекти: петок, 16 април 2021 година.
  • Краен рок за аплицирање на интернет-платформата: понеделник, 17 мај 18:00 ч.
  • Објавување на избраните млади креатори на содржини: 25 мај, 2021.
  • Финализирање на процесот на потпишување на договор за учество: мај-јуни 2021
  • Во последниот процес на избор ќе бидат избрани приближно 18 учесници за програмата за развој во Париз во ноември 2021 (доколку е возможно патување во овој период)

Што треба да содржи апликативното ДОСИЕ

Формуларот за апликација мора да биде пополнет на англиски јазик. Имајте предвид дека за пристап до формуларот потребно е прво да се РЕГИСТРИРАТЕ. Само целосно пополнет формулар ќе биде земен предвид за разгледување.

Зачувајте копија од поднесената апликација.

Апликацијата мора да го содржи следново:

За проектот “Balkans Voices” Digital Media Program

Финансиран од француското Министерство за Европа и надворешни работи, главната цел на проектот “Balkans Voices” Digital Media Program е да им овозможи на новата генерација млади таленти да го обноват јазикот што се користи во медиумите и отворено да се изразат на теми што ги инспирираат во секоја земја од која доаѓаат. Проектот спроведува активности со млади луѓе во полето на медиумската и информациската писменост, дигиталните медиуми и аудиовизуелната продукција.

За да дознаете повеќе за проектните активности, посетете ја страницата: /cfi.fr/en/project/balkans-voices

Прашања?

Доколку имате прашања, Ве молиме испратете ги на следните адреси, пред 3 мај, 2021 год. до 18:00ч: lea.bertrand@cfi.fr и maida@media.ba

Одговорите на прашањата ќе бидат објавени на платформата за Повикот за апликации.

Потсетување: Онлајн конференцијата ќе се одржи на 3 и 4 јуни, работилниците ќе се одржат во тек на 3 дена во септември и октомври во земја од Западен Балкан (дополнително ќе се утврди), неделата на развој ќе се одржи во ноември, во Париз, Франција (доколку дозволуваат околностите со пандемијата).

Продолжи со читање

  • Граѓанска платформа за заштита на младите жени од сајбер (онлајн) насилство

    Сајбер насилството не исчезнува кога ќе го исклучиш компјутерот – стравот оди со тебе дома. Ќе бидеш дел од толпата или дел од заштитата? Прекини го синџирот! Не кликај шер. Не испраќај на „само уште еден“. Не ја прави туѓата болка забава. Наместо да осудуваш, направи го вистинскиот чекор и прашај: „Дали си добро?“. Една […]

  • Документ за јавни политики: Анализа на националното законодавство во однос на европските стандарди за заштита од дигитално родово-базирано насилство

    Дигиталното родово-базирано насилство претставува сè поизразена манифестација на насилството врз жените и девојчињата, која се врши или засилува преку употреба на информатичко-комуникациски технологии. Иако не станува збор за нов вид на насилство, дигиталната средина овозможува поинаква динамика, поголема изложеност на жртвите и подолготрајни последици, што наметнува потреба од прилагоден правен…

  • Документ за јавни политики: Анализа на постапувањето на институциите, со фокус на центрите за социјална заштита во случаи на дигитално родово-базирано насилство

    Дигиталното родово-базирано насилство бара брз, стручен и сензитивен одговор од страна на институциите. Како тие постапуваат во пракса и кои се клучните предизвици со кои се соочуваат? Во рамки на проектот „Младите жени против онлајн насилство“, имплементиран од Иницијатива за европска перспектива и Заеднички вредности, го објавуваме вториот „Документ за…

  • ПРИРАЧНИК ЗА СПРАВУВАЊЕ СО ДИГИТАЛНО РОДОВО БАЗИРАНО НАСИЛСТВО

    Зад секој екран, во секоја приватна порака или групен чет, може да се крие тишина исполнета со страв, срам и болка. Дигиталното родово базирано насилство не е само „онлајн проблем“ – тоа е реалност што ја погодува секоја четврта млада жена во Македонија, а само 5% од нив имаат храброст…

  • КАКО КУЈНСКИОТ ОТПАД СТАНУВА ПРИРОДЕН РЕСУРС: РЕЦ, ЕКО ЛОГИК И ФЛОРОЗОН НА ФЕСТИВАЛОТ НА ЦИВИКА МОБИЛИТАС 2026

    Изминатава сабота, на 3-ти октомври 2026 година, градскиот парк пулсираше во знакот на граѓанскиот активизам. Како дел од овогодинешниот Фестивал на Цивика мобилитас, познат како „Ден на граѓанските организации“, граѓаните имаа единствена можност одблизу да се запознаат со луѓето кои се двигатели на позитивни промени во нашето општество.
    Меѓу бројните штандови, посебен интерес предизвика заедничкиот простор на Центарот за ресурси во животна средина РЕЦ, Еко Логик и Флорозон каде што беа изложени производите од учениците кои ги добија од отпад во натпреварот за зелени бизнис идеи. Овие три организации се здружија со јасна мисија – да покажат дека еколошката иднина зависи од секој од нас.
    Интерактивна работилница: Од кујнски отпад до вреден ресурс 
    Главната атракција на нивниот штанд беше интерактивната работилница за преработка и реупотреба на био-отпад. Наместо само да зборуваат за теории, експертите ги вклучија посетителите во реални експерименти за добивање на пектин и био дизел.
    „Дали знаевте дека она што секојдневно го фрламе во кујната може да стане вреден ресурс за природата?“ – беше главното прашање кое ги поттикна присутните на размислување.
    Преку практични примери, граѓаните од сите генерации научија едноставни, но ефикасни начини како драстично да го намалат отпадот во сопствените домови и како органските остатоци да ги претворат во нешто корисно за почвата и растенијата.
     
    Граѓански активизам за циркуларна економија
    Оваа успешна едукативна активност е дел од пошироката рамка на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“. Главната цел на проектот е менување на навиките и воведување на одржливи еколошки практики во секојдневието.
    Оваа важна иницијатива е финансиски поддржана од Владата на Швајцарија преку програмата на Цивика мобилитас.
    Фестивалот уште еднаш докажа дека кога граѓанскиот сектор и граѓаните ќе се сретнат на едно место, се раѓаат најдобрите идеи за зелено и одржливо утре.
     
    #CivicaMobilitass, #CHinMK, Цивика мобилитас (civicamobilitas.mk)

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор