ЕПИ

ЕПИ: Граѓаните имаат можност да дадат мислење за услугите, но повратните информации не се јавно достапни

Граѓаните сѐ повеќе веруваат дека имаат можност да дадат мислење за квалитетот на услугите преку административните канали, но процентот на граѓани што сметаат дека овие канали се лесни за употреба се намалува. Сепак, повратните информации од граѓаните не се јавно достапни.

Ова се дел заклучоците од  вториот Национален извештај за мониторингот на реформата во јавната администрација, подготвен од Институтот за европска политика, како дел од мрежата ТЕН (Мисли за Европа), во рамките на проектот Вебер. Извештајот беше презентиран на настанот „Граѓаните на прво место“  кој се одржа денес.

Како дел од проектот е изработен и граѓански портал – sledimereformi.mk – на кој корисниците на услугите на јавната администрација можат да и споделат искуствата од контактите со администрацијата, кои потоа ќе бидат споделени и вклучени во извештаите.

Во Националниот извештај се потенцира дека општа забелешка за целокупниот консултативен процес е дека консултациите обично се случуваат во доцна фаза кога документите се веќе подготвени, а нема докази (записници или извештаи) за индивидуални коментари, забелешки или предлози од граѓанските организации, ниту за отворен дијалог за спорни прашања.

Како една забелешка која се истакнува во Извештајот е дека Стратегијата за РЈА не предвидува вклучување на ГО во административните структури за координација и мониторинг на РЈА.

Резултатот во овој извештај за јавната достапност на информациите за работата на Владата е значително подобрен во споредба со претходниот од 2017/2018 година, имајќи предвид дека плановите за работа на Владата и извештаите за плановите претходно не се објавуваа, а сега нивното објавување е постојано на небирократкси и разбрлив начин.

Она што треба да се издвои е дека во регионот само Северна Македонија и Албанија имаат пракса на објавување кумулативни податоци за бројот на службеници во јавниот сектор. Како и да е, отсуствуваат квалитативни податоци за повеќе сегменти од системот.

Во Извештајот се заклучува дека потребно е воспоставување на прецизни критериуми за ангажирање лица преку агенциите за времени вработувања и се истакнува потребата од носењето на Законот за висока раководна служба за да се спречи политичкото влијание врз високите раководни службеници.

Настанот го отворија Симонида Кацарска, директорка на ЕПИ, министерот за информатичко општество и администрација, Јетон Шаќири и директорот на ОЕЦД/СИГМА Грегор Вирант кои повторија дека забележан е напредок во одредени сектори, но останува уште работа особено кога се работи за имплементација на законите.

За состојбата и усогласувањата на реформските заложби кои се преземаат на терен, како  и за предвидените чекори за РЈА  на панелот дискутираа Билјана Николовска – Жагар – советничка на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија; Неда Малеска – Сачмароска – извршна директорка на Центар за управување со промени; Томас Пророк, – заменик директор на КДЗ – Центар за истражување на јавната администрација; и Kaидо Паабуск – виш советник и раководител за Северна Македонија во ОЕЦД/СИГМА.

Проектот WeBER 2.0 – Зајакнување на граѓанското општество од западниот Балкан за реформирана јавна администрација е финансиран од Европската Унија.Овој проект работи назајакнување на ангажманот на граѓанските организации во РЈА преку мониторинг базиран на докази, на линија со барањата на ЕУ. Исто така работи на јакнење надијалогот помеѓу граѓанските организации и владата..

Проектот е имплементиран од шест организации од западниот Балкан, членки на мрежата Think for Europe-TEN (Центарот за европски политики- CEP Белград, Институтот за демократија и медијација – Тирана, Институтот Подгорица, Иницијатива за надворешна полтика – Сараево, Група за правни и политички студии – Приштина, и Институтот за европска политика – Скопје). Координатори на проектот се Центарот за европски политики од Белград. Исто така, партнер на овој проект е и European Policy Centre – EPC од Брисел.

The post ЕПИ: Граѓаните имаат можност да дадат мислење за услугите, но повратните информации не се јавно достапни appeared first on EPI.

Продолжи со читање

  • МЦМС ја започна новата антикорупциска програма

    Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) го започна спроведувањето на програмата „Градење општество отпорно на корупција“, која ќе се реализира во периодот од 1 јануари 2026 до 30 јуни 2028 година со финансиска поддршка од Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија.

  • Потврда на долгогодишното македонско-холандско пријателство

    Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) и Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) на 16 јануари 2026 година беа домаќини на Н.Е. Узлем Џанел (Özlem Canel), Амбасадорка на Кралството Холандија во Република Северна Македонија и Иван Илиев, советник за економија и трговија во Амбасадата.

    „Денес беше убава прилика за освежување на долгото пријателство меѓу МРФП и Амбасадата на Кралството Холандија“, истакна Лазар Неданоски, извршен директор на МРФП.На средбата, која помина во пријатна и отворена атмосфера, директорот на МЦМС, Александар Кржаловски, потсети на почетоците на соработката со Холандија и на клучните поединци кои придонеле за развојот на организацијата. МЦМС како организација е основана во 1993 година, како потфат на домашни иницијативи поддржани од Холандската меѓуцрковна помош (ХМП) и агенциите на Светскиот совет на црквите (ССЦ). Пет години подоцна, во 1998 година, МЦМС ја основаше Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП), фокусирана на развој на малите претпријатија, преку пристап до финансиски услуги и промоција на претприемништво.

    Директорот на МРФП, Неданоски, даде хронолошки приказ на развојот на Фондацијата, нагласувајќи дека поддршката од Кралството Холандија била од клучно значење во првите години од нејзиното работење. Според него, таа поддршка не била важна само од финансиски аспект, туку имала значително влијание и врз организацискиот развој на МРФП, како и врз пошироката заедница мултиплицирајќи го ефектот во развојот на институциите, организациите и нивните лидери.
    Амбасадорката Џанел изрази задоволство што поддршката од Кралството Холандија резултирала со одржливи организации кои успешно работат и го пренесуваат своето искуство на други организации и институции. На средбата беше разговарано и за можностите за идна соработка.
     

  • Презентиран Индексот на политички интегритет

    На 27 ноември 2025 година во Клубот на пратеници се одржа презентацијата на првиот Индекс за политички интегритет (ИПИ) во земјата – инструмент создаден да ја измери, поттикне и промовира културата на интегритет во политичкиот и јавниот живот. Настанот беше проследен од голем број претставници на институции, медиуми, граѓански организации. Во своето…

  • Bure-Cycle: Од отпад до иновативен велосипедски паркинг

    Во светот каде ресурсите се ограничени, а отпадот се зголемува, секоја мала идеја за реупотреба има големо значење. Еко Логик со својот проект Bure-Cycle го покажува токму тоа – како старите метални буриња можат да добијат нов живот и да станат функционални, визуелно привлечни и одржливи велосипедски паркинзи за јавни простори. Иницијативата се роди од […]

  • Младите уметници го освојуваат јавниот простор: PATS – Уметност за активизам и општествени промени

    Европскиот проект „Младите уметници го освојуваат јавниот простор – PATS“ (Performance Artists Take The Streets – PATS) официјално започнува со јасна и силна мисија: да им овозможи на младите уметници нови простори, алатки и можности за креативно изразување и општествен ангажман. Уметноста како глас на промената PATS е проект финансиран преку Erasmus+ програмата на Европската […]

  • Високите цени ја истиснаа корупцијата од првото место, но таа и понатаму е меѓу најголемите општествени предизвици

    За разлика од 2021 и 2023 година, кога корупцијата беше препознаена како најголем општествен проблем, во 2025 година граѓаните на прво место ги издвојуваат високите цени (46,6%), додека корупцијата е веднаш зад нив (40,1%). Ова укажува дека инфлацијата, растечките трошоци за живот и намалената куповна моќ ја зголемуваат економската несигурност, но и дека корупцијата останува еден од клучните општествени предизвици.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор