Regata site 1024x668.jpg

Јубилејната XXV Вардарска регата “Гемиџии 2025“ повторно заврши во Солун

Во организација на извиднички одред “Димитар Влахов“ во периодот од 19 до 24 јуни педесетина уесници на Вардарската регата, 25 по ред, заполовија во Вардар. Но наместо до Гевгелија, повтор пат тие тргнаа за Солун, Репубика Грција. Ќе пловат шест дена до 24 јуни.  Во Македонија се ноќеваше во Криволак, Демир Капија и Марвинци а во Грција во  Евзони-Поликастро, Акропотамис и во Солун.  Највозрасниот уечсник е Владо Стојановски, кој  пловел по сите досега одржани 24 регати. Тоа што си го посакуваа, копнееја да стигнат до Солун, годинава треба се случи.

„Се остварува нашата најголема желба и мојата лично, како кајакар,  како тренер да влезам во Егејското море преку Вардар. Мислам дека тоа ќе биде најголемото мое доживување во животот, исполнување на мојот сон. Го чекам овој момент 44 години да влезам во Егеј. Ја продолжуваме традицијата на велешките Гемиџии, на трговците кои од Велес пловеле до Солун и ја носеле нивната стока за продажба, до бродовите.  Вардар има 388 км, тие последните 80 км. За прв пат ќе го почувстуваме тој момент. Очекувам дека нема да има проблеми при патувањето“ – кажа Стојановски, кој не можеше да ја сокрие возбудата што го носи ова сплаварење и со треперлив глас ги раскажуваше неговите чувства.

Како најголем проблем тој ја посочи високата температура, поради што најави дека  секојдневите 8-9 часа веслање по Вардар ќе ги започнуваат уште рано наутро, но и нискиот водостој на реката Вардар. Но добиле ветување од  хидроцентралите да пуштат одредено количество вода. „Секојднево ќе пловиме по 35 км од етапа. Но поради нискиот водостој тоа ќе биде бавно, но очекувам дека сите ќе издржиме до крај“ – додаде Стојановски. Помош за реализација на Вардарската регата, организаторот велешкиот извиднички одред „Димирар Влахов“, ја има од колегите, грчки извидници од Солун.

„Се оствари по втор пат сонот на многу генерации велешки гемиџии и годинава ќе пловиме до Солун.  Во целост ќе пловиме како велешките Гемиџии, кои во 19 век стоката со гемии ја дистрибуирале нивната стока до Солун.  Последниот ден од пловидбата треба да влеземе во делтата на реката Вардар, што е голем предизвик. Бевме неколку  пати да ја проучиме патеката, ја познаваме ситуацијата  и во оваа делта каде Вардар се дели на 8 краци, водостојот е многу низок,  ќе имаме помош од грчките рибари, да пловиме по вистинската патека. Треба да стасаме до Солунското пристаниште. Ќе биде тешко по делтата на Вардар оти е  заштитена зона и не може да се користи возило, ако заглавиме тие 4 до 6 км  мораме да ги извесламе, нема помош од механизација и возила“ – кажа Ангелче Гушев, капетан  „Вардарската регата 2025“.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Извиднички одред “Димитар Влахов“ - Велес

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор