6 768x1024.jpeg

МОЖНОСТИ ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА И ПРАКТИЧНА РАБОТА ЗА ЖЕНИ – ЕДУКАТИВНА И ИНФОРМАТИВНА СЕСИЈА ВО ТЕТОВО

На 12.06.2025 година, во Тетово, успешно реализиравме информативна и едукативна сесија на тема: „Фацилитација за олеснување на пристапот до институциите за микрофинансирање и програми за микрозаеми“.

Целта на сесијата беше да се доближат до жените информациите и можностите за користење на финансиски услуги и поддршка при започнување или развој на сопствен бизнис. Присутните имаа можност директно да се информираат за достапните механизми за микрофинансирање и микрозаеми, како алатки за економско зајакнување.

Предавач на сесијата беше претставник од Агенцијата за вработување Тетово, кој сподели корисни информации и совети за можностите за самовработување, поддршката што ја нуди Агенцијата, како и начините на пристап до финансии за бизниси.

На настанот присуствуваа жени од Тетово и околните населени места, вклучувајќи дел од нашите курсистки кои успешно ги завршија обуките што ги организиравме, како и други заинтересирани.

Дополнително, присутните беа информирани и за можностите за вклучување во практична работа, како следен чекор во нивниот професионален развој и патот кон самостојност. Оваа информација беше особено значајна за оние кои сакаат да стекнат дополнително искуство пред да започнат сопствен бизнис.

Веруваме дека оваа активност ќе придонесе кон зголемена самодоверба, економска вклученост и охрабрување на жените во Тетово да направат храбар чекор напред кон своја економска независност и професионален развој.

Организиравме во рамките на партнерскиот проект „Гласот и учеството на жените и младите во: Креирање јавни политики и овозможувачка средина за граѓанско учество“, што се спроведува од „Женска граѓанска иницијатива АНТИКО“ – Скопје, во соработка со проектните партнери „СЕКОГАШ СОЖИВОТ“ – с. Канатларци – Прилеп и „ЗОК АДРИОН“ – Желино, а со поддршка од Владата на Швајцарија преку Civica Mobilitas.

Цивика мобилитас е проект на Владата на Швајцарија, кој го спроведуваат МЦМС,НИРАС и ФЦГ. Мислењата кои се изразени овде се на Здружението „Секогаш Соживот“ не нужно ги одразуваат ставовите на Швајцарската Влада, Цивика мобилитас или организациите што ја спроведуваат.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Здружение за мултикултурна афирмација и едукација на жените и младите во руралните средини СЕКОГАШ СОЖИВОТ с.Канатларци, Прилеп

Продолжи со читање

  • Национален младински форум „Тука сме за да останеме!“: Време е младите да добијат реална моќ во одлучувањето

    Денес се одржа Националниот младински форум „Тука сме за да останеме!“, кој создаде простор за директен дијалог меѓу млади луѓе од целата држава и претставници […]

  • ЈАВЕН ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ЕКСПЕРТ/ТИМ ЗА ГРАФИЧКИ ДИЗАЈН И МУЛТИМЕДИЈАЛНА ПРОДУКЦИЈА

    Центарот за правни истражувања и анализи (ЦПИА) објавува јавен повик за ангажирање експерт или тим за подготовка на визуелни и мултимедијални содржини во рамки на кампања за животна средина, јавна партиципација и пристап до правда. Ангажманот опфаќа развој на креативен концепт и подготовка на најмалку 10 содржини за социјални медиуми, вклучително инфографици, кратки анимации и […]

  • Како да се слушне гласот на граѓаните? РЕСИС организираше работилница и дебата во Велес

    Како граѓанските барања и проблеми да бидат повидливи и слушнати од локалната власт? Токму ова прашање беше во срцето на работилницата и јавната дебата што Институтот РЕСИС ја одржа во Велес со граѓани и со претставници на општините од Вардарскиот Регион.

  • Етичка рамка за колумни

    Колумната, како уникатен новинарски жанр, ги надминува традиционалните правила на новинарството и во медиумската теорија се смета за една од најслободните и „најживи“ форми, во која доминираат авторскиот став и интерпретацијата. За разлика од класичниот коментар или уредничкиот текст, колумната често остава простор за личен тон, анегдота, полемика, намерна провокација или потсмев. Во неа не […]

  • Изборите се ранлив момент кога граѓаните се изложени на манипулации и надворешни влијанија

    На 19 мај, во Скопје, Фондацијата Метаморфозис во соработка со International IDEA го организираше настанот „Зајакнување на отпорноста кон изборни манипулации со информации“, посветен на справувањето со странското мешање и манипулациите со информации (ФИМИ), дезинформациите и заканите по изборниот интегритет. Настанот се реализираше во рамки на проектот „Справување со изборно поврзани манипулации со информации и […]

  • Дојди на донаторски кружок

    Почитувани, Седмиот донаторски кружок на Конект ќе се одржи на 04.06.2026 г. во просториите на Македонски Телеком (Кеј 13-ти Ноември“ бр. 6, Скопје) со почеток од 19 часот. Приемот на гостите започнува во 18.30 часот.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор