514626949 1056896159898886 3251184462299671872 n

Средба за вмрежување во Гевгелија

Од 25 до 27 јуни во Гевгелија, Цивика мобилитас ја организираше овогодишната Средба за вмрежување, која собра над 80 претставници од граѓански организации од целата земја, како и претставници од институции, донатори и меѓународни организации. Средбата беше простор за искрен и ангажиран дијалог, за споделување искуства и заедничко барање решенија за предизвиците во локалното владеење.
🔎 Во фокусот беа теми како:
• подобрување на соработката меѓу ГО и општините,
• обновување на Граѓанската платформа,
• функционирањето на Советот за соработка,
• инклузивност, транспарентност и финансирање на ГО на локално ниво,
• довербата и учеството на граѓаните во процесите на одлучување.
👥 Говорите и дискусиите на амбасадорката на Швајцарија НЕ Вероник Улман, министерот за локална самоуправа Златко Перински, заменик директорката на ЗЕЛС Ардита Дема-Мехмети и бројни претставници од ГО беа поттик за размислување, но и за акција. Соработката, координацијата и обединетиот глас на граѓанскиот сектор се клуч за влијание врз јавните политики, особено во пресрет на претстојните локални избори.
📣 Средбата заврши со силна порака:
Само преку отворен дијалог, взаемна почит и здружени напори можеме да изградиме поинклузивна, транспарентна и одговорна локална власт.
📸 Погледнете дел од атмосферата и енергијата што ја споделивме во Гевгелија
РЕЦ, како една од организациите грантисти на Civica Mobilitas, ја имаше честа заедно со партнерите – Eco – Logic и Center for Environmental Democracy – Florozon да учествува на средбата за вмрежување во Гевгелија 🤝.
Беше вистинско задоволство да се слушнат различни мислења и искуства по важни теми, особено за животната средина 🍃 во агендите на кандидатите за локалните избори 2025 🗳️.
Во фокусот беше и улогата на граѓанскиот сектор, Министерството за локална самоуправа, ЗЕЛС, како и градоначалниците и советниците во унапредувањето на локалните политики.
Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Здружение Центар за ресурси во животната средина (РЕЦ)

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор