0 02 05 ff700578cc610b9b45d3a9fec35906802a8d74b87300368ad48ff9facf6ec047 69368084ebd5dc21.jpg

Зајакнување на локалната отпорност – работилница за П/СНЕ во Дебар

На 4 јуни 2025 година, во просториите на Општина Дебар, Македонскиот центар за меѓународна соработка организираше работилница со членовите на Локалниот совет за превенција (ЛСП) на тема „Насилниот екстремизам и потребата од повеќечинителски пристап во неговата превенција на локално ниво“.

Работилницата имаше за цел да ги зајакне капацитетите на членовите на ЛСП во Дебар за препознавање и адресирање на факторите кои водат кон радикализација и насилен екстремизам, како и да поттикне идеи за локални иницијативи што можат да придонесат кон ефективна превенција, таму каде што ќе се утврди реална потреба.

Градоначалникот на Општина Дебар, Хекуран Дука, потенцираше дека локалната власт е посветена на унапредување на превентивните механизми и истакна дека соработката со МЦМС претставува заеднички чекор за проактивен пристап кон општествените предизвици, особено во однос на младината.

На работилницата зборуваше Златко Апостолоски, поранешен Национален координатор за спречување насилен екстремизам и борба против тероризам. Тој ги запозна учесниците со клучните поими поврзани со насилен екстремизам и радикализација, институционалната поставеност и правната рамка за делување, како и со улогата на општините, граѓанското општество и другите релевантни чинители во процесите на превенција и спречување.

На работилницата беше акцентирана потребата од координација помеѓу локалната и централната власт. Членовите на ЛСП во дискусиите ги истакнаа предизвиците со капацитетот на локално ниво како што е недостатокот на инспектори за семејно насилство и за малолетничка деликвенција. Тие се осврнаа и на клучните области каде е потребна локална превенција. Меѓу приоритетните теми беа издвоени: едукација на деца и млади за препознавање на ризици во било која област. Ова бара подготвеност што опфаќа основни вештини за постапување во кризни околности, со цел зајакнување на индивидуалната и колективната отпорност. Дополнително, беше дискутирано за управување со сезонски сообраќајни предизвици и заштита на критична инфраструктура.

Оваа работилница претставува прв чекор во серијата активности кои ќе следуваат во Општина Дебар, за градење на поотпорна и побезбедна заедница. Во следниот период, МЦМС ќе продолжи со поддршка на ЛСП преку организирање на уште две работилници и еден заеднички настан, во согласност со потребите на општината и предложените теми од членовите на ЛСП од Дебар.

Работилницата е дел од програмата „Пат кон отпорност и реинтеграција на ранливите семејства во заедницата“ кој го поддржува ГЦЕРФ, а го спроведува Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во партнерство со Нексус – граѓански концепт и Здружението за активен и здрав развој на жените и децата „Плиадес“.

 

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Македонски центар за меѓународна соработка

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор