logo iprg 1

Повик за учество на работилница

logo iprg 1Институтот за истражување на политики и добро владеење ги поканува младите активисти од различна етничка припадност, претставници на младински невладини организации, други младински групи, здруженија, студентски групи, итн. да се пријават и да учествуваат на работилницата што ќе се одржи на 16 и 17 април 2016 година во Штип.

 

Работилницата е дел од проектот „Интер-етнички дијалог и соработка помеѓу младите во Македонија“ и има за цел да ја зголеми соработката помеѓу младите од различна етничка припадност, да го зголеми знаењето за етничките митови и стереотипи, да ги едукцира за заканите од национализмот со крајна цел подобрени меѓуетнички односи.

Последователни активнoсти ќе бидат мултиплицирачки работилници што ќе ги организираат младинските групи кои присуствувале на работилниците, со поддршка на организаторите.

Бројот на учесници е ограничен, а огласот е отворен до пополнување на предвидените места. Заинтересираните треба да поднесат CV и Мотивациско писмо во електронска форма на info@iprg.org.mk и eminiflorina32@gmail.com. Кандидатите ќе бидат известени за учеството на работилницата.

Проектот е поддржан од Цивика мобилитас.

Продолжи со читање

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор