крик

Повик за работна позиција: Проектен Асистент

Опис на работното место

– Познавање и промовирање на мисијата и политиките на ЕКЕ Битола и комуникација на истите со трети страни
– Одржување на чист, уреден, организиран и функционален работен простор
– Водење на онлајн и офлајн архива со документи и материјали
– Архивирање и дигитализирање (скенирање) на документацијата
– Комуникација со персонал, волонтери, институции и крајни корисници
– Одржување на јасна, едноставна, ефикасна и навремена комуникација (Веб страна, информатори, брошури, апликации, проекти, прирачници, формулари…).
– Подготовка и поднесување на договори, барања, молби, жалби, соопштенија и комуникација со институции.
– Одржување на комуникација со корисниците преку меилинг листи и социјални медиуми
– Промовирање на активностите преку веб страна и социјални медиуми
– Помагање во организација на проектните активности (административно во канцеларија и на терен).

Квалификации

– Универзитетско образование (завршено или во фаза на студии) 

– Силни комуникациски вештини (пишување, говор) 

– Одлично познавање на англиски јазик (пишан, говорен) 

– Разбирање на софтвер (Windows, MS Office, Internet, Cloud, Apps)

 – Разбирање на хардвер (компјутер, печатач, проектор и сл.) 

– Релевантно искуство (се смета за предност) 

– Способност за работа на своја иницијатива – Сигурност и доверливост.

 НИЕ НУДИМЕ

-Добри услови за работа

– Флексибилнa работна средина

– Можност професионален развој работејќи на ЕУ проекти – Стабилен работен ангажман со полно работно време (40 часа)

– Нето надомест од 14.934 МКД – Пробен период од 2 месеци на половина работно време со платен надомест врз основа на договор на дело.

АПЛИЦИРАЈ – Испратете CV и мотивациско писмо до: [Email hidden] со “офис менаџер”, како наслов. – Само релевантните кандидати ќе бидат контактирани за интервју. – Краен рок за пријавување: 20 јануари 2021.

Продолжи со читање

  • Јавен надзор над јавните набавки: неправилности и отстапувања во три големи јавни набавки

    СООПШТЕНИЕ ЗА МЕДИУМИ Денес, 19 март 2026 година, Центарот за граѓански комуникации го објави истражувањето Јавен надзор над јавните набавки: Студии на случај (издание бр.1). Издвојуваме дел од клучните наоди: 1. Тендер за корисниците на народни кујни во Скопје: За 1,5 милиони евра, храната се дели на улица и не секогаш според договореното Договорот за јавна набавка на готови оброци за корисниците на народни кујни во вредност од 1,5 милион евра не се спроведува во…

  • Превенција што дава резултати: објавени националните стандарди за превенција од употреба на дроги

    ХОПС – Опции за здрав живот Скопје го објави документот „Национални стандарди за превенција од употреба на дроги“, развиен во рамките на проектот за воспоставување национален систем за превенција во средните училишта, со поддршка од Европската Унија. Овие стандарди претставуваат сеопфатна рамка за планирање, спроведување, следење и проценка на превентивните активности на национално и локално […]
    The post Превенција што дава резултати: објавени националните стандарди за превенција од употреба на дроги appeared first on ХОПС.

  • Легалната миграција и правата на странците во фокус на втората тематска дискусија

    На 10 март 2026 година, во хотел Холидеј Ин во Скопје, се одржа настанот „Легална миграција и правата на странците: состојби и предизвици“, како продолжение на дискусијата одржана на 16 декември 2025 година. Настанот беше организиран од Македонското здружение на млади правници (МЗМП), во рамките […]
    The post Легалната миграција и правата на странците во фокус на втората тематска дискусија appeared first on Myla.

  • Благодарница за организација и постигнати резултати во крводарителството и покажана хуманост и солидарност

    На 17.3.2026 год. (вторник), по повод 17 март – Ден на крводарителството во конференциската сала во хотел Интернационал во организација на Црвениот крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Велес се организираше Свечен настан за доделување на јубилејни признанија за крводарителството. Во рамките на овој настан беше доделена Благодарница…

  • Метаморфозис објави истражување за ефектите од дезинформациите и странските влијанија врз демократските процеси

    Фондацијата „Метаморфозис“ го објави истражувањето „Ефектот на дезинформациите и странските влијанија врз демократските процеси во Северна Македонија во 2025 година“, кое анализира како дезинформациите и пропагандните наративи влијаат врз јавната дебата, довербата во институциите и учеството на граѓаните во демократските процеси. Истражувањето комбинира анализа на дезинформациски наративи и анкета на репрезентативен национален примерок, со што […]

  • Како да се сопре падот на критичкото размислување?

    Критичкото размислување е основа на демократските општества, но и на научното истражување и на интелектуалната слобода и независност. Во рамките на една функционална демократија критичкото размислување им помага на граѓаните да ги оневозможуваат злоупотребите на власта и да им се спротивстават на манипулациите. Тоа е и вештина што филозофите, од Сократ до Џон Стјуарт Мил, […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор