ЕПИ

Повик за експерт/и за подготовка на анализа за статусот на имплементација на реформите поврзани со медијацијата

Институтот за европска политика објавува повик за експерт/и за подготовка на анализа за статусот на имплементација на реформите поврзани со медијација. Повикот се објавува во рамките на проектот „Медијација, без дилема!“, финансиран од амбасадата на Кралството Холандија.

Целта на задачата е да се подготви анализа на статусот на имплементација на реформите за медијација предвидени во Стратегијата за реформи на правосудниот сектор 2017-2020 година со Акциски план. Експерт/ите ќе треба да спроведат канцелариско истражување за соодветните закони, меѓународни и национални документи и интервјуа со релевантни засегнати страни, со акцент на Министерството за правда, Комората на медијатори, судиите, медијаторите. Истражувањето ќе има цел да го анализира напредокот во процесите за реформа на медијацијата во земјата преку анализа на податоците од интервјуата и соодветните закони и документи. Анализата на политиката ќе ги вклучува наодите од фокус групата со претставници од бизнис секторот, која треба да ја спроведат експерт/ите со поддршка на ЕПИ.

При спроведувањето на активностите, експертoт/експертите треба да биде во редовна комуникација и координација со проектниот тим. Од избраниот кандидат/кандидати се очекува да ги изврши следните активности:

  • Анализа за статусот на имплементација на реформите за медијација предвидени во Стратегијата за реформи на правосудниот сектор 2017 – 2022 година со Акциски план. Експерт/ите ќе треба да спроведат канцелариско истражување за соодветните закони, меѓународни и национални документи и интервјуа со релевантни засегнати страни (најмалку 3 интервјуа), со акцент на Министерството за правда, Комората на медијатори, судиите, медијаторите. Истражувањето ќе има за цел да го анализира напредокот во процесите за реформа на медијацијата во земјата преку анализа на податоците од интервјуата и соодветните закони и документи. Анализата на политиката ќе ги вклучува наодите од фокус групата со претставници од бизнис секторот, која треба да ја спроведат експерт/ите со логистичка поддршка на ЕПИ.
  • Подготовка на прашалник и модерирање на фокус група со бизнис сектор. Логистиката за организација на фокус група, како и средствата ќе бидат обезбедени од ЕПИ.

На овој повик може да се пријави индивидуален експерт или група од експерти со најмногу 3 експерти кои ги исполнуваат условите.

Експертот/експертите кој ќе биде ангажиран треба да ги исполнува следниве услови:

  • Најмалку високо обрaзование по општествени науки;
  • Најмалку 5 години работно искуство во активности поврзани со анализи, следење и евалуација на политики.
  • Предност ќе имаат кандидатите кои имаат спроведени истражувања поврзани со медијацијата.

Максималниот бруто износ за финализирање на активностите за кои ќе биде ангажиран експертот или групата на експерти не може да надмине 102250 денари.

Експертите е потребно да ги достават следните документи:

  1. Детално резиме (биографија), на македонски или англиски јазик, со преглед на релевантно искуство;
  2. Два контакти за препораки од претходно спроведени проекти/ангажмани;
  3. Организација и Методологија за развивање на задачата (Анекс 2);
  4. Финансиска понуда во форматот прикажан во Анекс 3.
  5. Пополнета и потпишана изјава од понудувачот (Анекс 4).

Документацијата треба да биде испратена на contact@epi.org.mk не подоцна од 30 август 2021 година, со предмет (subject): Пријава за експерт за подготовка на анализа за медијација.

ПОВИК

Продолжи со читање

  • Спортот не е имун на нееднаквост и насилство: потребни се конкретни и системски промени за надминување на пречките

    Со конференцијата „Фер игра: еднаквост и нулта толеранција за родово базирано насилство во спортот“, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) го заокружи процесот на собирање на податоци кои покажуваат како жените се застапени на позиции на одлучување во спортските организации. Истражувањата укажуваат и на искуствата и препознавањето на различните форми на родово базирано насилство врз жените во спортот, нивото на свесност на спортистките и постоењето, видливоста и користењето на механизмите за заштита. Учесниците на конференцијата отворија широка дискусија која овозможи да се согледаат пречките и бариерите и можните решенија.

  • Говорот на омраза во спортот

    Спортските трибини и натаму остануваат простор каде што се шират навредливи и дискриминаторски пораки, особено на етничка и национална основа. Таквиот говор, особено кога е јавно манифестиран, има потенцијал да предизвика длабоки поделби да ја наруши меѓуетничката кохезија, а има потенцијал да предизвика и злосторства од омраза. Во прилог, нашата колешка Наташа Петковска при гостување […]
    Read More… from Говорот на омраза во спортот
    The post Говорот на омраза во спортот appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

  • Ограничени ефекти од обидот за регулација на онлајн медиумите

    „Порталите конечно ќе се препознаат како медиуми“. „Конечно и порталите влегуваат во закон“. „Владата со измени на закон ќе ги професионализира онлајн медиумите“. Ова се дел од новинарските наслови со кои се најавија измените на Законот за медиуми, со кои требаше да се регулира медиумскиот простор во Северна Македонија кога се во прашање онлајн медиумите. […]

  • ВИ во редакциите – новинарство што се менува  

    Од печатарска машина до интернетот, преку весниците што се печатеа од денес за утре до интернет-порталите што пренесуваат настани во моментот кога се случуваат – технологијата постојано го преобликува начинот на кој се собираат, се објавуваат и се консумираат вестите. Вештачката интелигенција (ВИ) е последната новина што ја трансформира работата во редакциите, давајќи му шанса […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор