Вкупен буџет:  330.000 MKД

Времетраење:  6 месеци

КОНСТИТУЕНТИ

Конституенти во овој проект се Општина Богданци и сите граѓани кои живеат на територија на Општина Богданци.

ЗА ПРОЕКТОТ ПОДДРЖАН ОД ЦИВИКА МОБИЛИТАС

Воспоставување на механизам за подобрена соработка помеѓу Општина Богданци и граѓаните

ЗА ШТО Е ПОТРЕБНА АКЦИЈАТА

Акцијата е потребна да се зајакне соработка помеѓу граѓаните и Општина Богданци. Со спроведувањето на овој проект на граѓаните ќе им се овозможи активно вклучување во граѓанските иницијативи, ќе им се олесни пристапот на граѓаните до Општината доколку увидат некој проблем кој им го нарушува квалитетот на живеење и би земале учество во процесот на креирање и донесување на одлуки што ги засегаат.

ЦЕЛИ И РЕЗУЛТАТИ

Општа цел: Воспоставување на механизам за подобрена соработка помеѓу Општина Богданци и граѓаните.

Специфична цел/и:

  • Активно вклучување на граѓаните во граѓански инцијативи како главни конституенти во Општина Богданци;
  • Вклучување на граѓаните во процесот на креирање и носење на одлуки.

РЕЗУЛТАТИ

  • Имплементиран и одржлив механизам за соработка помеѓу граѓаните и Општина Богданци;
  • Успешно спроведени граѓански иницијативи помеѓу општината и граѓаните како главни конституенти;
  • Целосно вклучување на граѓаните во процесот на креирање и носење на одлуки.

АКТИВНОСТИ

  1. Изработка на истражување за мислењето на граѓаните за нивното вклучување и соработка со Општината;
  2. Изработка на Android и iOS апликација за вклучување на граѓаните во процесот на граѓански иницијативи, креирање и носење одлуки, како и пријавување на проблеми од страна на граѓаните;
  3. Спроведување на три обуки за начинот на користење на апликацијата и презентација на проектот;
  4. Промоција на проектот преку флаери и Фејсбук.

ВЕБ СTРАНА