469325341 966017435573869 2274953766596853041 N

Повик за ангажирање експерт

Општи информации

Хелсиншкиот комитет за човекови права, во рамки на проектот „Зајакнување на националните заштитни механизми против говор на омраза во Република Северна Македонија” финансиран од страна на Европската Унија како дел од програмата EuropeAid/174503/DD/ACT/MK, согласно Договорот за грант потпишан меѓу Хелсиншкиот комитет за човекови права и Европската Унија бр. NDIZI-THE-NEAR/2022/441-698, oбјавува повик за ангажирање на јавен обвинител како експерт за одржување на четири дводневни обуки за зајакнување на капацитетите на судиите и јавните обвинители за постапување во случаи на говор на омраза.

Главната цел на проектот е да се зајакнат ефективните механизми за заштита на правата на граѓаните во Република Северна Македонија при практикување на слободата на изразување и борба против говорот на омраза во согласност со меѓународните и европските стандарди. Влијанието на акцијата е специјално дизајнирано да овозможи синергија помеѓу работата на секторот на граѓански организации и релевантните институции како заштитни механизми од говор на омраза, врз основа на собирање податоци и директен ангажман со избраните целни групи. Ова ќе се постигне преку отворен политички дијалог со цел да се обезбеди посветеност на Владата за понатамошно подобрување на целокупната ситуација преку оперативно и институционално зајакнување на капацитетите за справување со говорот на омраза во согласност со најдобрите европски практики. 

Позиција

Експерт – јавен обвинител за одржување четири дводневни обуки за зајакнување на капацитетите на судиите и јавните обвинители за постапување во случаи на говор на омраза

Тема на обуките

Избраниот експерт ќе треба да одржи четири дводневни обуки за јавни обвинители и судии од четирите апелациони подрачја за препознавање, спречување и борба против говорот на омраза, за постапување во случаи на говор на омраза и собирањето докази, со посебен фокус на најдобрите практики на Европската Унија, особено на судската пракса на Европскиот суд за човекови права. 

Обуките ќе бидат спроведувани од три експерти избрани на јавен повик, еден јавен обвинител, еден судија и еден претставник на Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика. 

Избор на експерт

На овој повик имаат право да учествуваат сите јавни обвинители што ги исполнуваат следниве критериуми:

  • Работно искуство како јавен обвинител од најмалку 5 (пет) години, особено со постапување во случаи на говор на омраза, дела од омраза, дискриминација или заштита на човекови права;
  • Минимум 5 (пет) обуки посетени во текот на работното искуство како јавен обвинител (или претходно) во областа на говорот на омраза, дела од омраза, дискриминација или заштита на човекови права; и
  • Минимум 3 (три) обуки во кои кандидатот бил обучувач.

Искуството се докажува по пат на приложена кратка биографија (CV) во кои се наведени обуките што се посетувани и обуките каде што кандидатот бил обучувач, којашто треба да содржи и краток опис на содржината на обуките.

Работни задачи

  • Подготвување на концепт и методологија за спроведување на обуките
  • Утврдување на целите на обуката
  • Подготовка на тестови за учесниците пред одржување на обуката за оценување на моменталните капацитети и тестови за евалуација
  • Подготовка на писмени материјали и вежби за проширување на знаењата
  • Постојана комуникација со проектниот тим на Хелсиншкиот комитет за човекови права за спроведување на сите задачи, вклучително и утврдување на роковите за нивно завршување

Спроведување на работните задачи

Времетраењето на ангажманот ќе започне на почетокот на април по склучување на договорот со ангажираното лице и ќе трае до завршување на активностите, односно до јуни 2025 година.

Дводневните обуки ќе бидат спроведени во периодот од април-мај 2025 година.

Хелсиншкиот комитет ќе потпише договор со надворешниот соработник каде што ќе бидат дефинирани меѓусебните права и обврски. 

Начин  на пријавување

За пријавување на овој повик кандидатите треба да достават:

  • професионална биографија (CV), вклучително со обуките што се посетувани и обуките каде што кандидатот бил обучувач, којашто треба да содржи и краток опис на содржината на обуките; и
  • финансиска понуда за спроведување на обуките

Документите за пријавување задолжително да се достават на имејл адресата natasha.petkovska@mhc.org.mk најдоцна до 17.04.2025 година со назнака „Избор на јавен обвинител за одржување дводневни обуки за говор на омраза“. По доставување на пријавите, тимот на Хелсиншкиот комитет ќе ги оценува во неколку чекори: проверка дали се доставени потребните документи; евалуација на персоналните биографии и евалуација на финансиските понуди.

За дополнителни прашања, Хелсиншкиот комитет за човекови права ви стои на располагање на горенаведената имејл адреса.  

Скопје, 04.02.2025 година.

This post was originally published on this site

Продолжи со читање

  • „Убавка Јаневска и Весна Коловска се добитнички на наградата „Илија Жупаноски“ од Метаморфозис“ – Мета.мк

    Сторијата со наслов „Конти со кинески врски под британски превез ги однесе заштедите на македонските граѓани“ на Убавка Јаневска и Весна Ковска ја освои првата награда, додека втората награда им беше доделена на Игор Стојанов и Тони Михаилов за проектот „Украден идентитет: Како со вештачка интелигенција се злoупотреби името на доктор Никола Пановски?“ Весна Коловска […]
    The post „Убавка Јаневска и Весна Коловска се добитнички на наградата „Илија Жупаноски“ од Метаморфозис“ – Мета.мк first appeared on Metamorphosis.

  • „Е-општество: Институциите мора да се откажат од „љубомората“ кон податоците“ – Мета.мк

    Вештачката интелигенција го забрзува капацитетот за обработка на големи количини на информации и генерирање вредност, но заедно со придобивките, се зголемуваат и ризиците Во време кога податоците станаа најважниот капитал на дигиталното општество, дилемата кој ги контролира, кој има корист од нив и како се користат останува отворена. Вештачката интелигенција го забрзува капацитетот за обработка […]
    The post „Е-општество: Институциите мора да се откажат од „љубомората“ кон податоците“ – Мета.мк first appeared on Metamorphosis.

  • „Е-општество: Човечкиот интегритет се соочува со дилеми во ерата на вештачката интелигенција, како да се одговори на новите предизвици и кои се решенијата?“ – Мета.мк

    Низ цела Европска Унија, Законот за вештачка интелигенција (ВИ) поставува стандарди за праведност, транспарентност и одговорност, но им остава на земјите кои не се членки на ЕУ да го регулираат одговорното користење на ВИ Имплементацијата на вештачката интелигенција се случува со побрзо темпо од создавањето регулаторни рамки или усвојувањето минимални стандарди за нејзино одговорно создавање […]
    The post „Е-општество: Човечкиот интегритет се соочува со дилеми во ерата на вештачката интелигенција, како да се одговори на новите предизвици и кои се решенијата?“ – Мета.мк first appeared on Metamorphosis.

  • „Образованието е најважната алатка за отпорност кон дезинформациските кампањи“ – Мета.мк

    Информациските манипулации и кибер нападите претставуваат сериозен предизвик за стабилноста и довербата во демократските процеси На сесијата се дискутираше за кибер и хибридни закани | Фото: Ванчо Џамбаски Процесот на дигитализација создава значајни можности за развој, но истовремено носи и зголемени ризици кои ја поткопуваат безбедноста на државите, институциите и граѓаните. Информациските манипулации и кибер […]
    The post „Образованието е најважната алатка за отпорност кон дезинформациските кампањи“ – Мета.мк first appeared on Metamorphosis.

  • „Е-општество: Дигиталната трансформација не вреди ако граѓаните чекаат услуга на шалтер“ – Мета.мк

    Дигиталната трансформација мора да значи подобар живот, услуги без редици и без страв од злоупотреба на податоците и без бескрајни бирократски чекори. Ако тоа не го добиваме, тогаш не сме трансформирале ништо, само сме додале дигитален слој врз неефикасноста, истакна извршниот директор на Фондацијата Метаморфозис, Бaрдил Јашари во своето воведно обраќање. Отворањето на 21-та меѓународна […]
    The post „Е-општество: Дигиталната трансформација не вреди ако граѓаните чекаат услуга на шалтер“ – Мета.мк first appeared on Metamorphosis.

  • Човековите права се наша секојдневна неопходност

    Хелсиншкиот комитет за човекови права се приклучува кон глобалните заложби по повод Меѓународниот ден на човековите права – 10 Декември, кој годинава се одбележува под мотото „Наша секојдневна неопходност“. Темата  нагласува дека човековите права се фундаментални, позитивни и достижни аспекти од секојдневниот живот – како што се домот, храната и мирот – со цел луѓето […]
    Read More… from Човековите права се наша секојдневна неопходност
    The post Човековите права се наша секојдневна неопходност appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор