Рурална средина објавуваат дека денес го потпишавме договорот за грант со колегите од CeProSARD каде што се заложуваме дека во наредните 10 месеци ќе работиме на развој на Наша тезга како платформа која што ги обединува интересите на жените од руралните средини и ја унапредува нивната економска активност.
Со поддршката на колегите од ЦепроСАРД ќе ја зајакнеме препознатливоста на “Наша тезга”, ќе вложиме во развојот на нашите капацитети, но и ќе работиме на вмрежувањето и размената на искуства кои што ќе ни помогнат да го изградиме целосниот вредносен синџир вклучувајќи бизинс сектор, локални и национални власти, жени прооизводителки, млади итн.
Грантот е дел од активностите предвидени во проектот “Поддршка на Социјалните Претпријатија следејќи го принципот- Не оставај никој зад себе” кој што е финансиран од Европската Унија, а имплементиран од ЦепроСАРД.