Screenshot

Медиумската платформа на заедницата #LocalActive е важна и за ранливите групи и за сите граѓани од Југоисточниот регион

На 30-ти септември заедно со RESIS Institute, одржавме состанок со граѓанските организации како застапници на правата на ранливите категории граѓани од Југоисточниот регион, по повод формирање на новата медиумска платформа на заедницата #LocalActive, дел од проектот LocalActiveMedia.

На состанокот учествуваа претставници од пет активни локални организации од Југоисточниот дел кои покажаа интерес и поддршка за имплементирање на проектот LocalActiveMedia и укажаа на потребата од воведување на платформа која ќе служи како медиум на заедницата, како #LocalActive. Претставниците на организациите кои присуствуваа покажаа интерес за нивна активна вклученост при спроведувањето на Мапирањето на ранливите категории граѓани во Источниот и Југоисточниот регион, со што ќе се заврши првата фаза од проектот LocalActiveMedia и ќе служи како подлога за темелно истражување со кое ќе се проценат потребите и комуникациските навики на групите во локалната заедница.

Меѓу организациите кои присуствуваа беа претставници од: Регионален Центар за одржлив развој (РОЦР) од Гевгелија, Среќни Лица од Јосифово, Поддршка од Гевгелија, Организација на жени од Струмица и Женска Акција од Радовиш. На состанокот се дискутираше за проблемите со кои се соочуваат граѓанските организации во пристапот до јавната сфера. Кај традиционалните медиуми: генерално постои незаинтересираност да покриваат стории и вести поврзани со положбата на ранливите групи и активностите на граѓанскиот сектор, а локалните медиуми се финансиски неодржливи и често немаат доволно ресурси да ги покриваат овие теми. Поради тоа, граѓанските организации најчестo ги користат социјалните мрежи како платформи за споделување информации до ранливите групи со кои работат. Оттаму, основањето ваков тип онлајн платформа на заедницата која пред се ќе има намена да ги унапреди комуникациските права на ранливите категории граѓани, но и да служи на граѓанските организации поефективно да се приближат до пошироката јавност е од огромна важност, особено во овие два региони во земјата.

#LocalActive како медиум на заедницата ќе претставува отворена платформа која ќе ја користат граѓанските организации од Источниот и Југоисточниот регион, за која ќе се креираат содржини од интерес за локалните заедници и групи со цел да се унапреди остварувањето на комуникациските права на ранливите категории граѓани, но и да се зголеми нивното влијание врз локалното владеење. LocalActiveMedia го спроведуваат Институтот РЕСИС и Фондацијата за развој на локалната заедница – Штип, а е поддржан од непрофитната фондација National Endowment for Democracy (NED).

Продолжи со читање

  • WAVE: Зајакнување на улогата на жените во спортовите на отворено во Западен Балкан

    Спортот има моќ да инспирира, поврзува и создава заедници. Сепак, во многу спортски дисциплини, особено во outdoor спортовите, жените сè уште се соочуваат со ограничени можности за учество, лидерство и развој. Токму затоа проектот Women Actively Venturing Exploration (WAVE) е создаден со цел да придонесе кон поголема родова еднаквост и активно учество на жените во […]

  • Честит 8ми Март

    На ден пред меѓународниот ден на жената 8ми Март, на 7.3.2026 год. (сабота) извидниците од Велес изработија честитки кои ќе бидат доделени на своите мајки, баби и тетки, а и на сограѓанките на Велес. Со ова членовите на извиднички одред “Димитар Влахов“ – Велес ке го честитаат празникот 8ми март…

  • 28 години братско живеење

    Пред дваесет и осум години, на 7 март во 1998 година на свечената Академија одржана во Големата сала на Општина Велес, а по повод 45 годишнината на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес се изврши збратимувањето на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ со извидничкиот одред “Мија Станимировиќ“ од Ниш – Република…

  • Клучната улога на образованието во промоција на одржливинавики за управување со био отпадот

    Со зголемувањето на еколошките предизвици, важноста на едукацијата за управување со отпад станува сè поголема. Човечките активности значително придонесуваат за деградација на животната средина, со последици како глобално затоплување, загадување на водите и почвата и губење на биодиверзитетот. Иако технологијата и политиките играат значајна улога во решавањето на овие проблеми, образованието останува клучен инструмент за […]

  • „Снаоѓање“ или корупција? Неформални плаќања, врски и подароци во здравствениот систем

    Овој извештај е подготвен во рамките на проектот „Посилни системи, поправедна грижа: елиминација на корупцијата во здравството“. Целта на овој 18-месечен проект е да се идентификуваат проблеми со корупцијата во здравствениот систем на Северна Македонија и преку поттикнување поголема транспарентност, отчетност и родово чувствително управување да се унапреди еднаквиот пристап…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор