рурална коалиција

„Жените од руралните средини се локални херои во производство на храна!“: Рурална Коалиција го одбележа Меѓународниот ден на жената од руралните средини

Рурална Коалиција, денес го одбележа Меѓународниот ден на жените од руралните средини, со успешно завршување на Меѓународната академија на жени претприемачки од руралните средини и доделување на сертификати, како и со потпишување на декларацијата на Руралното Женско Лоби како активна заложба за заедничко делување и застапување за унапредување на родовата еднаквост и економското јакнење на жените од руралните средини како производителки на храна.

Низ 13 вкупно модули водени од страна на фасилитаторки 25 жени успеаа да го поминат процесот на изработка на бизнис план, да размислуваат за унапредување на сопственото производство, да разменуваат меѓусебно знаења и искуства. Академија за жени претприемачки (AWE 2022), е иницијатива на Бирото за Образование Култура на Министерството за надворешни работи на владата на САД која го имплементира овој проект во над 90 земји во светот поддржувајќи повеќе од 16 000 жени, кај нас за прв пат преку партнерска соработка со Рурална Коалиција.

За да ги продолжиме нашите напори и вложувања за унапредување, но и практикување на родовата еднаквост, денес ја потпишавме и декларацијата за активирање на работата на Руралното Женско Лоби кое што делува во Рурална Коалиција и која што ќе ги обедини трудот и посветеноста на жените, заедно со ревносната желба на Рурална Коалиција за подобро економско и социјално утре на сите. Ваквата декларација ќе ја почитуваат и потпишат сите жени кои што ќе станат дел од Руралното Женско Лоби кое што делува и ја јакне родовата компонента во Рурална Коалиција.

Првата академија за жени претприемачки од руралните средини Dream Builder ја организира Амабасадата на САД во Република Северна Македонија U.S. Embassy North Macedonia во партнерска соработка со Рурална Коалиција, додека пак декларацијата за активирање на Руралното Женско Лоби ја потпишавме во рамките на поддршката за унапредување на активностите и делувањето на Руралното Женско Лоби се дел од проектот „Со европско знаење до подобрена родова еднаквост во локалната заедница“, имплементиран од Рурална Коалиција, а поддржан од Reactor Research in Action/ Реактор истражување во акција и нивните партнери преку акцијата „Унапредување на родовата еднаквост во процесот на пристапување во ЕУ“. Акцијата е финансирана од Европската Унија и кофинансирана од Шведската агенција за меѓународен развој и соработка (Сида).

Содржината е единствена одговорност на Рурална Коалиција и не ги одразува ставовите на Европската Унија, Сида или Амбасадата на САД во Северна Македонија.

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор