[Aggregator] Downloaded image for imported item #48185

Мајчиното ментално здравје не смее да остане табу тема

На 1 јуни 2026 година, во Скопје, се одржа конференцијата „Мајчиното ментално здравје како приоритет: од препознавање кон достапна поддршка за секоја мајка“, организирана од Здружение ЕСЕ и Реактор – Истражување во акција, со поддршка од Амбасадата на Франција во Северна Македонија.

Конференцијата отвори важна јавна и институционална дискусија за мајчиното, односно перинаталното ментално здравје, како прашање што сè уште е недоволно препознаено и често останува на маргините на здравствените и социјалните политики. Иако жените во бременоста и по породувањето се соочуваат со низа емоционални, психолошки и социјални предизвици, поддршката што ја добиваат и натаму е ограничена, недоволно достапна и често не е обезбедена таму каде што им е најпотребна – во нивната заедница.

Во рамки на конференцијата беа презентирани наоди и искуства од спроведените активности, при што беше истакнато дека жените имаат јасна потреба од навремени, разбирливи и достапни информации за состојбите поврзани со бременоста, периодот по породувањето и мајчинството. Особено значајно беше потенцирано дека на жените не им се потребни само информации, туку и континуирана поддршка – од семејството, партнерите, здравствените работници, социјалните служби и пошироката заедница.

Посебен акцент беше ставен на потребата од поголемо вклучување на партнерите и семејството во поддршката на жените во перинаталниот период. Дискусијата покажа дека мајчиното ментално здравје не е исклучиво индивидуално прашање на жената, туку прашање што директно влијае врз благосостојбата на детето, семејството и заедницата во целина.

Во панел-дискусијата, учесниците споделија искуства од својата професионална работа и укажаа дека унапредувањето на перинаталното ментално здравје бара мултисекторска соработка и координиран одговор од повеќе служби и институции. Беше нагласена потребата од вклучување на здравствените установи од различни нивоа – од примарна до специјалистичка здравствена заштита – во едукацијата, раното препознавање, советувањето и упатувањето на жените кои се соочуваат со тешкотии поврзани со перинаталното ментално здравје. Воедно, беше истакнато дека поддршката треба да биде организирана така што жените ќе можат да ја добијат навремено и блиску до местото каде што живеат.

Конференцијата ја потврди потребата мајчиното ментално здравје да се третира како приоритет во рамки на здравствениот и социјалниот систем, а не како тема за која се зборува само повремено. За да се обезбеди вистинска промена, потребни се достапни локални услуги, подобра информираност, рана поддршка и јасни патеки за соработка и упатување меѓу институциите и професионалците.

ЕСЕ ќе продолжи гласно да го отвора ова прашање и да се залага за навремена, достапна и квалитетна поддршка за секоја жена во бременоста и по породувањето.

This post was originally published on this site

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор