Нови стории на важни теми од локално значење – Состанок на Локал Актив Вардар во Кавадарци
Зајакнување на локалното новинарство, нови важни локални приказни и уште поголем фокус на проблемите на граѓаните, беа главните теми кои се дискутираа на редакцискиот состанок на платформата „Локал Актив Вардар“, на кој учествуваа новинари и активисти од Вардарскиот Регион, претставници од Институтот РЕСИС и Советот за етика на медиумите во Македонија (СЕММ).
„Платформите како Локал Актив се особено важни бидејќи отвараат важни локални теми кои не се премногу застапени во традиционалните медиуми. Загрижува статистиката дека дури четвртина од содржините кои се објавуваат на онлајн медиумите во земјава се целосно или претежно прекопирани од други медиуми, а дополнително четвртина од објавите се базирани на социјалните мрежи како единствен извор, без проверка на вистинитоста, или пак консултирање на повеќе страни“, истакна Билјана Георгиевска, извршната директорка на СЕММ.
Локалните новинари се пожалија на нереспонзивноста на институциите кои одговараат само на формални барања за информации, како и на забележлива атмосфера на страв кај граѓаните, кои не сакаат јавно да зборуваат за проблемите кои ги мачат.

Од страна на проектниот координатор Игор Мицевски беше најавено дека во рамки на проектот „Медиуми на заедницата за посилно граѓанско општество“ кој го спроведуваат Институтот за истражување на општествениот развој РЕСИС и Советот за етика во медиумите во Македонија – СЕММ, со поддршка од владата на Швајцарија преку програмата „Цивика мобилитас“, кој ќе се реализира во наредните месеци, ќе има нови можности за изработка на нови содржини кои ќе се објават на трите постоечки платформи Локал Актив.

На состанокот се дискутираше и за ефектите од досегашните приказни објавени на Локал Актив Вардар и беше истакнато дека е потребно да се направи и една проверка дали надлежните имаат направено нешто за проблемите предочени во претходните стории.
Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на РЕСИС институт


![[Aggregator] Downloaded image for imported item #45620](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/02/d0a0d0b5d0b4d0b0d0bad186d0b8d181d0bad0b8_d181d0bed181d182d0b0d0bdd0bed0ba_-_d09bd0bed0bad0b0d0bb_d090d0bad182d0b8d0b2_d092d0b0d180d0b4d0b0d180_6.jpg)
![[Aggregator] Downloaded image for imported item #46140](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/03/javen-nadzor-mala.png)

![[Aggregator] Downloaded image for imported item #46135](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/03/untitled-design-1-768x231.png)
![[Aggregator] Downloaded image for imported item #46004](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/03/blagodarnica_ck-838x1024-1-768x938.jpg)

![[Aggregator] Downloaded image for imported item #45958](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/03/sead-il3-768x512.webp)