НЕ за фрлањето храна
Храна за сите – Банка за храна Македонија ги поканува сите заинтересирани на презентација на резултатите постигнати во проектот “Храната за гладните, а не на депонија“ што ќе се одржи на 28 октомври 2016, во 11:00 часот во хотелот Континентал во Скопје.

Преку повеќе активности од проектот „Храната за гладните, а не на депонија“ беше согледана состојбата со фрлањето храна од производствените капацитети, маркетите, дистрибутивните ланци – субјекти и угостителските објекти во Република Македонија како и искуството од Франција. Собраните податоци ќе бидат основа за поттикнување на сите субјекти во општеството за одржливо менаџирање со храна, редуцирање на отпадот од храна, донирање на вишоците храна, како и потребата од граѓанско учество во процесите за намалување на сиромаштијата – гладот. Прифаќањето на најдобрите практики за справување со гладот како со примерот на Франција може да води во постигнување заеднички интерес со маркетите, производствените капацитети и дистрибутерите на храна, вишокот храна и храната со тесен рок на употреба се донира на хуманитарните организации т.е. за гладните и сиромашни граѓани.
Организациите вклучени во оваа акција се дел од неформалната „Коалиција за борба против гладот“ и тоа: Храна за сите – Банка за храна Македонија, Организацијата на жени од Струмица, Младинска алијанса Тетово, Младински културен центар Битола, Уметност на живеење Македонија, СУНА и Коалицијата за одржлив развој од Скопје.
Проектот „Храната за гладните, а не на депонија“ е поддржан од Цивика мобилитас проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ – SDC) кој го спроведуваат НИРАЦ, МЦМС и СИПУ.


![[Aggregator] Downloaded image for imported item #44301](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/02/raf1-1018x1024-1-768x773.jpg)
![[Aggregator] Downloaded image for imported item #44384](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/02/mk-grc-mala.png)
![[Aggregator] Downloaded image for imported item #44127](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/02/630311151_895856849832384_2455287352878253917_n.jpg)
![[aggregator] downloaded image for imported item #40356](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2025/09/web-page-cover-scaled-1-768x337.webp)
