Viber image 2025 11 25 10 39 51

„Не ни требаат 16 дена симболика, туку 365 дена одговорност“ – младите го разобличуваат декларативниот пристап кон родовата еднаквост

Системот зборува за еднаквост, но не обезбедува образование, заштита и реални механизми против насилството

По повод започнувањето на глобалната иницијатива „16 Дена активизам за борба против насилство врз жените“, младите од волонтерската група на ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување, денес на Платото на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје ја претставија својата младинска кампања „Феминизам кој потфрла / Failed Feminism“.

Кампањата е критичка реакција на долгогодишните институционални пропусти во превенцијата и заштитата од родово засновано насилство, и јасно порача дека кога реформите се сведуваат на симболика, последиците ги носат жените, девојките и маргинализираните заедници. Преку видеа, лични приказни, подкасти и герила-интервенции, младите бараат суштински, а не декларативни промени.

„Феминизам кој потфрла“ е јавно предупредување дека институционалните пропусти, политичката неамбициозност и нормализираното игнорирање на женските искуства создаваат реална, опасна и скапа празнина меѓу ветената и вистинската еднаквост. Кампањата беше започната со акција на кампусот при УКИМ, која преку силни визуелни пораки го отвори прашањето: што точно славиме кога велиме дека сме родово еднакво општество?

Изминатиот период сведочевме многу фемициди, кои доколку се случуваат откако е пријавувано насилството а институциите  затајуваат да ги заштитат жртвите, се всушност системски форми на родово засновано насилство и дискриминација кои остануваат маскирани зад статистики што ретко ја кажуваат вистината. Бројките и искуствата од терен покажуваат поинаква слика од официјалните наративи:

  • Образовните институции и медиумите често продолжуваат да ги репродуцираат старите стереотипи. Во формалното образование се уште нема имплементација на наставни програми кои нудат информации за превенција, препознавање и пријавување на насилството, рушење на родовите стереотипи, грижа за сексуалното и репродуктивното здравје како и информации за адолесцентските врски и односи.
  • Сервисите за заштита често се недостапни, недоволни или воопшто не функционираат за девојките и жените, а особено за оние од маргинализираните заедници, бидејќи економската, а и секоја друга нееднаквост продолжува да го диктира пристапот до безбедност, здравје и можности.

Младите активистки гласно повикаа на суштински реформи и одговорно постапување на институциите по законите:

„Родово-базирано насилство перзистира бидејќи останува невидливо и неказниво, се тривијализира во општеството. Жените и девојките се без соодветни информации како да препознаат разни форми на насилство, како да се заштитат и што е најтрагично, оставени се без поддршка ако се осмелат да пријават. Потребна е поголема меѓусекторска соработка и навремено изрекување на мерки по пријавено насилство! Само со заеднички сили може да направиме побезбедно, поправено и напредно општество.“ (Марија Ѓорѓиевска, младинска активистка).

„Во услови кога секојдневно се регистрираат нови случаи на насилство врз жени, неопходно е да се нагласи дека овој феномен не претставува изолиран проблем, туку системски неуспех кој предолго се толерира. Потребни се навремени и координирани институционални реакции, ефикасни механизми за заштита и јасни политики што ќе ја постават безбедноста на жените како реален приоритет, а не како декларативна определба. Во тој контекст, загрижува фактот што најавуваните измени во Кривичниот законик и покрај повеќекратните случаи на фемицид, само во последните неколку месеци, сè уште не се реализирани, а истите ќе мора да го опфатат и порастот на сексуалното насилство преку фотографии, манипулирани содржини и дипфејк-технологии. Како млади, жени, бараме итно усвојување на суштински реформи кои ќе гарантираат превенција, заштита и одговорност.“ (Иларија Димулкова, студентка и младинска активистка).

„Овие 16 дена не се само симбол. Тие се потсетник дека насилството не е приватна работа, туку сериозен општествен проблем. Во нашата држава сè уште многу случаи остануваат непријавени поради страв, недоверба и убедувањето дека ‘ништо нема да се промени’. Затоа бараме подобри системски решенија, поголема одговорност и професионална подготвеност на сите служби.“ (Анастасија Трошанска, студентка и младинска активистка).

„Во момент кога се соочуваме со драстичен број на фемициди и родово базирано насилство во закоравен патријархат, од клучно значење е да се заштитиме како жени и понудиме решенија кога институциите нè не штитат. Секој настан каде може да се говори за насилство врз жени е клучен за понатамошен активизам.“ (Савче Ѓошева, младинска активистка).

 

Исто така повикаа на следење на кампањата на социјалните мрежи на ХЕРА која содржи: видеа, истражувачки содржини и куса документарна продукција, со цел да се разобличат митови, да се отвори критички дијалог и да се понудат конкретни препораки за институционални промени. „Феминизам кој потфрла“ упатува јасен повик: да се изгради систем кој не се потпира на симболика, туку обезбедува реални механизми за заштита, отчетност и еднаква распределба на моќта.

Родовата еднаквост не е трошок, ниту тренд. Таа е услов за функционална демократија, здрави заедници и одржлив развој. Затоа, кампањата бара суштински реформи, зголемена институционална отчетност и политички одлуки што ќе ги стават женските права во центарот на јавните политики, секој ден, а не само за време на „16 Дена Активизам“.

Кампањата е дел од пошироките напори за критичко преосмислување на феминизмот, неговите успеси и неговите неисполнети ветувања. ХЕРА и младинската група ги повикуваат сите институции, медиуми и граѓани да придонесат кон општество во кое женските права не се симболика, туку реалност.

Лице за контакт: Драгана Каровска Чемерска, Раководителка на младинската програма

075 533 567

 

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Асоцијација за здравствена едукација и истражување ХЕРА Скопје

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор