Screenshot

Можен ли е импулс за реформи?

Анализа на Извештајот на Европската комисија за Република Северна Македонија од 19 октомври 2021 година

Контекстот во кој се објави Пакетот за проширување оваа година, го обележуваат справувањето со кризата со Ковид-19, понагласените геополитички и геостратешки фактори, енергетската криза, но и миграциските прашања кои повторно се актуелизираат.

Во самата ЕУ е сѐ повидлив расцепот околу стандардите за владеење на правото, по низата постапки на Комисијата и одлуките на Судот на правдата на ЕУ (СПЕУ) против Полска, но и Унгарија, констатирани и во годишниот извештај на ЕУ за владеење на правото.1 Ваквите трендови во ЕУ имаат сериозно влијание врз поддршката за проширување дури и кај земјите кои се традиционално поддржувачи на оваа политика на Унијата.

Комисијата во Стратегијата за проширување оваа година повторно препорачува почеток на преговорите – усвојување на преговарачката рамка и одржување на првата меѓувладина конференција за Северна Македонија и Албанија до крајот на годината, тврдејќи дека одложувањето има негативно влијание врз кредибилитетот на ЕУ. Повторно се препорачува и визна либерализација за Косово. Предложено е и отворање два кластери со Србија. За другите држави не се предложени нови чекори во процесот. Комисијата прави обид за исчекор и оваа година, по стагнацијата во статусот на процесот минатата година, кога ниедна држава не направи никаков исчекор. Амбициозните изјави на претседателката на ЕК, Фон дер Лајен, во нејзината септемвриска посета на регионот пред објавувањето на Пакетот, беа насочени кон создавањето клима за тоа. Помалку амбициозни беа државите членки во Декларацијата од Брдо на Самитот ЕУ – Западен Балкан, во обидот да го одржат поттикот за процесот.

Овој Извештај доаѓа во период кога процесот на пристапување на Северна Македонија е „заробен“ од блокадата поставена од Бугарија, и целосно ги фрла во сенка условите и реформите кои произлегуваат од обврските од членството, односно усвојувањето на acquis на ЕУ. Во овие услови, ризикот од понатамошното слабеење на трансформативната моќ на ЕУ во пристапувањето е исклучително висок. Овој ризик е особено видлив во нашиот случај како држава која е две декади во процесот ССА, но е присутен во целиот регион.

Дополнително, под знак прашалник се поставува и претходно широко распространетото мислење дека Европската Унија дејствува како актер кој придонесува за демократизацијата во државите кандидатки.

Продолжи со читање

  • Спортот не е имун на нееднаквост и насилство: потребни се конкретни и системски промени за надминување на пречките

    Со конференцијата „Фер игра: еднаквост и нулта толеранција за родово базирано насилство во спортот“, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) го заокружи процесот на собирање на податоци кои покажуваат како жените се застапени на позиции на одлучување во спортските организации. Истражувањата укажуваат и на искуствата и препознавањето на различните форми на родово базирано насилство врз жените во спортот, нивото на свесност на спортистките и постоењето, видливоста и користењето на механизмите за заштита. Учесниците на конференцијата отворија широка дискусија која овозможи да се согледаат пречките и бариерите и можните решенија.

  • Говорот на омраза во спортот

    Спортските трибини и натаму остануваат простор каде што се шират навредливи и дискриминаторски пораки, особено на етничка и национална основа. Таквиот говор, особено кога е јавно манифестиран, има потенцијал да предизвика длабоки поделби да ја наруши меѓуетничката кохезија, а има потенцијал да предизвика и злосторства од омраза. Во прилог, нашата колешка Наташа Петковска при гостување […]
    Read More… from Говорот на омраза во спортот
    The post Говорот на омраза во спортот appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

  • Ограничени ефекти од обидот за регулација на онлајн медиумите

    „Порталите конечно ќе се препознаат како медиуми“. „Конечно и порталите влегуваат во закон“. „Владата со измени на закон ќе ги професионализира онлајн медиумите“. Ова се дел од новинарските наслови со кои се најавија измените на Законот за медиуми, со кои требаше да се регулира медиумскиот простор во Северна Македонија кога се во прашање онлајн медиумите. […]

  • ВИ во редакциите – новинарство што се менува  

    Од печатарска машина до интернетот, преку весниците што се печатеа од денес за утре до интернет-порталите што пренесуваат настани во моментот кога се случуваат – технологијата постојано го преобликува начинот на кој се собираат, се објавуваат и се консумираат вестите. Вештачката интелигенција (ВИ) е последната новина што ја трансформира работата во редакциите, давајќи му шанса […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор