НРЦ

БАРАЊЕ ЗА ПРИЈАВА НА ЕКСПЕРТ/КА

БАРАЊЕ ЗА ПРИЈАВА НА ЕКСПЕРТ/КА за проценка на нивото на информираност и знаење за родово базирано и семејното насилство во ромските заедници во 5 општини (Куманово, Кочани, Кичево, Штип и Прилеп)

Почитувани,

Здружение Национален ромски центар (НРЦ), Куманово објавува Барање за прибирање на понуди повикувајќи ги сите квалификувани физички и правни лица да поднесат понуди со следниве содржински спецификации:

  • Општи услови
  1. Набавувач на услуги ЗГ. Национален ромски центар со седиште на ул. Доне Божинов бр.11/5, Куманово.
  2. Предмет на барањето: Прибирање на пријави за експерт/ка
  3. Национален ромски центар го имплементира проектот „Кампања за превенција на насилство врз жени и семејно насилство во ромските заедници” во рамките на Регионалната програма на Европската Унија и UN Women „Спречување на насилството врз жените во Западен Балкан и Турција: Имплементирање на норми промена на ставови” и за потребите на проектот НРЦ го објавува ова барање преку својата интернет страница www.nationalromacentrum.org.

Главна цел на проектот е жените, девојчињата, мажите и момчињата на заедничко и индивидуално ниво да имаат подобро разбирање и прифаќање на родовата еднаквост во 4 региони во земјата.

Проектот се имплементира во 5 општини Куманово, Кочани, Штип, Прилеп и Кичево.

  1. Понудувачот може да биде секое физичко или правно лице кое ги исполнува условите од ова Барање за доставување на понуди, во смисла на образование и претходно искуство.
  2. Понудувачот со поднесување на понуда се обврзува дека важењето на понудата под пропишаните услови ќе биде до завршување на ангажманот предвиден со Договор кој по избор ќе се склучи со НРЦ.
  • Потребно искуство:
  • Експертот/ката да поседува диплома за завршено високо образование;
  • Минимум 3 годишно документирано работно искуство во подготовка и спроведување на истражувања, анализи, прирачници и други документи;
  • Познавање на домашно и меѓународно законодавство и правни инструменти на заштита од родово базирано и семејно насислтво;
  • Развиени аналитички и изтражувачки вештини;
  • Минимум 3 годишно работно искуство со граѓански организации и/или ромски граѓански организации, Роми/Ромки; и/или на прашања поврзани со Роми/Ромки;
  • Дигитална писменост (Zoom, Microsoft Teams, BlueJeans, и други).
  • Познавање на Microsoft Office и обезбеден пристап до интернет
  • Опис на обврски
  • Да спроведе проценка за нивото на информираност и знаење за родово базирано и семејното насилство во ромските заедници во 5 општини (Куманово, Кочани, Кичево, Штип и Прилеп);
  • Времетраење: 30 работни дена во период јануари 2022 – октомври 2022 година;
  • Проценката ќе се врши со испитаници, жени, девојки, мажи и момчиња имајќи ја предвид родовата перспектива во оценувањето;
  • Евалуација со дистрибуција на прашалници до целната популација, пред и по кампањата за подигнување на свеста, за мерење на информираноста за РБН и семејно насилство во 5 општини;
  • Квантитативни податоци од општите и специјализираните служби во 5 општини, како и за бројот на пријавени случаи на насилство врз жените и девојчињата Ромки во 5 општини со најмалку 2.000 жени, девојчиња, мажи и момчиња Роми;
  • Предлог методологија и временска рамка за изработка на истражувањето;
  • Изработка на драфт верзија на истражувањето доставено до нарачателот на увид и одобрување;
  • Изработка на финалнa верзија на истражувањето за нивото на информираност и знаење за родово базирано и семејното насилство во ромските заедници во 5 општини (Куманово, Кочани, Кичево, Штип и Прилеп);
  • Изработка и достава на извештај за спроведени активности и пополнет образец time sheet во рок од 5 дена по завршување на ангажманот;
  • Комуникација и соработка со сите лица вклучени во проектот
  • Понуда

Понудувачот треба да достави:

  • Диплома од завршен факултет (копија)
  • Работна биографија
  • Писмо за интерес со краток опис кој ќе докаже дека поседува соодветно знаење и искуство за спроведување на активностите предмет на повикот со документирано работно искуство;
  • Предлог методологија и временска рамка за изработка на истражувањето;
  • Најмалку еден примерок од претходна работа за спроведени слични работни задачи во последните 5 години
  • Тековна состојба во оригинал не постара од 6 месеци доколку е правно лице;
  • Понудена бруто цена за ден за извршување на обврските
  1. Критериуми за избор на најповолен понудувач:
  • Релевантна биографија и искуство – 40 поени
  • Предлог методологија– 40 поени
  • Предлог понудена цена – 20 поени

Здружение „Национален ромски центар“ со избраниот субјект ќе склучи договор за соработка. Исплата ќе биде на три рати и тоа: прва рата во износ од 30% од вкупниот бруто износ на понудената и прифатена цена по склучување на договорот и одобрен time sheet од страна на проектниот тим, втората рата во износ од 30% три месеци по склучување на договорот и одобрен time sheet од страна на проектниот тим и третата рата 40% по завршување на ангажманот и одобрување на доставен на извештај и time sheet од страна на проектниот тим.

Ве молиме вашите понуди да ги испратите по електронска пошта (e-mail) на следната адреса info@nationalromacentrum.org и ramadanovska@nationalromacentrum.org најдоцна до четврток 24.12.2021 до 16 часот.

Куманово 14.12.2021

Продолжи со читање

  • Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест

    Зад секоја вест за насилство врз дете, стојат дете со нарушено чувство на сигурност, семејство кое живее во страв и неизвесност; и заедница што треба да се запраша дали можела да стори нешто порано. Но, не секое насилство станува вест. Некои деца молчат од страв […]
    The post Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест appeared first on Myla.

  • Eco Social Voices претставен на YCDF Skopje Local Point: Младите како двигатели на климатските промени

    Климатската акција започнува со младите, нивните идеи и можноста активно да учествуваат во создавањето промени. Во Europe House во Скопје, Еко Логик, во партнерство со Youth Climate Diplomacy Forum (YCDF), го претстави проектот Eco Social Voices на презентацискиот настан посветен на YCDF Skopje Local Point. Настанот беше можност за запознавање со целите, визијата и активностите […]

  • Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување

    На 16 и 17 октомври 2026 година, Институтот за европска политика (ЕПИ) го организираше првиот модул за обука во рамките на проектот „Decode the EU – Communicating EU policies together“ во Струмица. Дводневната работилница собра 10 новинари од различни медиуми, со цел да се зајакне аналитичкото известување засновано на докази за процесот на пристапување на […]
    The post Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување appeared first on EPI.

  • Извидниците од Велес волонтерски работеа на санирање на конференциската сала во ИЦО – Охрид

    Членовите на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, Валентин Јанкуловски, Благој Јорданов и Владимир Ивановски-Вуцо во периодот од 16 до 18 октомври 2026 год. во извидничкиот центар “Охрид“ во Охрид работена на санирање на Конференциската сала на ИЦО – Охрид. Со превземените активности од страна на нашите одредски членови ја…

  • Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација

    Силните економии се градат врз силни партнерства. Finance Think и British Business Association in North Macedonia – Британската бизнис-асоцијација во Северна Македонија вчера потпишаа Меморандум за разбирање, поставувајќи основа за поблиска соработка за прашања важни за бизнис-секторот, носителите на политики и општеството. Партнерството ја поврзува широката деловна мрежа на Британската бизнис-асоцијација со економските истражувања и […]
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација first appeared on Finance Think.
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација appeared first on Finance Think.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор