ЕПИ

Менталитетот и неинформираноста главни причини поради кои државата не е членка на Е, сметаат граѓан(к)ите

Интеграцијата на Република Северна Македонија во меѓународните структури не е нов процес, туку е долгорочна борба на реформи и ветувања. Условите врз кои се раководи нашиот влез во Европската Унија постојано се реструктурирани, отежнувајќи го процесот, но истите влијаат и врз перцепцијата и желбата на граѓан(к)ите за интеграција на земјата. Граѓан(к)ите сметаат дека менталитетот на нашиот народ, како и недоволната информираност од страна на институциите се едни од главните причини поради кои државата не може да продолжи понатаму, и да стане дел од меѓународните сили.

Дискусијата „Добрососедски односи и ЕУ интеграции: До каде сме и на каде се движиме?“ имаше цел да ги вклучи граѓаните во дебатна дискусија преку која ќе се откријат мислењата во однос на процесот на евроинтеграција и можностите на државата. Таа се одвиваше во формат, поделена на два дела. Првиот дел од дискусијата беше оставен целосно на граѓаните учесници, кои имаа можност да го изразат своето мислење и некои дополнителни ставови меѓусено. По тоа, во вториот дел граѓаните имаа можност да постават прашања за кои имаат дополнителен интерес до експертка од таа област.

Како дел од дискусијата покрај учесниците од Источниот и Југоисточниот регион, беше поканета и членката на управниот одбор на Институтот за европска политика ЕПИ- Скопје, Малинка Ристевска Јорданова, како експертката во вториот дел од дискусијата која директно даде допонително објаснување на прашањата на граѓаните. Дискусијата беше модерирана од Соња Стојадиновиќ.

Учесниците истакнаа дека тие не се доволно информирани за евроинтегративниот процес и како ќе влијае тој процес врз нив и државата. Поради недостаток на квалитетна комуникација од страна на институциите кои површно ги комуницираат дејностите и процесите, како и нивната селективност врз основа на тоа што ќе биде објавено за јавност а што не, општеството губи доверба во нивната работа. Има доста сектори каде има значителен напредок во процесот, но тие недоволно се презентирани во јавноста. Институционалната несреденост на ниво на држава во голема мера се разликува од европските институции и нивната функционалност. Истотака, се смета дека менталитетот на општеството не е соодветно подготвен да биде дел од ЕУ.

Масовната партизација во сите сектори се појавува како голем проблем. Постои партизација во јавните институции, особено во јавната администрација, но не изоставува ни во приватниот сектор. Според учесниците не постои минимален консензус ни свесност околу прашањето за партизација и потребна е поголема одлучност од страна на политичките субјекти да ја постават партизацијата како врвен приоритет. Истотака, самите граѓан(к)и треба да прават поголем притисок и да бидат гласни за реализација на нивните права.

Понатау, во однос на младите, тема која беше доста дискутирана за време на настанот, беше потенцирано дека е потребно да им се обезбедат повеќе можности за да може да се врати желбата да останат во државата. Нивото на миграција на младите во странство поради образвание, економски причини, но и партизацијата на државата се зголемува секоја година. За да може на младите да им се обезбеди поволна општествена атмосфера, потребно е да се направи анализа на институциите. Преку анализата ќе се докаже кои сектори работат, што правиме правилно и каде има недостатоци, за да може тие да ги надминеме, наместо само да ветуваме нови можности.

Во однос на евроинтеграциите, покрај недостатоците на ниво на држава, како дополнителна причина која влијае врз процесот е и самата ЕУ. Постои евроскептицизам и незадоволство бидејќи од страна на ЕУ, постојано се даваат декларативни заложби и има дополнителни барања кои треба да исполнат, а во целиот процес земјата релативно малку се посветува кон она што е потребно и приоритетно како држава. Државата се поставува спремна да ги прави сите реформи кои ЕУ ги налага, но истиот напор и одговор не е возвратен, па поради тоа државата треба да го задржи својот интегритет во рамки на своите приоритети за да може да продолжи кон исполнување на меѓународните приоритети. За добрососедските односи со Грција и Бугарија, од личните искуства, учесниците укажаа на соработка и комуникација помеѓу граѓаните, надвор од официјалните документи. Меѓуграничните градови, како што е Гевгелија, имаат соработка во економската сфера со градови од Грција, а пак пред бугарската блокада, пример од градот Делчево, имале поволна комуникација и сорабитувале на проекти со училиштата во Бугарија. Учесниците сметаа дека негативните политики не смеат да имаат влијание врз интегративните процеси.

За време на дискусијата со Малинка Ристевска Јорданова,  се начнаа бројни прашања за пристапните преговори, односите со соседските земји и за напредокот на земјата. Беше истакнато дека актуелниот проблем со Бугарија беше изненадување за многумина и доведе до кршење на договорот и разнишување на довербата која понатаму ќе влијае и во други сектори на соработка. Стапките за влез во ЕУ секоја година се покоплицирани, поради што како држава мора да се освртиме кон подобрување на сите полиња наместо само оние кои сметаме дека се битни. Но и покрај недостатоците имаме и поволни резултати кои често се занемаруваат. ЕУ покажува напори да ја надмине блокадата поставена од Бугарија, но можноста за компромис сеуште не е обезбедена.  Земјата има области во кои покажува голем напредок и развој, како и предели во кои е потребно да се обрати поголемо внимание. Сепак, останува на тоа дека е потребна поголема заложба, политичка волја и внимателност да се работи на напредокот во многу важни сектори како што се демократијата, влаеењето на правото и животната средина.

Настанот беше организиран како дел од проектот „АКТ – Активна граѓанска акција   2.0“,   спроведен   од   Институтот   за   европска   политика   –   Скопје   соподдршка   од   Центарот   за   делиберативна   демократија   од   УниверзитетотСтенфорд   од   САД.   Проектот   е   финансиран   од   National   Endowment   for Democracy   од   САД.   Оваа   дискусија,   заедно   со   уште   4   останати   дебатнидискусии со граѓани на различни теми низ целата држава, ќе придонесат заразвивање на Национална дебатна анкета која е планирана во 2022 година.

The post Менталитетот и неинформираноста главни причини поради кои државата не е членка на ЕУ, сметаат граѓан(к)ите appeared first on EPI.

Продолжи со читање

  • Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест

    Зад секоја вест за насилство врз дете, стојат дете со нарушено чувство на сигурност, семејство кое живее во страв и неизвесност; и заедница што треба да се запраша дали можела да стори нешто порано. Но, не секое насилство станува вест. Некои деца молчат од страв […]
    The post Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест appeared first on Myla.

  • Eco Social Voices претставен на YCDF Skopje Local Point: Младите како двигатели на климатските промени

    Климатската акција започнува со младите, нивните идеи и можноста активно да учествуваат во создавањето промени. Во Europe House во Скопје, Еко Логик, во партнерство со Youth Climate Diplomacy Forum (YCDF), го претстави проектот Eco Social Voices на презентацискиот настан посветен на YCDF Skopje Local Point. Настанот беше можност за запознавање со целите, визијата и активностите […]

  • Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување

    На 16 и 17 октомври 2026 година, Институтот за европска политика (ЕПИ) го организираше првиот модул за обука во рамките на проектот „Decode the EU – Communicating EU policies together“ во Струмица. Дводневната работилница собра 10 новинари од различни медиуми, со цел да се зајакне аналитичкото известување засновано на докази за процесот на пристапување на […]
    The post Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување appeared first on EPI.

  • Извидниците од Велес волонтерски работеа на санирање на конференциската сала во ИЦО – Охрид

    Членовите на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, Валентин Јанкуловски, Благој Јорданов и Владимир Ивановски-Вуцо во периодот од 16 до 18 октомври 2026 год. во извидничкиот центар “Охрид“ во Охрид работена на санирање на Конференциската сала на ИЦО – Охрид. Со превземените активности од страна на нашите одредски членови ја…

  • Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација

    Силните економии се градат врз силни партнерства. Finance Think и British Business Association in North Macedonia – Британската бизнис-асоцијација во Северна Македонија вчера потпишаа Меморандум за разбирање, поставувајќи основа за поблиска соработка за прашања важни за бизнис-секторот, носителите на политики и општеството. Партнерството ја поврзува широката деловна мрежа на Британската бизнис-асоцијација со економските истражувања и […]
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација first appeared on Finance Think.
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација appeared first on Finance Think.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор