480852142 651268107386716 1140498513309292774 N 1024x624.jpg

Крводарителска акција по повод Светскиот ден на извидништвото

На 1.3.2025 год. (сабота) по повод Светскиот ден на извидништвото , извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес, огранизираше крводарителска акција. На неа се собраа 68 крвни единици. Истата се изведе во просториите на Младинскиот центар, лоцирани во Градската библиотека.  

Акцијата заеднички ја реализираа Општинската организација на Црвен крст, извидничкиот одред “Димитар Влахов“, Младинскиот Центар и Институтот за трансфузиона медицина од Скопје. Ова е трета акција  на ИО Димитар Влахов, која се одржува по повод Светскиот ден на извидништвото.

Во втората ланска акција беа собрани 46 крвни единици. Со оваа акција извидниците од Велес ја докажаа својата хуманост и направија добро дело.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Извиднички одред “Димитар Влахов“ - Велес

Продолжи со читање

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор