Img 9260 1440x1920

Учениците од ООУ „Круме Кепески“ учеа за циркуларна економија и биоотпад

Одржливиот развој започнува со едукација! Во рамките на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“ спроведуван од Центар за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија во партнерство со Еко Логик и Флорозон Центар за еколошка демократија, реализиравме интерактивна работилница со ученици од ООУ „Круме Кепески“ од Општина Кисела Вода. Оваа иницијатива, поддржана од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас, им овозможи на младите да се запознаат со важноста на управувањето со биоотпадот и неговата трансформација во корисни производи.

Изминатата недела во биотехнолошката лабораторија

Изминатата недела во биотехнолошката лабораторија, беше реализирана работилница во рамките на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“ спроведуван од Центар за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија во партнерство со Еко Логик и Флорозон Центар за еколошка демократија.

Проактивност и желба за учење

Со учество на 20 ученици, работилницата донесе нова енергија и инспирација. Учениците не само што покажаа голема заинтересираност, туку и демонстрираа претходно знаење за темата. Нивниот ентузијазам и активна вклученост ги потврдуваат заложбите за создавање свесна и одговорна младина која е подготвена да преземе чекори кон одржлива иднина.

Од биоотпад до корисен ресурс

Работилницата ги запозна учениците со техники за трансформација на биоотпадот во корисни производи кои можат да се применат во различни индустрии – фармакологија, козметика, прехранбена индустрија и многу други. Ова не само што ја подигна свеста за важноста на циркуларната економија, туку и им овозможи на учениците да стекнат практични вештини кои можат да ги применат во секојдневниот живот.

„Сакаме работилницата да трае уште повеќе!“

Нивната конечна порака беше јасна – „Сакаме работилницата да трае уште повеќе!“ Овој фидбек е доказ дека сме на вистинскиот пат во постигнувањето на проектните цели. Создавањето на генерации кои ја разбираат важноста на одржливите технологии е клучен чекор кон подобра иднина.

Образованието за циркуларна економија и управувањето со органски отпад е неопходно за создавање одржливи заедници. Горди сме што имавме можност да работиме со овие инспиративни ученици и со нетрпение очекуваме уште многу вакви иницијативи.

Благодарност до Цивика мобилитас и Владата на Швајцарија за поддршката! Заедно градиме позелена и поодржлива иднина!

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Здружение на граѓани за заштита и унапредување на животната средина "ECO - LOGIC"

Продолжи со читање

  • Интервенција пожар – Тактичко-техничка примена на четирициклот при интервенции на отворен простор

    Современите предизвици при справувањето со пожари на отворен простор бараат мобилност, брза проценка на состојбата и правилна употреба на расположливата противпожарна техника. Членовите на ДПД Свети Николе во своето оперативно дејствување го користат противпожарниот четирицикл како важен ресурс за пристап и работа на терени каде движењето со стандардни противпожарни возила е ограничено или отежнато. Неговата…

  • СЕОПФАТНО СЕКСУАЛНОТО ОБРАЗОВАНИЕ Е РЕШЕНИЕ ЗА НАСИЛСТВОТО, ЗЛОУПОТРЕБАТА И ДЕЗИНФОРМАЦИИТЕ – Владата има одговорност да го заштити здравјето на младите –

    ХЕРА со сериозна загриженост ја прими информацијата дека Министерството за образование и наука ја повлекува програмата и изборниот предмет „Сексуално образование“ од средното образование и […]

  • Нова публикација: „Граѓанскиот сектор во бројки 2025“

    МЦМС ја објави публикацијата „Граѓанскиот сектор во бројки 2025“, финансиска, економска и општествена анализа на топ 100 граѓански организации според приходи во 2025 година. Анализата ги вкрстува завршните сметки за 2023, 2024 и 2025 година со податоците од регистарот на активни граѓански организации, и на едно место дава слика за големината, географијата, растот и ранливостите на организираното граѓанско општество во земјата.

  • Партнерите на проектот започнуваат со мапирање на потребите и развивање на инклузивна програма за обука

    Како дел од регионалниот проект „Лица со попреченост одгледуваат органски лековити билки“, партнерите на проектот започнаа со имплементација на Активноста А2 – Мапирање на потребите и подготовка на програма за обука за органско одгледување билки. Оваа активност ги здружува трите партнерски организации од Северна Македонија, Србија и Босна и Херцеговина…

  • Реализирани 40 (XL) Средби на извидници – Велес 2026

    По повод 8ми Септември Денот на државноста на Република Македонија, а остварувајќи ја својата програма за работа извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, ги организираше 40 (XL) Средби на извидници – Велес 2026  кој се одржаа во периодот од 4 до 6.9.2026 год. во извидничкиот центар Голозинци во истоименото село….

  • 74 години – Извиднички одред “Димитар Влахов“

    Во далечната 1948 година со Законот за предвојничка обука во рамките на Гимназијата “Кочо Рацин” во Велес започнуваат да се формираат првите одделенија кои што работат активности слични на нашите, извидничките. Тие одделенија се до 1952 година работат како неформални групи за да на денешен ден 8 септември во учебната…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор