European parliament logo.svg

ХЕРА: Европскиот пат значи демократија, човекови права и заштита од антидемократски влијанија

ХЕРА го поздравува усвојувањето на Извештајот на Европскиот парламент за Северна Македонија како важна порака дека европската интеграција не е само технички процес, туку пред сè политичка и вредносна обврска кон демократијата, владеењето на правото, човековите права, слободните медиуми и активното учество на граѓаните.

Извештајот јасно потсетува дека напредокот кон Европската Унија мора да почнува и да се мери преку кластерот „Фундаментални вредности“. За ХЕРА, тоа значи дека реформите не смеат да се сведат на формално усогласување на законите, туку мора да донесат реална заштита за луѓето, независни институции, отчетна власт и еднаков пристап до права и услуги за сите граѓани, особено за жените, младите, Ромите, ЛГБТИК+ луѓето, лицата со попреченост и сите маргинализирани заедници.

Посебно е важно што европските институции повторно ја нагласуваат улогата на граѓанското општество. Граѓанските организации не се декор во процесот на пристапување, туку неопходен коректив, извор на експертиза и директна врска со граѓаните. Затоа бараме Владата и Собранието да обезбедат суштинско, навремено и транспарентно вклучување на граѓанските организации во сите реформски процеси поврзани со ЕУ, вклучително и во реформската агенда, патоказите за владеење на правото и демократските институции, како и во подготовката и следењето на законите што ги засегаат човековите права.

Реактивирањето на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество е позитивен чекор, но тој мора да стане функционален механизам за дијалог, а не формална структура без влијание. Истовремено, државата мора итно да обезбеди јасна, транспарентна и предвидлива рамка за јавно финансирање на граѓанските организации. Без независно и одржливо граѓанско општество, нема силна демократија.

ХЕРА изразува загриженост и за состојбата со медиумската слобода и безбедноста на новинарите. Независните медиуми, истражувачкото новинарство и проверката на факти се клучни за отпорноста на општеството, особено во време на дезинформации, политичка поларизација и надворешни влијанија. Потребно е целосно усогласување на медиумското законодавство со европските стандарди, транспарентност на медиумската сопственост, правична и недискриминаторска распределба на јавните средства и државното рекламирање, како и ефикасна заштита од закани, вознемирување, насилство и стратешки тужби против јавна критика.

Извештајот треба да се чита и како сериозно предупредување за странските влијанија, дезинформациите и хибридните закани. Северна Македонија нема да биде демократски отпорна доколку институциите не препознаат дека нападите врз родовата еднаквост, сексуалното и репродуктивното здравје и права, ЛГБТИК+ луѓето, граѓанското општество и независните медиуми често се дел од пошироки антидемократски стратегии. Овие процеси не се изолирани „културни дебати“, туку организирани обиди за намалување на довербата во демократијата, институциите и европската перспектива.

Во тој контекст, особено загрижува назадувањето во политиките за родова еднаквост. Отстранувањето или релативизирањето на содржините за родова еднаквост, сексуално и репродуктивно здравје и недискриминација од образовните и јавните политики директно ја ослабува заштитата на младите, жените и маргинализираните заедници. Промената на јазикот од „родова еднаквост“ кон потесни и помалку заштитни формулации не е безначајна терминолошка промена, туку политички сигнал што може да го поткопа постојниот систем за еднаквост и заштита од насилство.

ХЕРА потсетува дека европскиот пат на Северна Македонија мора да биде пат на проширување, а не стеснување на правата. Вистинскиот тест за реформите е дали тие ги штитат оние кои најчесто остануваат невидливи, дали обезбедуваат пристап до услуги, дали гарантираат заштита од дискриминација и насилство и дали создаваат институции кои работат во интерес на граѓаните, а не на партиски, економски или надворешни центри на влијание.

Затоа ХЕРА бара:

  • Владата и Собранието да го постават кластерот „Фундаментални вредности“ во центарот на сите реформски процеси;
  • граѓанските организации суштински да се вклучат во подготовката, спроведувањето и мониторингот на реформите поврзани со ЕУ;
  • да се обезбеди транспарентна и одржлива рамка за јавно финансирање на граѓанското општество;
  • да се зајакне заштитата на независните медиуми, истражувачките новинари и проверувачите на факти;
  • да се воспостави јасна институционална рамка за справување со странска манипулација со информации, дезинформации и хибридни закани;
  • да се запре назадувањето во политиките за родова еднаквост, недискриминација и сексуално и репродуктивно здравје и права;
  • Европската Унија и Делегацијата на ЕУ во земјата да продолжат со директна, видлива и принципиелна поддршка за граѓанското општество, независните медиуми и бранителите на човековите права.

Северна Македонија не може да се движи кон Европската Унија со ослабени демократски институции, ограничен простор за граѓанско учество, притисок врз медиумите и релативизирање на човековите права. Европската интеграција мора да биде процес што ја зајакнува демократијата одвнатре — преку институции што служат на граѓаните, медиуми што можат слободно да прашуваат, граѓански организации што можат безбедно да работат и политики што ја штитат еднаквоста за сите.

ХЕРА останува посветена на европската иднина на земјата, но таа иднина мора да биде заснована на достоинство, еднаквост, слобода, солидарност и реална заштита на човековите права.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Асоцијација за здравствена едукација и истражување ХЕРА Скопје

Продолжи со читање

  • Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество на средба со организациите во Куманово

    На 1 октомври 2026 година претставници на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество се сретнаа со граѓанските организации и активистите од Североисточниот регион. Средбата беше посветена на улогата, работата и соработката со Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество, како значаен механизам за унапредување на дијалогот меѓу институциите и граѓанските организации.

  • OТВОРЕНО ПИСМО | Дали претседателката Сиљановска-Давкова легитимира организации поврзани со движења против правото на абортус?

    Мрежа за заштита од дискриминација испраќа отворено писмо до претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод нејзината неодамнешна средба со претставнички на здружението „Јас сум жена“. Со […]

  • Finance Think на Форумот за граѓански организации и тинк-тенкови 2026 во Приштина

    Од 5 до 7 октомври, во Приштина се одржа Civil Society & Think Tank Forum 2026, официјалната платформа на граѓанското општество во рамки на Берлинскиот процес, на кој учествуваше и Finance Think. Во текот на трите дена, низ повеќе тематски дискусии, претставниците на граѓанските организации и тинк-тенковите од Западен Балкан имаа можност да дадат свои […]
    The post Finance Think на Форумот за граѓански организации и тинк-тенкови 2026 во Приштина first appeared on Finance Think.
    The post Finance Think на Форумот за граѓански организации и тинк-тенкови 2026 во Приштина appeared first on Finance Think.

  • Граѓанското општество од Западен Балкан го даде својот придонес во пресрет на Самитот на Берлинскиот процес

    Овогодишниот Форум на граѓанското општество и тинк-тенк организации (CSF 2026) се одржа во Приштина од 5 до 7 октомври. Форумот, како официјална платформа на граѓанскиот сектор во рамките на Берлинскиот процес, уште еднаш ја потврди незаменливата улога на граѓанскиот сектор како мост меѓу граѓаните, експертската заедница и донесувачите на одлуки.

  • Одржана базична обука за прва помош во Свети Николе

    Одржана базична обука за прва помош во Свети Николе На 4 и 5 октомври 2026 година, во просториите на ООУ „Гоце Делчев“ во Свети Николе, се одржа базична обука за прва помош, организирана со поддршка на Operation Florian од Велика Британија. На обуката учество земаа членови од три доброволни противпожарни друштва: ДПД Свети Николе, ДПД…

  • ЗАКОНИТЕ МОРА ДА ГИ РЕШАВААТ ПРОБЛЕМИТЕ ЗА ЗАШТИТАТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА, А НЕ ДА ГИ КРЕИРААТ

    Вчера (7.10.2026 година) на Пленарна седница на Собранието на Република Северна Македонија, на прво читање беа разгледани предлог измени и дополнувања на Законот за животната средина. Веќе за 13.10.2026 година е закажана седница на Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање на […]
    The post ЗАКОНИТЕ МОРА ДА ГИ РЕШАВААТ ПРОБЛЕМИТЕ ЗА ЗАШТИТАТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА, А НЕ ДА ГИ КРЕИРААТ appeared first on Myla.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор