[Aggregator] Downloaded image for imported item #48585

Одржан првиот форум за застапување во Виница: „Гласот на жените во општинскиот буџет“

На 16 јуни во Виница успешно се одржа првиот форум за јавна презентација и застапување насловен „Гласот на жените во општинскиот буџет“. Овој значаен настан за локалната заедница беше организиран од страна на Здружението ИНИ, во тесна соработка со партнерските организации Гласен Текстилец и ЕХО.

Форумот се реализираше во рамките на проектот „Преку женски активизам и граѓански иницијативи до родово инклузивни и одговорни општини“. Главната цел на настанот беше да се истакне важноста од вклучување на граѓаните во процесот на креирање на општинските буџети, со посебен акцент на потребите на жените, девојките и ранливите категории граѓани.

За време на форумот, пред присутните беа детално претставени три клучни граѓански иницијативи кои се веќе доставени до Општина Виница. Овие иницијативи се насочени кон суштински и позитивни промени во секојдневниот живот на жителите:

  • Кампања за подигнување на јавната свест за родово базирано и семејно насилство: Иницијатива која директно таргетира еден од најгорливите проблеми, со цел едукација, превенција и заштита на жените и девојките во општината.

  • Подобрување на пристапноста за лицата со телесен инвалидитет и мајки со деца: Барање за отстранување на архитектонските бариери за да се овозможи непречено и безбедно движење на овие групи граѓани.

  • Одбележување на паркинг места за лица со телесен инвалидитет и мајки со деца: Иницијатива за соодветно обележување на паркинг просторот пред клучните јавни објекти и институции во Виница.

Овие предлози не се само административни барања, туку реални чекори кон создавање на посигурна, попристапна и вистински инклузивна општина.

Продолжуваме активно да работиме, да застапуваме и да го зајакнуваме гласот на граѓаните. Само преку заеднички активизам можеме да изградиме одговорни институции и заедница која се грижи за сите.

Форумите се дел од проектот „Преку женски активизам и граѓански иницијативи до родово инклузивни и одговорни општини“, спроведуван од Гласен Текстилец во партнерство со ЕХО едукативно-хуманитарна организација и Иницијатива на невработени интелектуалци.
Проектот е поддржан од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.
Содржината на овој настан е единствена одговорност на Гласен Текстилец, ЕХО едукативно-хуманитарна организација и Иницијатива на невработени интелектуалци, и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Владата на Швајцарија, Цивика мобилитас, или организациите што ја спроведуваат.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Здружение за заштита на работничките права „Гласен Текстилец“

Продолжи со читање

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

  • АСИСТИВНАТА ТЕХНОЛОГИЈА ОВОЗМОЖУВА НЕЗАВИСНОСТ, ЕДНАКВИ МОЖНОСТИ И АКТИВНО УЧЕСТВО ВО ОПШТЕСТВОТО – Водич за креатори на политики, професионалци, сервисни служби, индивидуалци, родители

    Оваа публикација/водич е изработена во рамките на проектот „Асистивна технологија – алатказа социјална инклузија“, кој го реализира Здружението за асистивна технологија „Отворетеги прозорците“ со поддршка на Европската Унија преку проектот CORDIAL – Создавањерегионални можности за активности и законодавство за инклузија на лицата со попреченост. Содржината на оваа публикација/водич е единствена одговорност на Здружението за асистивнатехнологија …
    АСИСТИВНАТА ТЕХНОЛОГИЈА ОВОЗМОЖУВА НЕЗАВИСНОСТ, ЕДНАКВИ МОЖНОСТИ И АКТИВНО УЧЕСТВО ВО ОПШТЕСТВОТО – Водич за креатори на политики, професионалци, сервисни служби, индивидуалци, родители Read More »
    The post АСИСТИВНАТА ТЕХНОЛОГИЈА ОВОЗМОЖУВА НЕЗАВИСНОСТ, ЕДНАКВИ МОЖНОСТИ И АКТИВНО УЧЕСТВО ВО ОПШТЕСТВОТО – Водич за креатори на политики, професионалци, сервисни служби, индивидуалци, родители appeared first on Open The Windows.

  • Регионален форум: Зелената агенда како можност за локален економски развој

    Како националните зелени политики да се преточат во конкретни локални мерки, инвестиции и подобри услуги за граѓаните? Ова прашање ќе биде во фокусот на Регионалниот форум „Зелена агенда: од национални политики до локални економски можности“, што Центарот за климатски промени го организира на 30 октомври 2026 година, во хотелот „Холидеј

  • Регионален извештај 2026: застој на реформите и намалени средства за граѓанските организации

    Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН) успешно ја одржа онлајн промоцијата на Регионалниот извештај за 2026 година за овозможувачка околина за развој на граѓанското општество во Западниот Балкан и Турција. Настанот обедини истражувачи, експерти за политики, претставници на граѓанскиот сектор и партнери од Европската Унија.

  • Од градење патишта до дигитална безбедност: Поврзаноста со ЕУ како градење имунитет против геополитичките потреси

    Како една мала држава да остане стабилна во свет полн со војни, хибридни закани и нестабилни синџири на снабдување? Одговорот што се наметна на панел-дискусијата „Стратешка поврзаност за стабилност: ЕУ и Северна Македонија во новата геополитичка реалност“ е поврзаноста со Европската Унија. Тоа не значи само патишта и пруги, туку и енергија, дигитална безбедност, силни […]
    The post Од градење патишта до дигитална безбедност: Поврзаноста со ЕУ како градење имунитет против геополитичките потреси appeared first on IDSCS.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор