20180509 СКУП sovetnici

Гужва од советници во администрацијата: реална потреба или вдомување на партиски војници?


ДОКУМЕНТАЦИЈА


Автори: Ангела Рајчевска, Бјанка Станковиќ, Кристина Атовска

 

Државата издвојува 266 илјади евра годишно за ангажирање на посебни надворешни советници, кои имаат за задача да ги советуваат министрите и останатите носители на државни функции за што поефикасно да ги извршуваат нивните задачи.

Оваа сума, до која дојде СКУП, се троши за 34 „посебни советници“, кои се ангажирани само во 13 министерства.

Членот 27 од Законот за административни службеници, дополнително ги опишува со звање, нивоата во рамките на категориите на административните службеници, меѓу кои и: Б1 – државен советник,  В1 – советник. Додека, членот 22 од Законот за вработени во јавен сектор, предвидува до 3 посебни советници во кабинетот на министерот.

Првите се вработуваат согласно законот и мора да положат одредени испити за работна позиција. Станува збор за кариерните службеници. Другите се така примени, дали се партиски војници, дали навистина има потреба од нив, едноставно се полни администрацијата и го оптоваруваат буџетот на Македонија“,објаснува Борче Давитковски, универзитетски професор од областа на административно право на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје.

 

МинистерствоИме и презимеФункцијаНадоместокТелефонски трошоциПатни трошоциМандат
Министерство за внатрешни работиСлавјанка ПетровскаДржавен советник – шеф на кабинет на министерот41,454
Љубица ЈакимовскаДржавен советник – правни работи41,454
Кирил МитиќДржавен советник – полициски и криминалистички работи41,454
Драган СимоновскиКривична Пријава41,454
Стојанче АнгеловДржавен советник – полициски и криминалистички работи41,454
Живко ТемелкоскиДржавен советник – финансиски работи41,454
Реџепи МуаметДржавен советник – стратешко планирање и развој за УБК41,454
Даме ЛожанкоскиГенерален советник за правни работи41,454
Ветон КранлиескиГенерален советник за финансиски работи41,454
Сунчица АлексовскаГенерален советник за управување со човечки ресурси41,454
Оливер ЛукароскиГенерален советник за организациски работи41,454
Рефик ЧеримиГенерален советник за организациски работи41,454
Митко БојмацалиевВиш советник за меѓународна соработка41,454
Љубиша РистовскиДржавен советник – полициски и криминалистички работи41,454
Андријана Савеска ПавловскаСамостоен советник за меѓународна соработка во кабинетот на министерот41,454
Раде ЈанковскиДоговор на дело 25.12.2017 – 25.12.2018

 

Министерство за животна средина и просторно планирањеГилџане СаќипиПосебен советник за евро интеграции и меѓународна соработка42000Ангажирана од 25.7.2017 редовно вработена како надворешен советник на министерот според новиот закон
Министерство за образованиеНаташа ЈанковскаПосебен советник за наука и истражувачка дејност370541,180 

 

Вработени на определено време со траење до истекот на мандатот на функционерот

1.7.2017
Љубица Караманди ПопчевскиПосебен советник за иновации и иновациска дејност384991,1801.7.2017
Маринела Маричиќ ТушеваПосебен советник за проекти во образованието и науката386701,1805.8.2017
Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанствоТрајан ДимковскиПравни, земјоделски науки и новинарство35000до крајот на мандатот на министерот во чиј кабинет се распределени
Трајче АнгеловскиПравни, земјоделски науки и новинарство35000
Соња Трпчевска ЈанковскаПравни, земјоделски науки и новинарство35000
Министерство за информатичко општество и администрацијаКристина ДимовскаПосебен советник за меѓународна сoработка370711,1805.7.2017
Павлинка НајдоваПосебен советник за оперативни и административни работи368095.7.2017
Марија ТеговскаПосебен советник за односи со јавност3698925.7.2017
Министерство за надворешни работиЈане ЛазевскиПосебен советник за односи со јавност32007Договор на определено време од 8.8.2017

 

 

Министерство за транспорт и врскиАна ЃорѓиоскаСоветник за урбанизам и градежни работи39430Согласно член 22 од Законот за вработените во јавниот сектор во Министерството за транспорт и врски се превидени три работни места за посебни советници19.7.2017
Александра ПавлоскаСоветник за правни работи372608.8.2017
Викторија Јовчески СпиркоскаСоветник за економски работи390679.8.2017
Министерство за локална самоуправаЗунет ЈусуфиПомагање во работењето на кабинетските службеници и во спроведување на работи кои бараат поглема стручност, самостојност и одговорност400001.7.2017
Мервин ИсламиПомошно технички работи и задачи2400021.11.2017
Таибе ЕминиКабинетски службеникДодаток на плата во износ од 0% од основна плата1.8.2017
Министерство за труд и социјална политикаЉубица ПановаПосебен советник за прашања поврзани со политики за вработување, труд, безбедност и здравје при работа и пензиско и инвалидско осигурување322914858
Санела ШкријељПосебен советник за прашања поврзани со политики за социјална заштита и заштита на деца4772040836
Душан ТомиќПосебен советник за прашања поврзани со политики за евроинтеграциски процеси и администрација4410617896
Министерство за здравствоЈулијана КараиПосебен советник во кабинет на министер за прашања поврзани со здравството370001,500вработување на определено време додека трае мандатот на министерот во чиј кабинет се ангажирани
Садат АрифиПосебен советник во кабинет на министер за прашања поврзани со здравството520001,500
Бесник ХамитиПосебен советник во кабинет на министер за прашања поврзани со здравството540001,500
Министерство за правдаВотим ЕминиСоветник на министер – Посебен советник на министерот за уставно  уредување300001,200
Седула МамутиСоветник на министер – Посебен советник на министерот за кривично законодавство300001,200
Бесим ШаќириСоветник на министер – Посебен советник на министерот за граѓанско законодавство300001,200
Министерство за одбранаЕмир ХасановиќПосебен советник од областа на правните работи370003505.8.2017
Филип СтојковскиПосебен советник за политички и економски прашања370003505.8.2018
Лидија ЈанчовскаПосебен советник за прашања од областа на надворешната политика3700035012.7.2017
 Министерство за економијаБлерим ЗлаткуЗа индустриска политика, конкурентност, општествена одговорност и внатрешен пазар25023/Редовен работен однос
Билјана ДодевскаЗа евроинтеграција и меѓународна соработка25023/
Шовкет ХазариЗа туризам и угостителство, инвестиции и промоција25023/
Министерство за финансииКристина ПоповаПосебен советник за прашања поврзани со меѓународни финансиски односи, управување со јавниот долг, централно финансирање и склучување на договори и управување со средствата од инструментот за претпристапна помош – ИПА36882350
Виктор МитевскиПосебен советник за прашања поврзани со второстепена управна постапка, управни спорови, наплата на побарувања и имотно правни работи36882350
Бранимир ЈовановиќПосебен советник за прашања поврзани со буџетско и трезорско работење, даночна и царинска политика44607350
Министерство за култураПетрит СарачиниПосебен советник за правни работи
Гордана Стојанова РибароскиПосебен советник за култура

 

ПРЕМИЕРОТ СО 13 СОВЕТНИЦИ

Листата на советници на премиерот што СКУП ја доби во одговорот на Барањето за слободен пристап до информации од јавен карактер брои 8 лица меѓу кои Бојан Маричиќ, Дане Талески, Драган Јованов, Љупка Цветкова, Ленче Николовска, Цвета Ласкова, Тања Чачарова Илиевска и Марјан Забрчанец.

Нивните месечни надоместоци се движат од 50 до 55 илјади денари, што за еден месец изнесува околу 425 илјади денари или близу 7000 евра. Покрај паричниот надоместок, овие советници имаат одобрен лимит за користење на службен телефон во износ од 1.180 денари.

Неодамна во јавноста, владата ја објави вкупната листа на советници како и посебните советници помеѓу кои се наоѓаат: Љубе Бошковски – посебен советник за странски инвестиции, Фидан Колев – посебен советник за транспорт и врски, Рубин Земон – посебен советник за развој на мултикултурно општество, интеркултурализам и интеркултурните комуникации, Фатмир Битиќи – посебен советник за спроведување на Рамковниот договор и Ѓорѓи Тасев – посебен советник за млади и спорт.

Посебни надоместоци за посебни совети земаат луѓето што ги советуваат министрите во Македонија. Покрај месечните добиваат и надоместоци за патни и телефонски трошоци.

Истражувањето за бројот и функционалноста на советниците беше особено насочено кон министерствата и премиерскиот кабинет. Документите до кои дојде СКУП откриваат дека во Министерството за здравство, за една година, за тројца посебни советници се издвојуваат близу 28 илјади евра. Воедно, тие се и најплатени помеѓу посебните советници од останатите министерства. Нивните плати се движат од 37 до 54 илјади денари, а најмалку платени се тие во Министерството за економија со плати од 25 илјади денари

ПАРИ И ЗА ТЕЛЕФОНСКИ ТРОШОЦИ

Најмалку 300, а најмногу 1.500 денари се издвојуваат месечно од министерствата за телефонските трошоци на посебните советници. Патните трошоци, во некои министерства се уредуваат според внатрешни правилници.

Министерство за образование 1.180 денари

Министерство за информатичко општество и администрација 1.180 денари

Министерство за здравство 1.500 денари

Министерство за правда 1.200 денари

Министерство за одбрана 350 денари

Министерство за финансии 1.500 денари

Министерот за внатрешни работи го советуваат 15 советници

Во Кабинетот на Министерот за внатрешни работи има вкупно 14 советници и еден посебен советник. За месец јануари 2018 година, заедно добиле вкупен надоместок од 580.360 илјади денари.

Помеѓу советниците кои го уживаат надоместокот од околу 41 илјади денари се наоѓа и Стојанче Ангелов, советник за полициски и криминалистички работи. Тој не сакаше да зборува за природата обемот на обврските кон министерството,  од каде добива два пати поголем хонорар од просечната плата во државата.

Што се однесува до мојата функција државен советник на министерот за внатрешни работи, не можам да зборувам за тоа бидејќи мојата функција е полициска и тајна“ – вели Ангелов за СКУП.

Посебниот советник во Министерството за внатрешни работи е Раде Јанковски кој е ангажиран со договор на дело во период од една година. Информацијата за неговиот надоместок е класифицирана како тајна.

ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА ОД  33 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ

Покрај Министерството за здравство, на врвот на министерствата кои од буџетот издвојуваат над  20  илјади евра на годишно ниво за своите посебни советници се Министерство за образование и наука, Министерство за одбрана, Министерство за информатичко општество, Министерство за земјоделство и Министерство за транспорт и врски.

Помалку од 20 илјади евра издвојуваат Министерство за правда, Министерство за локална самоуправа и Министерство за економија.

Советничка Таибе Емини за СКУП вели дека како посебен советник помага во комуникацијата и соработката на Министерот со другите државни институции.

Вработена сум според законот и имам решение за кабинетски службеник“, изјави Емини.

Санела Шкриејљ, советник во Министерство за труд и социјална политика, за нејзиниот ангажман како посебен советник вели дека е регулиран преку Aгенција за привремени вработувања. Како посебен советник, вели дека ја координира работата на кабинетот на министерот, како и координацијата на секторите во спроведување на тековните реформи во социјалната заштита и заштита на деца.

Министерството за животна средина и просторно планирање  има ангажирано еден посебен советник од областа за евро интеграции и меѓународна соработка. Гилџане Саќипи за своите совети добива надоместок од 42 илјади денари што министерството на годишно ниво го чини околу 8 илјади евра.

Во Министерството за надворешни работи, единствениот посебен советник е Јане Лазевски, кој за своите совети од областа на Односи со јавноста добива надоместок од 32 илјади денари, односно 6 илјади евра годишно.

ПО ЕДЕН СОВЕТНИК НА ПЕТ ВРАБОТЕНИ

Покрај посебните советници, во секое министерство, скоро 20 проценти од вработените имаат звање советник. Од листите на вработени објавени на веб-страните на министерствата, пресметавме колку од вкупно од нив имаат звање советници. Во просек, во секое министерство на пет вработени има по еден советник.

ИНФОГРАФИКА

МинистерствоВработениСоветнициПросек советник на вработен
Министерство за финансии6231201 советник на 5 вработени
Министерство за економија152331 советник на 5 вработени
Министерство за здравство136381 советник на 4 вработени
Министерство за труд и социјална политика202591 советник на 3 вработени
Министерство за локална самоуправа56141 советник на 4 вработени
Министерство за транспорт и врски265621 советник на 4 вработени
Министерство за земјоделство621901 советник на 7 вработени
Министерство за обрзование296631 советник на 5 вработени
Министерство за правда106211 советник на 5 вработени
Министерство за култура145401 советник на 4 вработени
Министерство за надворешни работи286181 советник на 16 вработени

Листите на вработени од Министерството за животна средина, Внатрешни работи, Одбрана и Информатичко општество не ни беа достапни.

ИМА ЛИ ПОТРЕБА ОД НИВ?

Колку и дали воопшто министрите и премиерот имаат потреба од посебни, надворешни советници, покрај толку редовно вработени советници? Дали имаат и кои се резултатите кои ги испорачуваат?

Професорот Давитковски вели дека посебните советници најчесто работат за партијата, а не за институцијата која ги ангажира.

 Најчесто се сака да се вдомат некои партиски војници, како што беше кога имавме случај осумдесет советници да седат во Владата и да не работат ништо, туку само едноставно да агитираат за партијата. Тоа се забележува кога има промена на власта. На пример, поранешната партија немаше ниту еден вработен, сите беа советници. Сега тие ќе бидат во партијата. Додека, пак, сегашната власт нема да има ниту еден вработен во партијата бидејќи сега сите се вработени како советници, ќе ги покриваат нивните работни места преку некои вакви советници и разно разни органи. Што би се рекло, само да се прима плата, а да ги вршат партиските активности.“, вели тој.

Продолжи со читање

  • Учество на осмата меѓународна регата Сава Наутик во Брчко – БиХ

    Претставникот на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес, Владимир Ивановски Вуцо и од Вардарска регата “Гемиџии“ Владимир Стојанов и Томе Шескокалов во периодот од 28-30.8.2026 год. на покана на здружението ИКС центар (X centar) од Брчко Дистрихт – БиХ земаа учество на осмата меѓународна туристичка рега “Сава наутик“. На оваа…

  • Погледнете го нашето ново промотивно видео и откријте како органскиот отпад може да стане вредна суровина!

    Преку силен фокус на циркуларната економија и еколошката едукација, сакаме да ги поттикнеме граѓаните на итна акција за правилно сортирање на отпадот — клуч чекор кон здрава животна средина и ублажување на климатските промени. Главни ѕвезди во видеото се наставниците и учениците од основните училишта каде што ги одржавме нашите едукативни работилници. Тие јасно порачуваат: со менување на секојдневните навики и активен граѓански ангажман, секој од нас има моќ да донесе позитивни промени во општеството!
    Ова видео е дел од промотивнтаа дигитална кампања со едукативно-информативни содржини за придобивките и начините за искористувањето на потенцијалот на органскиот отпад.
    Оваа видео е подготвено во рамките на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“, спроведуван од Resource Environmental Center – REC North Macedonia Центарот за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија, Eco – Logic и Center for Environmental Democracy – Florozon Флорозон – Центар за еколошка демократија, со поддршка од Владата на Швајцарија и Embassy of Switzerland in North Macedonia преку програмата Цивика мобилитас #CivicaMobilitas.
     
    Содржината на оваа видео е единствена одговорност на партнерите во проектот и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Владата на Швајцарија #CHinMK, Цивика мобилитас #CivicaMobilitas, или организациите што ја спроведуваат.

  • Европски младински камп во Михелштат: Заедно растеме и создаваме лидери

    Програми Европски младински камп во Михелштат: Заедно растеме и создаваме лидери Кампот Михелштат во Германија беше домаќин на Европскиот младински камп, кој собра 135 учесници од 15 земји. По долго патување, а за некои и пристигнување во Михелштат низ серија на предизвикувачки услови, младите и нивните лидери се обединија околу заедничката тема: “Growing together – rooted in values – rising as leaders“, односно „Растеме заедно – вкоренети во вредностите – се издигнуваме како лидери“. Кампот понуди динамична програма исполнета со различни курсеви, интерактивни работилници и можности за размена на знаења и искуства. Курсевите беа задолжителниот дел и опфаќаа повеќе теми поврзани со менталното здравје, лидерството, активности на отворено поврзани со изградба на куќарки на дрва, обработка на темата “Do no harm” како методологија против било каков вид на насилство, односи со јавност, техники за раскажување приказни, театарски пристап во работата со млади и дигитално образование. Младите учесници и младинските работници активно придонесуваа со сопствените идеи, практики и перспективи, создавајќи простор во кој сите можеа да учат едни од други. Во фокусот беше заедничкото учење за иднината на младинската работа, како и развивањето лидерски способности засновани на вредности, соработка и меѓународно разбирање. Покрај едукативниот дел, програмата беше збогатена со многу креативни и забавни активности. Учесниците имаа можност да бидат дел од интернационален музички бенд, да создаваат уметност низ различни работилници за рачни изработки, цртање и сликање, работилници за дизајнирање восочни свеќи како и склопување и дизајнирање на куќарки за мали птици, да учествуваат во работилници за пеење (ten sing), да посетуваат сесии за релаксација и да учествуваат во спортски активности на терените на кампот во Михелштат. Дури и високите температури не ги спречија учесниците да учествуваат на сите овие настани, но и да уживаат во посетата на локалниот базен. За учесниците, покрај овие обврски, вклучена беше и прошетка до адреналински парк и возење на мал, планински ролеркостер, како и патување со брод по реката Мајна до блискиот град Милтенберг. Од Македонија имаше вкупно 7 претставници. Во изминатите четири години, овој камп прерасна во важно место за средба на европското ИМКА движење. Тој не претставува само меѓународен собир, туку простор каде што младите градат пријателства, споделуваат искуства и се инспирираат стекнатото знаење да го пренесат во своите земји и локални организации. Овој камп служи за сплотување на младинските работници низ камповите во Европа и е особено значаен за нашата земја од аспект на тоа што нуди споделување на искуства поврзани со камп културата која што ИМКА во Битола и во Македонија неуморно се труди да ја издигне на едно повисоко и препознатливо ниво за сите наши локални учесници, волонтери и поширока публика. * Пред да дојдам на кампот во Михелштат немав некои преголеми очекувања. Се надевав дека ќе запознаам нови луѓе, ќе стекнам пријатели и ќе разменам мислења со млади од различни земји. На крајот, сето тоа се исполни, па дури и ги надмина моите очекувања. Најинтересен и највпечатлив дел за мене беше курсот за лидерски вештини. Таму научив многу корисни работи за комуникацијата, тимската работа и начинот на кој еден лидер може позитивно да влијае на другите. Сигурно ќе ги применам овие знаења и во мојата заедница. За време на кампот стекнав поголема самодоверба во споделувањето на моите мислења и научив како подобро да ги разбирам и почитувам луѓето околу мене. Ова искуство ми помогна да пораснам како личност и да станам поотворен кон нови идеи и перспективи. Дефинитивно би го препорачал Михелштат кампот на секој млад човек кој сака да стекне нови искуства, да создаде меѓународни пријателства и да научи нешто корисно и вредно за својата иднина. Никола Гелов Кога првпат слушнав за кампот во Михелштат, сè ми дојде многу неочекувано. Бев пресреќна кога дознав дека и моите другарки добија можност да учествуваат, бидејќи знаев дека заедно ќе доживееме едно незаборавно искуство. Секој ден на кампот ми беше интересен на свој начин. Имав можност да научам многу нови работи и да запознаам луѓе од различни средини. Особено ми се допадна курсот по пеење. Таму научив дека не треба да се плашиме да пробаме нешто ново. Ако никогаш не се обидеме, нема да знаеме што можеме да постигнеме. Секој човек има свој талент и свој начин на изразување, а токму тоа нè прави посебни. Едно од највозбудливите искуства за мене беше активноста во Tree House. Искрено, пред да дојдам на кампот мислев дека тоа не е нешто што би го направила во мојот град. Но, овде решив да излезам од мојата зона на удобност и да пробам нешто ново. На крајот, многу се забавував и бев горда на себе што се осмелив да учествувам. Од курсот по пеење научив и една важна животна лекција: дека не треба да ги осудуваме другите. Секој може да направи нешто на свој начин и тоа не го прави помалку вреден. Наместо да критикуваме, треба да ги прифатиме и почитуваме разликите меѓу луѓето. Кампот ме научи да се дружам со сите, да бидам поотворена и да не донесувам брзи заклучоци за другите. Сфатив дека секој човек има своја приказна и дека сите заслужуваат почит, разбирање и поддршка. Најважната порака што ќе ја понесам со себе е дека треба да бидеме храбри и да не се плашиме од нови предизвици. Нема глупави прашања и нема неуспеси кога учиме нешто ново. Секое искуство е можност да пораснеме и да станеме подобра верзија од себе. Дефинитивно би им го препорачала Михелштат кампот на сите млади кои имаат можност да учествуваат. Пријателствата, чувството дека сте дел од едно големо семејство, новите искуства и сè што се учи таму се нешта што тешко можат да се доживеат на друго место. Тоа е искуство кое засекогаш останува во сеќавање. Јована Кирјаковска   Бидејќи и претходно имав учествувано на два меѓународни кампа надвор од Македонија, дојдов во Михелштат со високи очекувања и чувство на возбуда. Од моите претходни искуства знаев дека ме очекува нешто посебно, а кампот ги надмина сите мои очекувања. Она што најмногу ми се допадна беше разновидноста на курсевите и работилниците. Тие создадоа можност сите учесници да се запознаат подобро, да се дружат и да учат едни од други.

  • ENSURE истакнат како значајна иницијатива за идната подготвеност на првите одговорни служби

    ENSURE истакнат како значајна иницијатива за идната подготвеност на првите одговорни служби На 27 јуни 2026 година, Кирил Михајлов, командир на Доброволното противпожарно друштво Свети Николе, учествуваше на панел-дискусија во Скопје посветена на противпожарната заштита и подготвеноста за вонредни состојби. Во рамки на дискусијата беа разгледани дел од клучните предизвици со кои се соочуваат противпожарните…

  • Реални искуства од шумските пожари во функција на подобра подготвеност преку ENSURE

    Реални искуства од шумските пожари во функција на подобра подготвеност преку ENSURE Доброволното противпожарно друштво Свети Николе продолжува да придонесува кон целите на проектот ENSURE преку своето директно учество во сложени интервенции на шумски пожари во Северна Македонија. За време на големиот пожар во Општина Македонски Брод, тимот на ДПД Свети Николе беше ангажиран како…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор