НЕКСУС – Граѓански Концепт ja промовираше и стави во функција Платформата Prijavi.mk
Објавено: 18/05/2018
Четврток, 26 април, во 10 часот, Здружението на граѓани НЕКСУС – Граѓански Концепт (НЕКСУС), ja промовираше и стави во функција Платформата Prijavi.mk. Платформата има за цел да го зголеми учеството на граѓаните во утврдувањето и решавањето на секојдневните локални проблеми. Целта на Prijavi.mk е да поттикне поголема интеракција помеѓу единиците на локалната самоуправа и граѓаните, да создаде атмосфера на поголемо граѓанско учество, преку која граѓаните ќе можат директно да ги искажат нивните жалби и поплаки, а со тоа да вршат и следење на работата на локалната власт.