20180518 CGK vest

Активна транспарентност на институциите- 2018 година

Центарот за граѓански комуникации ги претставува првичните резултати од истражувањето на т.н. Активна транспаретност на институциите во земјава за 2018 година. Станува збор за степенот на неисполнување на законските обврски на институциите да ги објавуваат на сопствена иницијатива информациите од значење на граѓаните.

Опфатени се сите 97 институции од првата линија на извршната власт: 15 министерства, Владата и 81 единица на локалната самоуправа (општини и Град Скопје). Во однос на лан, општата активна транспарентност е минимално подобрена (за 0,8 процентни поени). Кај министерствата има поголемо подобрување, од 48% на 56,5%, додека кај општините постојано се намалува, од 45% во 2016 на 39% оваа година.

Во однос на рангирањето, на првите три места се Битола со 83,6%, Велес со 80,6% и министерството за образование и наука и за одбрана со по 78,6%.

На последно место се Брвеница и Старо Нагоричане со 3% и Студеничани со 0%. Целото истражување ќе биде наскоро достапно.

Продолжи со читање

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор