642a8898.jpg

Граѓанските организации имаат клучна улога во подобрување на превентивната здравствена заштита во државата

Здравствените програми е потребно да бидат засновани на докази, чии резултати ќе можат да се мерат и следат, со што значително ќе се подобри отчетноста и ефикасноста на јавните здравствени политики и ќе се создава инклузивен и праведен здравствен систем кој ќе овозможи здравствена заштита и за ранливите групи на граѓани и унапредување на здравствените права. Граѓанскиот сектор може да биде значаен партнер на јавните институции со меѓусебна интензивна соработка во креирањето и спроведувањето на политиките, преку транспарентност и отчетност. Ова беа меѓу клучните пораки од динамичната дискусија на денешната национална конференција „Здравствени политики за сите: Зајакнување и поддршка на девојките, жените и ранливите групи“ која се одржа во Скопје.

Конференцијата е во рамки на проектот „Унапредување на здравствените права на девојките, жените и ранливите групи“, поддржан од Швајцарската влада преку програмата ЦИВИКА Мобилитас, а партнерски го спроведуваат здруженијата –ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување, Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ, Здружението за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ – ЗАЕДНО ПОСИЛНИ Скопје и Здружението Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари чии претставници ќе се обратат на конференцијата. Целта на проектот е унапредување на здравствените права, преку унапредување на четири здравствени превентивни програми во Република Северна Македонија, како и унапредување на процесот на консултација со граѓанскиот сектор, а особено со засегнатите целни групи при планирањето и подготовката на превентивните програми.

Александар Кржаловски, национален тим лидер на програмата Цивика Мобилитас и Директор на МЦМС ја истакна важноста од поддршката на граѓанскиот сектор затоа што граѓанските организации со својата експертиза и теренска работа можат да придонесат во работата со различните групи на граѓани, а посебно кога станува збор за ранливите групи. Преку оваа програма се придонесува за унапредување на демократското владеење и отчетноста, транспарентноста, ефикасноста и учеството во областа на здравството, а преку програмата на Цивика Мобилитас се дава поддршка на спектар на организации кои работат во повеќе области и може да бидат кредибилен партнер на институциите при креирањето на политиките.

Румена Ѓердовска-Којчески, претседателката на ХЕРА изјави: „Здравјето на човекот е едно од основните човекови права, кое е неопходно за исполнување и на останатите човекови права. Сепак, прашањата како да се подобрат здравствените услуги и како да се направат достапни и пристапни за сите луѓе, земајќи ја предвид родовата перспектива, а особено потребата на ранливите групи, е прашање кое треба да биде ставено во фокусот на дискусиите за здравствените политики. Националниот здравствен систем мора да ја препознае клучната улога на граѓанските организации кои долги години работат на терен со тешко достапни и ранливи групи на граѓани.“

Како дел од проектот се подготвија детални анализи на четири здравствени превентивни програми во Република Северна Македонија: Програмата за активна здравствена заштита на мајките и децата, Програмата за рана детекција и скрининг на малигни заболувања, Програмата за партиципација при користење на здравствена заштита на одделни заболувања на граѓаните и здравствената заштита на родилките и доенчињата и Програмата за заштита на населението од ХИВ инфекција, од кои произлезе сублимираната анализа со наслов „Унапредување на превентивната здравствена заштита за ранливите групи наоди и препораки од мониторингот на четири здравствено превентивни програми на Министерството за здравство.“ .“ Дополнително, беа подготвени и Економски анализи со клучни наоди и препораки за унапредување на четирите програми, како и правна анализа за измени и дополни на Законот за здравствена заштита во делот на препознавање на граѓанските организации како даватели на здравствени услуги.

Борјан Павловски од Здружението за  еманципација, солидарност и еднаквост на жените (ЕСЕ) изјави дека е потребна поголема транспарентност и отчетност за спроведувањето и трошењето на буџетските средства за превентивните програми. Тој истакна дека некои од програмите не овозможуваат доволен опфат на населението, при што ранливите групи на граѓани се најмалку опфатени со мерките за заштита од владините програми. Скринингот за рак на грлото на матката како компонента од Програмата за рана детекција и скрининг на малигни заболувања, обезбедува буџетски средства за опфат на само 15% од жените со скрининг, иако успешен скрининг е доколку се постигне опфат на 75% од жените. Состојбата е уште понеповолна меѓу жените Ромки, бидејќи само 8% се опфатени со скрининг за рак на грло на матка во изминатата година.

Програмата за активна здравствена заштита на мајките и децата е единствената програма за која Министерството за здравство има објавено годишен извештај за програмската и буџетската реализација за 2023 година, а за Програмата за скрининг и рано откривање на малигни заболувања, Програмата за заштита на населението од ХИВ и за Програмата за партиципација од 2020 година нема објавено годишен извештај за програмска и буџетска реализација.

Александра Ристовска-Евтимова, помошник раководителка на Секторот за финансиски прашања од Министерството за здравство ја истакна важноста на здравствените политики достапни за сите, како и значајната улога на граѓанските организации во овој процес. Со нивната работа преку едукативни активности, кампањи и застапување за ранливите групи, граѓанските организации придонесуваат за подигање на јавната свест кај населението и создаваат партнерство со институциите со што заеднички се придонесува кон поинклузивен и поправеден здравствен систем.

На конференцијата исто така свои обраќања имаа и пратеници од Собранието на Република Северна Македонија, Рашела Мизрахи претседателка на Комисијата за здравство, како и членови од Комисијата за здравство, пратениците Венко Филипче, Илир Хасани и Беким Сали.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Асоцијација за здравствена едукација и истражување ХЕРА Скопје

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор