Screenshot

Граѓаните од Полошкиот регион дискутираа за новите геополитички случувања и нивното влијание врз Северна Македонија

Граѓаните од Полошкиот регион денес на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово дискутираа за последните геополитички случувања и нивното влијание врз Северна Македонија во рамките на проектот „Поттикнување анализа на политики и јавна дебата“ имплементиран од ЕПИ и поддржан од НЕД.

Според нив претседавањето со ОБСЕ ќе придонесе за земјава да се покаже како важен учесник во случувањата во светот, а истовремено ќе придонесе и за зголемување на безбедноста во земјава. Граѓаните имаа позитивен став и за Договорот за стратешко партнерство со САД, кој очекуваат да помогне за развој на економијата, но и за користење на нови технологии.

Учесниците на дискусијата кажаа дека граѓаните се погодени од енергетската и економската криза, па поради тоа се потребни меѓународните фактори.

По дискијата граѓаните смислија прашања кои на вториот дел од настанот беа поставени на министерот за надворешни работи Бујар Османи и ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, Абдулменаф Беџети.

Тие порачаа дека Северна Македонија треба да го искористи шансата и променетите геополитички позиции во Европа за да оствари побрзо членство во Европската Унија, а со тоа и да ја развива трговија и економијата заедно со нашите партнери од ЕУ.

Стратешкото партнерство со САД го оценија како гаранција за стабилност и просперитет и нагласија дека секој поголем успех на државата во изминативе 30 години го има печатот на САД или ЕУ.

Оваа дискусија беше прва во рамките на проектот „Поттикнување анализа на политики и јавна дебата“ кој Институтот за европска политика – ЕПИ го реализира со поддршка на Националната фондација за демократија од САД. Дискусијата во Тетово, заедно со останатите дебатни настани кои ќе се организираат во други градови, ќе биде основа за организирање на Националната дебатна анкета во 2024 година.

Продолжи со читање

  • Спортот не е имун на нееднаквост и насилство: потребни се конкретни и системски промени за надминување на пречките

    Со конференцијата „Фер игра: еднаквост и нулта толеранција за родово базирано насилство во спортот“, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) го заокружи процесот на собирање на податоци кои покажуваат како жените се застапени на позиции на одлучување во спортските организации. Истражувањата укажуваат и на искуствата и препознавањето на различните форми на родово базирано насилство врз жените во спортот, нивото на свесност на спортистките и постоењето, видливоста и користењето на механизмите за заштита. Учесниците на конференцијата отворија широка дискусија која овозможи да се согледаат пречките и бариерите и можните решенија.

  • Говорот на омраза во спортот

    Спортските трибини и натаму остануваат простор каде што се шират навредливи и дискриминаторски пораки, особено на етничка и национална основа. Таквиот говор, особено кога е јавно манифестиран, има потенцијал да предизвика длабоки поделби да ја наруши меѓуетничката кохезија, а има потенцијал да предизвика и злосторства од омраза. Во прилог, нашата колешка Наташа Петковска при гостување […]
    Read More… from Говорот на омраза во спортот
    The post Говорот на омраза во спортот appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

  • Ограничени ефекти од обидот за регулација на онлајн медиумите

    „Порталите конечно ќе се препознаат како медиуми“. „Конечно и порталите влегуваат во закон“. „Владата со измени на закон ќе ги професионализира онлајн медиумите“. Ова се дел од новинарските наслови со кои се најавија измените на Законот за медиуми, со кои требаше да се регулира медиумскиот простор во Северна Македонија кога се во прашање онлајн медиумите. […]

  • ВИ во редакциите – новинарство што се менува  

    Од печатарска машина до интернетот, преку весниците што се печатеа од денес за утре до интернет-порталите што пренесуваат настани во моментот кога се случуваат – технологијата постојано го преобликува начинот на кој се собираат, се објавуваат и се консумираат вестите. Вештачката интелигенција (ВИ) е последната новина што ја трансформира работата во редакциите, давајќи му шанса […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор