IMG ee9a497d3cbf86d04cc199be62bd05c3 V

Учениците од село Пчиња треба да учат во топло и современо училиште

Здружението „Мајка“ организираше анкетирање на граѓаните во кое учествуваа 20 жители на селото Пчиња. Анкетирањето се одвиваше на 16 февруари 2023 година, на сред село, пред мостот на реката Пчиња. Од граѓаните беа побарани информации за тоа колку се запознаени со предизборните ветувања на Градоначалникот на Куманово,  како и да се види колку се заинтересирани за вклучување во иницијативата за потсетување на локалните власти да ги исполнат своите ветувања.

Овој настан беше наменет за сите граѓани на селото, особено за оние чии деца учат во подрачното училиште. „Јас сум горда што живеам во селото Пчиња, сакам и моите деца да останат тука да живеат. И двете деца ми учат во училиштето кое е многу старо и навистина му треба реновирање. Сакам моите деца да учат во топло и современо училиште“ рече Жељка Дикљич Илиевска, жител на селото Пчиња. Здружението „Мајка“ ги мобилизираше граѓаните за заедно да ја алармираат локалната власт која во предизборната кампања вети дека реновирањето на училиштето  ќе биде една од првите активности од мандатот.

„Училиштето е многу старо, му треба реновирање, моите деца уште многу години ќе учат во него, јас како нивна мајка се вклучив во оваа акција за да го потсетиме Градоначалникот на неговите предизборни ветувања“ – истакна Јанка Величковска, жител на селото Пчиња. Инаку, училишната зграда е изградена во 1927/28 година, а подоцна е доградена. Во учебната 1055/56 година, зградата е назначена за осумгодишно подрачно училиште на ООУ „Браќа Миладиновци“.

ХЗ „Мајка“ како здружение кое промовира демократија и граѓанско учество им даде можност на граѓаните да го искажат своето мислење за реновирањето на училиштето. Во следниот период ќе бидат сумирани податоците од анкетата и заклучоците од средбата со помала група граѓани кои во вид на информативно писмо ќе бидат доставени до Градоначалникот на Општина Куманово.

Настанот беше овозможен со проектот  „Поддршка на изборните реформи во Северна Македонија“ на Владата на Швајцарија кој го спроведува Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС), а грантовите ги администрира Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС).

IMG-ee9a497d3cbf86d04cc199be62bd05c3-V

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор