Градиме доверба за толкувањето на историјата
|

Градиме доверба за толкувањето на историјата

Тренингот за контекстуална разработка и изградба на група се одржа од 24 до 27 Август 2020 година користејќи ја програмата за видео комуникација преку интернет – ЗУМ (ZOOM).

Изградена е група од  наставници и наставнички по предметот Историја од основни и средни училишта кои заедно ќе работат на воспоставување на дијалог за историјата на современото време

На обуката присуствуваа 16 учесници и учеснички. 15 од нив се наставници и наставнички по историја во основни и средни училишта од Скопје, Битола, Гостивар, Куманово, Прилеп, Кавадарци, Струмица, Велес и Кочани, а во групата беше и историчар вработен во „Музејот на Македонија“, поранешен наставник.

При планирањето на оваа обука, во преден план беше целта на овој проект, поточно меѓусебното запознавање на група наставници и наставнички по историја од различни етнички групи која ќе дискутира за нашето конфликтно минато, притоа поминувајќи време заедно, делејќи заеднички простор за работа и слободни активности.

Така, темите на кои работевме се: запознавање на групата, ненасилна комуникација и перцепција (факт или мислење), контекст и идентитет. Овие теми беа дневно разработени преку интерактивни работилници, каде учесниците и учесничките имаа можност да се ислушаат и да дадат слободно мислење за темите кои ги обработивме. Групата изгради меѓусебна доверба, при што еден од учесниците, за потребата од ваков вид на тренинг, ќе рече „За да ги преиспитувам моите ставови за овие теми, како и за да го зголемам моето знаење за истите. Исто и за да градиме партнерства и сојузништва за општествена промена“.

Обуката овозможи простор за вклученост на учесниците и учесничките, како и воспоставување на дијалог, што сметаме дека е добар вовед во процесот што ни следи со дијалошките кругови.

Тренерскиот тим беше составен од Горан Талески, Емрах Реџепи од Мировна акција (МА) и Мире Младеновски од Асоцијација на наставници по историја на Македонија (АНИМ).

Тренингот е дел од проектот „Толкување на заедничката историја на современото време“ кој го спроведуваат Здружението Мировна акција и Асоцијацијата на наставници по историја на Македонија (АНИМ), а е финансиски поддржан од програмата Цивика мобилитас и Федерално министерство за економска соработка и развој – Германија преку партнерите од Мировна акција, КУРВЕ, Вустроу од Германија.

Продолжи со читање

  • Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество на средба со организациите во Куманово

    На 1 октомври 2026 година претставници на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество се сретнаа со граѓанските организации и активистите од Североисточниот регион. Средбата беше посветена на улогата, работата и соработката со Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество, како значаен механизам за унапредување на дијалогот меѓу институциите и граѓанските организации.

  • OТВОРЕНО ПИСМО | Дали претседателката Сиљановска-Давкова легитимира организации поврзани со движења против правото на абортус?

    Мрежа за заштита од дискриминација испраќа отворено писмо до претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод нејзината неодамнешна средба со претставнички на здружението „Јас сум жена“. Со […]

  • Finance Think на Форумот за граѓански организации и тинк-тенкови 2026 во Приштина

    Од 5 до 7 октомври, во Приштина се одржа Civil Society & Think Tank Forum 2026, официјалната платформа на граѓанското општество во рамки на Берлинскиот процес, на кој учествуваше и Finance Think. Во текот на трите дена, низ повеќе тематски дискусии, претставниците на граѓанските организации и тинк-тенковите од Западен Балкан имаа можност да дадат свои […]
    The post Finance Think на Форумот за граѓански организации и тинк-тенкови 2026 во Приштина first appeared on Finance Think.
    The post Finance Think на Форумот за граѓански организации и тинк-тенкови 2026 во Приштина appeared first on Finance Think.

  • Граѓанското општество од Западен Балкан го даде својот придонес во пресрет на Самитот на Берлинскиот процес

    Овогодишниот Форум на граѓанското општество и тинк-тенк организации (CSF 2026) се одржа во Приштина од 5 до 7 октомври. Форумот, како официјална платформа на граѓанскиот сектор во рамките на Берлинскиот процес, уште еднаш ја потврди незаменливата улога на граѓанскиот сектор како мост меѓу граѓаните, експертската заедница и донесувачите на одлуки.

  • Одржана базична обука за прва помош во Свети Николе

    Одржана базична обука за прва помош во Свети Николе На 4 и 5 октомври 2026 година, во просториите на ООУ „Гоце Делчев“ во Свети Николе, се одржа базична обука за прва помош, организирана со поддршка на Operation Florian од Велика Британија. На обуката учество земаа членови од три доброволни противпожарни друштва: ДПД Свети Николе, ДПД…

  • ЗАКОНИТЕ МОРА ДА ГИ РЕШАВААТ ПРОБЛЕМИТЕ ЗА ЗАШТИТАТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА, А НЕ ДА ГИ КРЕИРААТ

    Вчера (7.10.2026 година) на Пленарна седница на Собранието на Република Северна Македонија, на прво читање беа разгледани предлог измени и дополнувања на Законот за животната средина. Веќе за 13.10.2026 година е закажана седница на Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање на […]
    The post ЗАКОНИТЕ МОРА ДА ГИ РЕШАВААТ ПРОБЛЕМИТЕ ЗА ЗАШТИТАТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА, А НЕ ДА ГИ КРЕИРААТ appeared first on Myla.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор