Хуманитарен Настан „Нахрани 10.000“
|

Хуманитарен Настан „Нахрани 10.000“

Нахрани 10.000

Во Македонија има повеќе од 450.000 граѓани кои не можат да си ги дозволат сите оброци во текот на еден ден. Од друга страна, недостасува начин на кој нивните сограѓаните би можеле редовно да донираат храна на оние на кои таа им е најпотребна. По тој повод Асоцијата „Ајде Македонија“ заедно со членките на мрежата „Сите Сити“ по петти пат го  организираат Хуманитарен настан „Нахрани 10.000“ .

Нахрани 10.000“ е национална акција за донирање на храна на одбрани локации поточно пред Маркети пред кои ќе бидат поставени штандови и ќе стојат волонтери  кои ќе собираат храна од граѓаните кои сакаат да донираат и нејзино дистрибуирање до социјално загрозените граѓани поточно правење хуманитарни пакети од собраните донации. Целта е собирање на храна која ќе заврши во рацете на 10.000 граѓани.

Препорачуваме сите хумани граѓани да донираат храна, која не е лесно расиплива како: ориз, грав, сол, шеќер, брашно, тестенини, масло за готвење, грашок, конзервирана риба, супа , бисквити, кечап, леќа, конзервирано овошје и зеленчук.

Настанот ќе се одржи на 17-ти октомври ( Сабота ), 2020 година од 10 до 18 ч.  Низ повеќе градови низ нашата држава.

Организации кои ќе бидат учесници на настанот се:

Скопје:

Св.Спас , Љубезност , ХОПС , Проект Среќа , Доверба , Организација на Жени ,Здружение на Пензионери Ѓорче Петров , Легис

 

Останати Градови:

Авена (Кочани)

Одигитрија ( Виница )

Утешител , Организација на жени (Битола )

Вера (Струмица)

Порака (Неготино)

 

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор